Македонија
Потврдени 726 нови случаи на коронавирус во Македонија, седум лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 726 нови случаи на коронавирус, 368 оздравени и седум починати лица, соопшти Министерството за здравство.
Во последните 24 часа се направени 3.144 тестирања, а регистрирани се 726 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 367, Прилеп – 53, Куманово – 34, Неготино – 29, Кавадарци – 26, Битола – 25, Охрид – 23, Крива Паланка – 21, Велес – 18, Тетово – 17, Гевгелија – 14, Гостивар – 12, Кочани -10, Штип и Струга – по 9, Пробиштип – 8, Демир Капија – 7, Струмица, Берово, Крушево, Кратово и Демир Хисар – по 5, Кичево – 4, Свети Николе и Ресен – по 3, Делчево, Виница, Валандово и Богданци – по 2, Македонски Брод – 1.
Регистрирани се 368 оздравени пациенти од: Скопје – 154, Прилеп – 61, Охрид – 25, Битола – 17, Велес и Струга – по 14, Куманово – 12, Тетово и Гевгелија – по 9, Штип – 7, Гостивар и Струмица – по 6, Делчево – 5, Дебар – 4, Кочани, Кичево, Ресен и Радовиш – по 3, Крива Паланка, Пробиштип, Кратово и Валандово – по 2, Неготино, Крушево, Свети Николе, Богданци и Дојран – по 1.
Пријавени се седум починати лица. Починати се по двајца пациенти од Скопје (77г,74г) и Кичево (71г, 51г) и по еден пациент од Битола (72г), Неготино (67г) и Кавадарци (64г)
Шест пациенти се починати во болнички услови, еден пациент во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 526.870 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 103.746, бројката на оздравени пациенти е 91.875, на починати е 3.151, а бројот на активни случаи изнесува 8.720.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Муцунски на средба со помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Андрју Стоу

Во рамки на работната посета на Вашингтон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба во Стејт департментот со помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Андрју Стоу.
„На средбата се разговараше за постигнувањата во изминатите 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, стратешкото партнерство, политичката и секторската соработка, како и потенцијалот за нивно понатамошно продлабочување“, соопшти Министерството.
Соговорниците заеднички ги потврдиле одличните билатерални и пријателски односи, засновани на вредностите на безбедност, демократија и слобода. Министерот Муцунски упатил благодарност за континуираната поддршка од САД во трансформацијата на општеството, зајакнувањето на капацитетите и спроведувањето на неопходните реформи.
На средбата станало збор и за силното сојузништво во НАТО, активната соработка во мултилатералните организации и заедничкиот придонес кон регионалната и глобалната стабилност и безбедност.
Македонија
Викендов сончево и топло време

Утре наутро ќе биде ведро и посвежо, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен.
Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 31 степен.
За време на викендот и во првите денови од следната седмица ќе се задржи сончево и топло време со постепен пораст на температурата на воздухот. Потоа ќе настапи зголемување на облачноста.
Македонија
Викендов посебен сообраќаен режим кон манастирот во Калишта

За време на одржувањето на големиот православен празник „Рождество на Пресвета Богородица“ – „Мала Богородица“кој на 20 и 21.09.2025 година се празнува во манастирот во струшкото село Калишта, ОВР Струга, ќе спроведе посебен сообраќаен режим.
Утре (20.09.2025) од 18 часот се до завршување на предвидените верски церемонии, сообраќајот за влез кон манастирот ќе се одвива преку магистралниот пат А-2 Струга-Ќафасан со исклучување кај селото Франгово по локалниот пат до хотел „Изгрев“ односно до манастирот а за излез од манастирот према Струга, сообраќајот ќе се одвива по регионалниот пат Р-1208, Радожда-Струга преку селото Калишта.
Истиот режим на сообраќај ќе биде и на ден 21.09.2025 (недела) со почеток од 08 часот наутро, се до завршување на церемонијата во попладневните часови.
„Со цел, непречено одвивање на сообраќајот во овие околности, апелираме до верниците да го почитуваат сообраќајниот режим и насоките на полициските службеници“, велат од охридската полиција.