Контакт

Македонија

Последен поздрав со Влатко Илиевски

Објавено пред

Роднини, пријатели, колеги денес дојдоа на градските гробишта во Ѓорче Петров да му оддадат последна почест на пејачот Влатко Илиевски кој завчера беше пронајден мртов.

Освен семејството и неговите музички колеги, за последен пат да се збогуваат дојдоа и голем број фанови. Со солзи во очите и венци со свежо цвеќе, скршени влегуваа во капелата за да му оддадат почит на Влатко. Елена Ристеска, Бени Шаќири, браќата Тавитјан, Дани Димитровски, Џина Папас Џокси, Стефан и Мартин од Некст тајм, Роберт Билбилов, Слаткар, Весна Петрушевска беа само дел од оние кои со неверување дојдоа за последен пат да се простат од нивниот пријател.

Влатко Илиевски, кој имаше 33 години, завчера беше пронајден мртов околу 23 часот, по анонимниот повик во полиција, во неговиот автомобил „тојота“ на улицата Трета македонска бригада. Резултатите од обдукцијата треба да ја покажат причината за смртта на младиот пејач.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Веб-портал за отворени податоци за поголема отчетност

Објавено пред

По предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, министрите на денешната владина седница ја прифатија информацијата за единствен веб-портал за отворени податоци. На него ќе бидат објавувани каталози на отворени податоци на сите министерства и тие ќе му бидат достапни секому. Со ова Владата на Република Македонија дополнително ги зголемува транспарентноста и отчетноста кон граѓаните, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Усвоен акциски план на Националната стратегија за сајбер-безбедност

Објавено пред

На денешната владина седница беше усвоена информацијата за акциски план на Националната стратегија за сајбер-безбедност 2018-2022 година. Целта на овој акциски план е да ги дефинира чекорите за успешна имплементација на првата Национална стратегија за сајбер-безбедност на Република Македонија 2018-2022.

Оттука, Владата го задолжи Министерството за информатичко општество и администрација до крајот на годинава да достави измена и дополна на одлуката за формирање на Националниот совет за информатичко-компјутерска технологија за проширување на надлежноста, а со цел да ги опфати и надлежностите на Националниот совет за сајбер-безбедност, како и да донесе решение за формирање работна група во која ќе членуваат претставниците од работната група, која ги подготвуваше стратешките документи од областа на сајбер-безбедноста.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ќе се формира фонд за расчистување на токсичниот отпад во поранешната фабрика ОХИС

Објавено пред

Владата на денешната седница ја прифати информацијата за потпишување меморандумот за соработка помеѓу Владата, Канцеларијата за услуги на проекти на Обединетите нации (UNOPS) и Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка претставувано од Амбасадата на Кралството Норвешка за Србија, Македонија и Црна Гора за заедничка реализација на проектот за чистење на дворните површини на ОХИС во Скопје.

Успешната имплементација на проектот има цел создавање фонд како систематски механизам за расчистување на индустрискиот токсичен отпад во поранешната фабрика ОХИС во согласност со европските стандарди, хармонизација во полето на заштита на животната средина и промоцијата на Град Скопје како безбеден, отпорен и одржлив град.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

(Видео) Бразил: Вооружен маж пукал во верници во катедрала – шестмина мртви

Вооружен маж пукал во верници во катедрала во близина на Сао Пауло на југот на Бразил, при што убил пет...

Бегството на Груевски2 часа

На интернет се шири фотографија од Груевски и Трајковски во Будимпешта

Фотографија на која се гледа експремиерот Никола Груевски, сега унгарски азилант, како се шета низ Будимпешта, се прошири на социјалните...

Крвав четврток3 часа

Села: Претседателите на партиите што не присуствуваа на 27 април, најверојатно, се и организатори

„Некој знаел дека ќе се случи она што се случи на 27 април и не беше присутен. Немаше друга причина...

Крвав четврток4 часа

Припадничка на собраниското обезбедување: Ѓошевски даде наредба да се отворат вратите од собата за видеонадзор

Судењето за крвавиот четврток, по паузата, продолжи со сведочење на Милунка Јовановска, вработена во МВР, која на 27 април била...

Крвав четврток5 часа

Кој е тој Душко и кои се сите тие од МВР што треба да знаат, Кацарска го праша Трајко Вељаноски

Во кривичниот суд попладнево продолжи испитувањето на поранешниот претседавач на Собранието, Трајко Вељаноски, во својство на сведок предложен од обвинетиот...

Крвав четврток7 часа

Игор Југ го праша Вељаноски за албум на „Металика” – Дали политичарите беа господарите, а ние што скапуваме по затвори сме куклите?

Обвинетиот Јане Ченто, пред да му постави прашање на експретседавачот на Собранието Трајко Вељаноски, рече дека некои калкулираат со човечки...

Македонија7 часа

(Видео) Клинички со закана до Шилегов поради поскапиот паркинг за вработените

Платите на вработените во Клиничкиот центар неодамна им беа зголемени за околу 5 отсто, а вчера градоначалникот на Град Скопје,...

Македонија8 часа

(Видео) Димовски до Тевдовски: Престанете со арогантниот однос кон Собранието

Министре Тевдовски, до кога ќе го практикувате овој арогантен однос кон Собранието? Ја напуштате дебатата без збор. Со овие зборови...

Крвав четврток9 часа

Немате поим што се случувало на 27 април, му кажа обвинителката на сведокот кој го предложи Душко Лазаров

На денешното рочиште за судењето за 27 април прв од дополнителните сведоци сведочеше Тони Алексовски, сведок кој го предложи обвинетиот...

Македонија9 часа

На судењето за „Тортура“ се емитуваат телевизиските прилози од 2011

На денешното рочиште за случајот „Тортура“, во кој првообвинет е Сашо Мијалков, во судот се презентираат снимки од дневникот на...

Македонија10 часа

(Видео) Активистката Моника Ристеска осудена на две години условна казна

Активистката Моника Ристеска денеска на првото судско рочиште беше осудена на две години условна казна за сторено кривично дело „неовластено...

Европа11 час

Туск: В четврток самит на ЕУ за брегзит, нови преговори нема

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, вчера изјави дека за в четврток, на првиот ден од самитот на ЕУ во...

Свет12 часа

Руската шпионка Марија Бутина уапсена во САД призна вина

Марија Бутина, која е обвинета од американските власти дека е руски шпион и дека се обидува да влијае на политиката...

Економија13 часа

Од денеска поевтини горива на бензинските

Од ноќеска на полноќ бензините поевтинија за 1,5 денар, а дизелот за 2,5 денари. Со новата одлука на Регулаторната комисија...

Европа23 часа

(Видео) Макрон најави зголемување на минималната плата и даночни олеснувања

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, во долгоочекуваното обраќање до јавноста вети зголемување на минималната плата и даночни олеснувања в година....

Македонија1 ден

Вработени во Министерството за локална самоуправа биле ангажирани како експерти и добиле 36.000 евра

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против четири лица, и тоа Љирим Шабани, поранешен министер...

Македонија1 ден

Кривична пријава против Тодоров и Кралев – осомничени се дека го оштетиле буџетот за 80.000 евра

Поранешните министри за образование и наука, Никола Тодовор и Панче Кралев, се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластувањето...

Македонија1 ден

Имотот на Камчев во Русија, Бугарија и на Бахамите – пречка да излезе од притвор

Фирми во Русија, Бугарија, Холандија, Косово, Србија и Хрватска и офшор компании во даночните раеви се само дел од имотот...

Македонија1 ден

Советот одлучи: Вработените на клинички ќе плаќаат двојно поскап паркинг

Советот на Град Скопје на денешната седница ја усвои Одлуката за изменување и дополнување на ценовникот на услугите што ги...

Топ1 ден

Забелешки за нацрт-законот за амнестија, работната група се консултира

За помалку од еден час заврши состанокот на Работната група за помирувањето, каде во фокус на средбата беше нацрт-верзијата на...

Досие