Македонија
Потврдени 38 нови случаи на Ковид-19, од кои над 20 се од Скопје, починаа уште 3 лица

Денеска, потврдени се 38 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани е 2.077 лица, oздравени се 16 пациенти, а починати се 3 лица.
Двајца од починатите пациенти се од Тетово. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 74-годишен пациент, лекуван на Клиниката од 21 мај. Во ГОБ „8 Септември“ почина пациент на возраст од 57 години, хоспитализиран на 23 мај.
Во Институтот од болницата „Ремедика“ за анализа е пристигнат постмортем брис на пациент од Скопје (53) и тој е позитивен на Ковид-19.
Во последните 24 часа направени се 560 тестирања, а регистрирани се 38 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 24, Куманово – 4, Штип – 4, Тетово – 3, Битола – 1, Неготино – 2.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.077, бројката на оздравени пациенти е 1.486, на починати е 122, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 469. Последната дистрибуција по градови е:
• Скопје – 771, активни 232
• Куманово – 442, активни 36
• Дебар – 51, активни 0
• Штип – 54, активни 19
• Прилеп – 211, активни 43
• Тетово – 182, активни 71
• Струга – 77, активни 9
• Велес – 128, активни 31
• Битола – 29, активни 7
• Охрид – 23, активни 8
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар – 22, активни 4
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 3, активен 1
• Крива Паланка – 6, активни 0
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 31, активни 0
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 2, активни 0
• Неготино – 12, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево – 3, активни 0
• Делчево – 1, активни 0
• Валандово – 1, активни 0
• Виница – 3, активен 1
• Кратово – 2, активен 1
• Берово – 1, активни 0
• Свети Николе – 1, активен 1
Направените 560 теста се преку: ИЈЗ – 226, Ветеринарниот факултет – 29, „Авицена“ – 18, „Биотек“ – 73, „Филип Втори“ („Жан Митрев“) – 43, „Систина“ со PCR-метода – 60 и МАНУ – 111. Досега во земјата се направени вкупно 27.023 тестирања на Ковид -19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 168 се во рамките на скринингот во градинките и геронтолошките установи. Тестирањата се направени преку центрите за јавно здравје во Куманово и Скопје и не се регистрирани позитивни случаи на Ковид-19.
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти, и тоа во: Скопје – 1, Куманово – 1, Прилеп – 4, Велес – 9, Битола – 1.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминатите 24 часа примени се 3 пациенти, хоспитализирани се вкупно 47 пациенти. На кислородна поддршка се 20, на механичка вентилација е 1 пациент.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 9 нови, а вкупно хоспитализирани се 29 пациенти. На респиратор се 6, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.
Во болницата во Битола хоспитализирани се 5 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип хоспитализирани се 9, а на домашно лекување се следат 7 пациенти. На инфективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп и во Охрид хоспитализирани се 38 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19.
—
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Тошковски од Мала Преспа: Македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на Македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот „Македонско културно лето“–симбол на истрајноста и духот на македонската заедница во Албанија.
„Фестивалот претставува жив сведок на богатството на македонската култура, уметност и традиција и испраќа јасна порака дека македонскиот идентитет не познава граници. Наша обврска е да го зачуваме и промовираме, секаде каде што чука македонско срце”, потенцираше министерот Тошковски.
Во рамки на посетата на Пустец министрите остварија средба со градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колевски со кого разговараа за конкретни начини на поддршка од страна на македонската држава.
„Како Министерство за внатрешни работи, подготвени сме да го олесниме процесот за издавање на лични документи на оние жители кои имаат македонско државјанство и да преземеме мерки за олеснување на граничниот проток на преминот Стење, особено во сезоната на берба на јаболка, кога многу жители од овој крај доаѓаат на работа во Ресенскиот регион“, истакна министерот Тошковски.
Присутните вечерва имаа чест да го проследат настапот на велешкиот театар – силна потврда дека македонската култура обединува, каде и да се наоѓа.
„Мала Преспа е прекрасна, но уште повредно е чувството дека македонскиот дух тука живее силно и гордо“, заврши министерот Тошковски.
Македонија
Улиците во Карпош вечерва во тотален мрак

Општина Карпош во моментов е без улично осветлување поради пад на системот.
Од Општината информираа дека во моментот се работи на отстранување на проблемот и повторно подигнување на системот.
Се очекува осветлувањето да биде нормализирано во најбрзо време.
Македонија
Костадинов го замрзнува членството во СДСМ, најави ново политичко делување

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, соопшти дека го замрзнува членството во СДСМ, незадоволен од сегашното раководство и од насоката во која се движи партијата. Како што наведе во објава на социјалните мрежи, одлуката е донесена од чесност и срце, со уверување дека СДСМ треба да се врати таму каде што и е местото.
Костадинов порача дека во моменталната политичка состојба не гледа реална понуда и визија за градот, додавајќи дека не сака да се кандидира по инерција или без конкуренција. Тој нагласи дека во изминатите 11 години не изгубил ниту едни избори и дека секоја негова победа била победа за Струмица.
Во своето обраќање, Костадинов ги потенцираше реализираните проекти во Струмица, како електричниот јавен превоз, велосипедските патеки, нови паркови.
Иако го замрзнува членството, тој изјави дека останува социјалдемократ по вредности, но и дека не може да молчи кога гледа немање став и храброст кај раководството на СДСМ.
Најави и создавање ново интерпартиско делување кое ќе биде презентирано по локалните избори, а за кое вели дека ќе има целосно прецизна стратегија со цел обединување авторитети.
Конечната одлука за неговото идно делување, Костадинов, ќе ја соопшти по завршување на локалните избори.
СДСМ денес соопшти дека за нов градоначалник на Струмица ќе го кандидира претседателот на општинската организација, Марјан Даскаловски.