Македонија
По пет години се одржа Меѓувладината комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка со Русија
Денеска во Охрид Меѓувладината комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка помеѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација одржа седница на којашто се разгледаа можностите за соработка помеѓу двете држави во неколку економски области.
Претставниците од двете страни на Меѓувладината комисија разговараа за соработка во областа на трговијата, eнергетиката, туризмот, транспортот, земјоделството, образование, наука и култура, иновации и високи технологии, надворешна соработка.
За поголемиот дел од овие области Комисијата постигна согласност во интерес и на двете страни и во следниот период Комисијата ќе продолжи со работа.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, којшто е ко-претседавач на Комисијата од македонска страна, посочи дека 9. седница на Меѓувладината комисија за трговско – економска и научно- техничка соработка се одржува по 5 години пауза.
„Како држави покажавме интерес за заедничка соработка, тоа се покажа и на вчерашниот бизнис-форум на којшто присуствуваа не само делегации, туку и претставници од коморите на двете држави, коишто разговараа и имаа можност да да се запознаат за потенцијалите за инвестиции со цел да се јакне економската соработка со поддршка од двете влади. Ние од македонска страна ги запознавме што ние планиравме во делот на инвестициите во земјоделството, ги запознавме со планот за инвестиции во откупно-дистрибутивни центри , исто така за можностите за инвестиции во земјоделско земјиште и друго. Се надевам со овие соработки ќе иницираме интерес и од нивна страна, како и јакнење на економските врски помеѓу фирмите“, изјави министерот Димковски.
Заменик-министерот за трговија и индустрија на Руската Федерација и претседател на Комисијата од руската страна, Алексеј Груздев, посочи дека двете држави имаат потенцијал за соработка во повеќе области како што е транспортот, патната инфраструктура, земјоделството, додавајќи дека на бизнис-форумот беа понудени интересни проекти помеѓу бизнис-заедницата од двете држави.
Според последните податоци од Државниот завод за статистика, трговската размена со Русија бележи висок раст. Во првите осум месеци од оваа година, трговијата изнесува 121,4 милиони долари или за 27,3 отсто повеќе од истиот период во 2018 година. Во исто време, извозот на Македонија изнесуваше 30,3 милиони американски долари односно 22,7 отсто повеќе од минатата година истиот период.
Во периодот јануари-септември 2019 остварен е извоз на земјоделско прехранбени производи во вредност од 21,8 милиони долари, наспроти 15,1 милиони долари истиот период 2018 година, што претставува зголемување од 44 отсто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

