Македонија
Пожар на Галичица од албанска страна може да ја загрози високата шума на наша територија
Постои можност пожарот на Галичица да се спушти кон пониските делови на планината и да ја загрози високата шума од страната на Преспанското и Охридското Езеро, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
„Пожарот кој во текот на денешниот ден се појави на сртот на планината Галичица, а кој сè уште гори во граничниот појас на територијата на Албанија со голема веројатност во текот на ноќта може да навлезе и на наша територија“, соопштија попладнево од ЦУК.
Според нив, карактеристично за овој пожар е силната експлозија што се слушнала попладнево, а за која се претпоставува дека е предизвикана од активирање на огнот, експлозивна направа, мина или друг вид експлозивно средство, остаток од борбите што се воделе на ова подрачје во Балканските или Првата светска војна.
Од Главниот штаб за управување со кризи велат дека дополнително ќе одлучат на кој начин ќе се гасне овој пожар, ставајќи ја на прво место безбедноста на екипажот на хеликоптерите и безбедноста на луѓето кои ќе учествуваат во гаснењето на пожарот од земја.
Врвот Магаро и неговата околина во моментов не се безбедни за искачување, велат од ЦУК.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

