Македонија
Потврдени 166 нови случаи на коронaвирус во Македонија, нема починати пациенти
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа нема починати лица од коронавирусот, а потврдени се 166 нови случаи. Оздравени се 224 пациенти.
Од МЗ информираат дека се направени 1.756 тестирања, а најголем број од новите случаи повторно се од Скопје – 46.
Следат Куманово со 17 нови случаи, Штип – 13, Прилеп – 12 и во Тетово 11 нови случаи.
Во останатите градови, состојбата со нови случаи е следна: Дебар – 3, Струга – 4, Велес – 3, Битола – 4, Охрид – 2, Кавадарци – 2, Гевгелија – 2, Струмица – 3, Крива Паланка – 2, Радовиш – 2, Кочани – 7, Пробиштип – 1, Македонски Брод – 2, Пехчево – 6, Берово – 4, Виница – 3, Делчево – 12, Кратово – 2, Свети Николе – 3.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 224 оздравени пациенти од: Скопје – 59, Куманово – 34, Дебар – 28, Штип – 15, Прилеп – 6, Тетово – 6, Струга – 6, Велес – 4, Битола – 1, Охрид – 6, Кавадарци – 6, Гостивар – 17, Радовиш – 1, Кочани – 1, Пробиштип – 1, Демир Хисар – 7, Македонски Брод – 6, Берово – 2, Виница – 7, Делчево – 1, Свети Николе – 1, Кичево – 4, Неготино – 5.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.762, бројката на оздравени пациенти е 11.965, на починати е 606, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.191.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 79 пациенти. На кислородна поддршка се 44, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 2 позитивни деца, 4 мајки и 4 деца суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 22 пациенти. На респираторна машина се 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 107 , позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 90
• Гази Баба – 78
• Аеродром – 103
• Карпош – 80
• Центар – 78
• Кисела Вода – 85
• Ѓорче Петров – 40
• Бутел – 52
• Шуто Оризари – 29
• Студеничани – 28
• Сарај – 22
• Арачиново – 14
• Илинден – 13
• Сопиште – 7
• Чучер Сандево – 3
• Петровец – 8
• Зелениково – 2
• Странец – 8
• Нераспределен-4
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) На подрачјата на Маврово и Попова Шапка се воведува кружен тек за да се избегне блокирање на патот, СВР Тетово со апел да се почитуваат сообраќајните правила
Секторот за внатрешни работи Тетово постапува согласно годишен план за постапување во зимски услови во зимските рекреативни центри Маврово и Попова Шапка, но и во целото подрачје што го покрива.
Како и минатата година, така и оваа година на подрачјата на Маврово и Попова Шапка се воведува кружен тек на движење на возилата за да се избегне секој вид на блокирање на патот. Но, поради одредени неодговорни возачи кои не го почитуваат тоа правило дооаѓа до целосно блокирање на сообраќајот. Исто така, проблем претставува и паркирањето на возила покрај патот со што се оневозможува на надлежните институции за целосно чистење на патот и на тој начин уште повеќе се отежнува движењето во сообраќајот, односно на некои делници од патот кон Маврово нема можност за двонасочен сообраќај, велат од СВР Тетово.
Пред почетокот на сезоната, Отсекот за превенција при СВР Тетово во неколку наврати одржа состаноци со менаџери и сопственици на хотели и угостителски објекти во овие два туристички локалитети, при што беше укажано да преземаат соодветни мерки во нивниот делокруг на работа за безбедноста на посетителите, а и во однос на обезбедување на доволен број паркинг места за нивните клиенти.
„За да не се повторат ситуации од претходните години во Маврово и Попова Шапка, кога СВР Тетово дополнително ангажираше полициски службеници од другите полициски одделенија за физичко регулирање со наизменично пуштање на возилата и расчистување на сообраќајот, СВР Тетово апелира до граѓаните, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не ги паркираат нивните возила на коловоз, да ги почитуваат наредбите од полициските службеници и да не тргнуваат кон овие локации без соодветна зимска опрема“, соопштуваат од СВР Тетово.
СВР Тетово ги известува граѓаните дека ќе бидат ангажирани и пајак службите на Тетово и Гостивар секогаш кога некое возило ќе го попречува сообраќајот, односно ќе биде подигнато и законски санкционирано.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Целосна реконструкција на култната фонтана „Лотос“ во Градскиот парк
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, објави видео во кое вели дека култната фонтана „Лотос“ повторно го добива својот сјај.
„Започната е целосна реконструкција на фонтаната која се наоѓа на влезот од Градскиот парк – место што со децении претставува препознатлив белег и симбол на Скопје, но кое за жал со години беше запуштено.
Со проектот е предвидена целосна обнова на фонтаната, како и уредување на плоштадот околу неа. Се поставува нова урбана опрема и современо осветлување, со што просторот ќе добие нов, модерен и достоинствен изглед, соодветен на значењето што го има за градот и граѓаните.
Ова култно катче, еден од најпрепознатливите симболи на Скопје, повторно ќе стане место за средби, прошетки и споделени моменти. Простор каде што генерации скопјани ќе се собираат, ќе создаваат спомени и ќе уживаат во уреден и квалитетен јавен простор, онака како што Скопје заслужува.
Градот го обновуваме чекор по чекор, со јасна визија и конкретни дела. Скопје го правиме заедно. По скопски!“, изјави Ѓорѓиевски.
Македонија
Општина Центар и Амбасадата на Чешка му оддадоа почит на Роберт Гајдик
Денес се одбележуваат 84 години од прерано згаснатиот живот на Роберт Гајдик Славко, истакнат борец и партизан во Народноослободителната борба.

Со полагање свежо цвеќе, Н.Е. Амбасадорот на Република Чешка, Јарослав Лудва и военото аташе на Република Чешка, претставници од Општина Центар, Сојузот на борци и Здружението на пензионери на Општина Центар, жители од Урбаната заедница „Роберт Гајдик“ и негови почитувачи му оддадоа почит.

Исто така, во чест на празникот Василица, во Урбаната заедница „Роберт Гајдик“ се вртеше паричка, а среќниот добитник беше Владе Левковски, претседател на пензионерскиот огранок „Невена Георгиева Дуња”.

Преку овој симболичен настан, секоја година му се оддава почит на интернационалниот борец, симбол на истрајност и борба за слобода против окупаторот.

Општина Центар со години го чествува и негува споменот на Роберт Гајдик и неговото дело.


