Македонија
Поради магла намалена видливост на патот Гостивар – Кичево, Велес – Штип и на преминот Ѓавато

Поради појава на магла, видливоста на патниот правец Гостивар – Кичево е намалена на 50 – 70 метри, на патниот правец Велес – Штип од 100 – 150 метри и на планинскиот премин Ѓавато до 50 метри.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Заев се сретна со постојаната претставничка на УНДП, Сахакјан: Унапредување на соработката, за развој на економијата

Претседателот на Владата Зоран Заев ја прими постојаната претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Нарине Сахакјан, кои ја оценија досегашната соработка како плодна и успешна и разменија мислење за тековните активности и остварување трансформациски промени во креирањето на јавните политики.
На состанокот беше разговарано за тековните и идни активности на УНДП, со фокус на главните предизвици на локалниот развој и Проектот „Градење на општинските капацитети за имплементација на проекти“ спроведувани од УНДП за финансирање на изработка на техничка документација во области како хидротехнички проекти, системи за дистрибуција на гас, јавни објекти, бизнис и индустриски и други инфраструктурни проект.
Се дискутираше и беше истакната поддршката и соработката на УНДП во изработката на Националната стратегија за развој на земјата, при што беше констатирано дека продолжува посветеноста и имплементацијата на документот: „Рамка за соработка на одржлив развој на Обединетите нации“ за периодот 2021-2025 година, како стратешка програмска рамка за активностите на Обединетите нации во нашата држава, во насока на постигнување на Целите за одржлив развој и Агендата 2030 на ОН.
Беше поздравена меѓусебната соработка и отвореноста на Владата за унапредување на соработката, особено во проекти за побрз и одржлив развој на економијата, како и инвестирање на капитални проекти кои го подобруваат животот на граѓаните во општините.
На средбата стана збор и за подготовка на промоција и отпочнување со работа на крајот на идниот месец, на Лабораторијата за акцелерација, која Канцеларијата на УНДП ја основа во земјата, со цел приклучување на најбрзата и најголема светска мрежа за учење за предизвиците и целите на одржливиот развој.
Со станување на членка на мрежата од 90 лаборатории, кои опфаќаат 114 земји, Северна Македонија ќе има увид во сите информации на УНДП во обезбедувањето решенија за постигнување на целите на одржливиот развој до 2030 година.
Македонија
Наутро ќе провејува снег, преку ден сончево и студено

Утре наутро ќе има услови за појава на слаб снег на североистокот. Преку денот ќе биде сончево со мала облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до 0, а максималната ќе достигне од 0 до 10 степени.
Во Скопје наутро со мала до умерена облачност, а преку денот ќе биде сончево и студено. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 6 степени.
Од петок следува период на променливо облачно и малку потопло време со нови врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Врнежите ќе бидат поинтензивни ноќта кон сабота во западните делови и в недела. Претежно во источните делови од земјата утре ќе засилува северен ветер, а в сабота ветерот ќе биде силен.
Македонија
Британскиот сој на вирусот детектиран во приватна лабараторија во Скопје

Министерството за здравство информира дека денеска при анализа на податоци од позитивни ковид-пациенти во јануари, во приватната лабораторија за генетика и перосонализирана медицина на клиниката „Жан Митрев“, кај еден примерок е детектирана мутација на британскиот сој на вирусот СарсКов 2. Станува збор за 46-годишен маж, кој веќе е оздравен, односно во базата на податоци на Инстистутот за јавно здравје пациентот од 22 јануари 2021 се води како оздравен.
Според информациите од ИЈЗ, пациентот првпат на 29 декември 2020 година, поради покачена температура и отежнато дишење, прави брз тест. Тестот е со позитивен резултат. По неколку дена, односно на 4 јануари 2021 година, се јавува на преглед во приватната болница „Жан Митрев“, каде што му е направен ПЦР-тест, кој е позитивен, а пациентот веднаш е хоспитализиран во приватната болница. На 15 јануари во болницата му е направен уште еден тест, кој повторно е позитивен.
Во епидемиолошката анкета пациетот нема пријавено контакти ниту, пак, навел дека патувал надвор од државата.
Лабараторијата во болницата „Жан Митрев“ со посебна ПЦР-метода е утврдено дека пациентот е суспектен на некоја мутација на вирусот, а потоа е направено секвенционирање на изолатот. Според информацијата што ја проследија до МЗ, сите мутации што го дефинираат британскиот сој се утврдени кај изолатот од овој пациент. Кај другите примероци што се анализирани во приватната лабараторија не е детектиран британскиот сој на СарсКов2.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот