Македонија
Политичките состојби во земјава тема на средбата Иванов – Палмер
Претседателот Ѓорге Иванов денеска го прими Метју Палмер, вршител на должност заменик-помошник државен секретар во Стејт департментот на САД за Европа и Евроазија.
Како што информираат од Кабинетот на Иванов, на средбата се разговарало за актуелните политички состојби во земјава и за натамошно зацврстување, збогатување и унапредување на стратегиското партнерство меѓу Република Македонија и САД.
Во однос на постигнатиот договор меѓу владите на Македонија и Грција, Иванов истакнал дека не прифаќа договор со кој се кршат уставот, законите и се рушат државните институции, односно претставува договор кој е на штета на македонските национални интереси.
Според шефот на државата, Македонија уште во 2008 година ги исполнила условите за членство во НАТО и сиве овие години активно придонесува во НАТО мисиите, заедно со земјите членки и поради тоа, како што истакнал, го заслужува членството без дополнителни услови.
Иванов исто така изразил очекување дека ќе продолжи американската поддршка за надворешно-политичките цели и приоритети на земјава, за добрососедските односи и регионалната соработка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

