Македонија
Потпишување декларација за безбедност на децата во сообраќајот
По повод 60 години од постоењето на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патишта (РСБСП), на 12 мај во Скопје се одржа стручен собир со мотото „Безбедни деца – безбедна иднина“.
Во рамките на оваа манифестација потпишана е декларација за поголема безбедност на децата во сообраќајот.
Потписници на декларацијата, со која секое министерство се обврзува да се грижи за зголемување на безбедноста на децата, се официјалните лица: министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, и министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.
Со свои презентации се појавија и гости од регионот: Милија Радовиќ, АБСРС – Република Српска, Дијана Русинова, ЕЗТП – Република Бугарија, Синан Алиспахиќ , ХАК – Република Хрватска, како и Снежана Ристеска од АСУЦ, Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

