Контакт

Македонија

Потврдени 30 нови случаи на коронавирус, вкупниот број се искачи на 384

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 30 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје – 12 случаи, Куманово – 8, Прилеп – 9 и Крива Паланка – 1 случај.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 денеска изнесува 384 лица.

Според местото на живеење, досега случаи се регистрирани во:
 Скопје – 195
 Куманово – 62
 Дебар – 47
 Штип – 15
 Прилеп – 21
 Тетово – 13
 Струга – 9
 Велес – 6
 Битола – 4
 Охрид – 3
 Кавадарци – 2
 Гостивар – 1
 Гевгелија – 2
 Струмица – 1
 Крива Паланка – 2
 Кочани – 1

Во изминатото деноноќие направени се 342 теста, од кои: преку ИЈЗ – 177, преку Ветеринарниот факултет – 20, преку „Авицена“ – 21, преку „Биотек“ – 24, „Филип Втори“ („Жан Митрев“) – 100.

Досега се направени вкупно 4.117 тестирања на Ковид-19.

Според последните информации, досега се излекувани 17 пациенти, а 11 лица починаа од вирусот. Бројот на активни случаи во земјата е 326.

Македонија

ДУИ ги повика сите албански партии и албански граѓани за избор на албански премиер

Објавено пред

Демократската Унија за Интеграција смета дека Охридскиот договор се спроведува, Албанскиот јазик сега веќе е службен јазик и Албанците сега предводат најмногу позиции од било кога, клучни позиции како судии во Врховен и Уставен суд, министри во клучни министерства, Претседател на Собрание и многу други.

„ Но сепак, поради тенденциите на исклучување и одбивност на рамноправноста, Албанците се соочуваат со потешкотии во работните места, во секојдневниот живот и се соочуваат со селективна правда.

Затоа, ова не поттикна да го преземеме следниот чекор, за да ги тргнеме и последните потешкотии на граѓаните Албанци, на начин што ќе имаме потполна рамноправност, целосен пристап и одговорност во владеењето. Ова е причината зошто се ангажираме да имаме прв Албански премиер во Северна Македонија.

Постигнавме многу во нашата историја како Албанци во Северна Македонија и секогаш обединети се боревме за заедничките цели. Како за време на војната така и за време на кризата. Сега е време пак да се обединиме за целта која е поважна од сите партии
и поважна од секоја личност. Заедно, со обединети гласови на Албанците, на секој од нас, но и на другите, ова можеме да го постигнеме.

ДУИ ги повикува сите партии на етничките Албанци и сите албански граѓани да ја поддржат оваа национална кауза за Албански Престедател на Владата. Сега е време сите заедно да ја пишуваме нашата историјата, сега е време да продолжиме до потполна рамноправност. Но, исто така, време е и сите албански партии да заземат став: дали се спремни да се постројат на правичната страна на процесите за да се продолжи напред и да ја поддржат иницијативата за Албански премиер?

ДУИ ги поканува сите албански партии да и се приклучат на оваа инициатива и заедно, да се договорат за следниот Премиер Албанец на Северна Македонија. Со Албански Премиер, Албанците за прв пат во историјата ќе раководат со извршната власт и ќе ја преземат таа одговорност. За прв пат, премиерот под еднакво ќе биде на сите граѓани. Премиер за рамноправност и едниство: за еднакви работни места, за еднаква плата, за еднакви права и за неселективна правда. За Албанците и за сите граѓани во државата.

Долго време, ова беше само сон. Но, овој пат, ние ова можеме да го оствариме во реалност. Како што ги остваривме во реалност и нашите претходни сништа. За посигурна иднина на сите нас и за потполна рамноправност“ додаваат од партијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Додека скопјани се во карантин, Шилегов од Маврово распиша уште еден оглас за партиски вработувања

Објавено пред

Владата го затвори Скопје, а Шилегов ужива во Маврово и распишува нов оглас за партиски вработувања во ЈСП. Додека скопјани се во карантин Шилегов од Маврово распиша уште еден оглас за партиски вработувања, овој пат во ЈСП, обвини советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

„ Овој оглас е трет во низата, по тие во Дрисла и Комунална Хигиена кои се во вкупна вредност од над 300 илјади евра. За најновиот оглас за партиски вработувања во ЈСП не е наведена предвидената сума, и се третира истата како службена тајна. Криењето на износот на пари кои Шилегов ќе ги потроши партиски да вработува значи дека недомаќински и расипнички се трошат парите на скопјани за партиски цели пред изборите.

Додека Шилегов за време на карантинот одмара во својот „скромен“ дом од неколку стотина метри квадратни за кои јавноста единствено што знае е тоа како не го заработил, односно по негово признание тоа не е со платата, зошто Шилегов не работел за плата, продолжи недомаќински да се однесува со парите на Скопјани кои ги троши за партиски вработувања. Шилегов е должен да објасни поради кои причини сега ги распишува огласите, зошто се крие сумата за вработувањата во ЈСП, и зошто тоа го прави пред избори?

Шилегов од град Скопје наместо метропола претвора партиски штаб за вработување на партиски војници“ велат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Мицкоски мора да се соочи со кривична одговорност за серијата сериозни дела сторени на улица „Боемска“

Објавено пред

Лицемерниот Христијан Мицкоски, од една страна на граѓаните се обидува да им продаде лажна загриженост за здравјето, а од друга страна вели дека не ги знае протоколите за однесување за време на коронакризата, соопшти СДСМ.

„Мицкоски од континуиран непочитувач на мерките за заштита од Ковид 19, кои ги прекрши со одење во затворена теретана, групно качување на Водно, сега со „тајната вечера“ на Боемска стана и сторител на кривични дела.

Правдањето дека не знаел дека не смее да седи во внатрешност на угостителски објект е навистина смешно и не го намалува кривичното дело.

Вториот момент за кривично дело е дека инспектори, службени лица се спречени во извршување на својата службена должност и 2 часа не биле пуштени да влезат во внатрешноста на угостителски објект само и единствено затоа што таму седел Христијан Мицкоски со неговото друштво, и тоа е кривично дело.

Ова не е така едноставно Христијан Мицкоски да каже направив грешка и сега ќе платам казна и тоа е тоа. Во неговото прекршување на мерките и неговата одбрана сторени се серија тешки дела кои мора да добијат разрешница.

Сега, судот врз основа доказите и кривичните пријави, ќе каже која е казната што треба да ја плати Христијан Мицкоски за неговото неодговорно однесување кон здравјето и животот на граѓаните.

Мицкоски, дека заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше и судија и полиција и сама пресудуваше и пишуваше казни“ порачаа од партијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

ДУИ ги повика сите албански партии и албански граѓани за избор на албански премиер

Демократската Унија за Интеграција смета дека Охридскиот договор се спроведува, Албанскиот јазик сега веќе е службен јазик и Албанците сега...

Топ12 минути

МВР: 386 лица не носеле маски, а 154 не почитувале полициски час

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата на 249 лица им се издадени решенија за изолација, а 132...

Свет29 минути

Бразилската влада обвинета дека го крие точниот број на заболени од ковид-19

Регионалните здравствени власти во Бразил ја обвинија владата на Жаир Болсонаро дека го крие точниот број на починати од коронавирус....

Европа13 часа

(Видео) Полицаец соборен од коњ на протестите во Лондон

Британската полиција и демонстрантите се судрија вечерва во близина на резиденцијата на британскиот премиер во Лондон, за време на протестите...

Европа13 часа

(Видео) Хаос во Хамбург – полицијата со водени топови против демонстрантите

Полицијата во германскиот град Хамбург употреби бибер спреј против демонстрантите и распореди водени топови откако протестите во знак на поддршка...

Свет16 часа

Големи протести против расизмот се шират во светот

Илјадници демонстранти излегоа на улиците во Европа и Австралија, како и стотина во Токио и Сеул, за да ги поддржат...

Македонија19 часа

Два смртни случаи и 125 нови случаи на Ковид-19 во Македонија

Во последните 24 часа се потврдени два смртни случаи и 125 новозаболени од коронавирус во Македонија, соопшти Министерството за здравство. Направени...

Македонија20 часа

Филипче: Медиумите да престанат да изнесуваат непроверени информации за бројот на заболени од Ковид-19

Министерот за здравство, Венко Филипче, упати молба до медиумите да престанат да изнесуваат шпекулативни и непроверени информации околу бројот на заболени...

Македонија22 часа

НАкС: Со одлуката на Владата повеќе нема правна дилема за спроведување на изборите на УКИМ

Со одлуката на Владата  да се стават во мирување сите активности за избор на органи на управување повеќе нема правна...

Регион22 часа

Вучиќ: Нема среќно решение за Косово

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави денеска дека кога станува збор за Косово, нема среќно решение за Србија и дека, какво...

Свет23 часа

Минеаполис им забрани на полицајците да применуваат сила со задушување при апсење

Градското собрание на Минеаполис донесе одлука за забрана за задушување на лице за време на полициско апсење. Одлуката доаѓа по...

Свет1 ден

(Видео) Џастин Трудо клекна на колена во знак на поддршка на демонстрантите

Премиерот на Канада, Џастин Трудо, клекна на колена во знак на солидарност со демонстрантите на вчерашниот протест против расизмот што...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Ова е прекрасен ден за Флојд

Претседателот на САД, Доналд Трамп, за време на конференцијата за економското закрепнување на Америка, зборуваше и за протестите по убиството...

Спорт1 ден

Брендот Џордан ќе донира 100 милиони долари за борбата против расизмот

Брендот „Џордан“ во наредните 10 години, поради убиството на Џорџ Флојд и новонастанатата ситуација во САД, ќе донира 100.000.000 долари,...

Македонија2 дена

Влада: 30 милиони денари за здруженија и фондации за справување со корона кризата

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за мерки...

Свет2 дена

СЗО: Секој треба да носи маска на јавен простор

Светската здравствена организација ги ажурираше своите насоки во борбата против Ковид-19 и сега препорачува дека секој треба да носи маска...

Македонија2 дена

Не се планираат рестрикции од понеделник и покрај бројките на новозаболени

Не се планираат никакви рестриктивни мерки од понеделник и покрај големите бројки на новозаболени од коронавирус. Министерот за здравство Венко...

Македонија2 дена

Заболени 11 здравствени работници од ГОБ „8 Септември“

Единаесет здравствени работници од ГОБ „8 Септември“ се заболени од коронавирусот. Дополнително, новозаболени има и од Гинеколошко-акушерската клиника, соопшти министерот...

Македонија2 дена

Филипче: 90 отсто од новозаболените се асимптоматски, кластерите се под контрола

Ситуацијата е под контрола, убедува министерот за здравство Венко Филипче откако денеска земјава го достигна пикот според новозаразени. Тој не...

Македонија2 дена

Регистрирани 180 случаи на коронавирус, 109 се од Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1272 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на...

Досие