Македонија
Потребата од прочистувачи во Македонија и кои се придобивките од нивното користење

Затворениот простор во кој престојуваат луѓето неретко е исполнет со застоен воздух и прашина. Без разлика дали се работи за просториите во домот или на работното место, проблемот настанува при собирањето на нечистотиите во воздухот. По многу кратко време, бактериите и вирусите почнуваат да се множат и шират во таквото опкружување.
Иако често се дискутира за ова, луѓето ретко преземаат нешто за да го заштитат својот дом и работно место со цел да се подобри квалитетот на воздухот. Со напредокот на технологијата, постои решение за овој проблем. Веќе по пристапни цени во продажните салони на Нептун ширум Македонија може да ги набавите овие апарати и да добиете до 97% почист воздух во вашиот простор на живеење и/или деловен простор.
Кога се говори за загадениот воздух, обично не мислиме на воздухот во затворен простор, односно на воздухот во нашите домови. Но, со оглед на тоа дека поголем дел од луѓето околу 90 проценти од времето го поминуваат во затворено, каде што воздухот е дури два до пет пати позагаден од воздухот што го вдишуваме на отворено, грижата за квалитетот на воздухот би требало да биде високо на листата приоритети! Можеби не можете да влијаете на квалитетот на воздухот на работа или во некои други јавни објекти, но секако можете да направите поздраво опкружување во домот.
Ако сакате да се потпрете на модерните куќни уреди и да обезбедните почист воздух во домот, можете да посегнете по прочистувачите на воздух, посебно ако имате проблеми со алергии.
Прочистувачите на воздухот го отстрануваат загадениот воздух во вашиот дом!
Прочистувачот на воздухот е уред кој го отстранува загадувањето на воздухот во просторијата. Прочистувачите на воздух филтрираат полен, нечистотии, издувни гасови, алергени од домашните миленици, чад од цигарите, пареа и мириси од готвењето, пареа од бои и лакови и слично.
Секој прочистувач на воздух доаѓа со одреден рејтинг за стапката на чист воздух на метар квадратен (CADR). Затоа пред да купите прочистувач, треба да проверите колку метри квадратни може да прочисти и да биде соодветен за вашата просторија (дом или работен простор).
Исто така, уредот кој на многумина во зимскиот период им го олеснува животот, бидејќи спречува затнување на носот и појава на сува кожа, е навлажнувачот на воздухот.
Одвлажнувачи наспроти навлажнувачи на воздухот
Навлажнувачот се користи ако нивото на влажност е под 30%, додека одвлажнувачот се користи доколку нивото на влажност е поголемо од 50%. Препорачаното ниво на влажност во просторијата е помеѓу 30% и 50%. Апаратите кои ги има во Нептун, имаат мерачи на влажност на воздухот за да знаете кога е препорачливо да ги вклучите.
Во продажба се и комбинирани уреди – чистачи на воздухот со интегриран навлажнувач, кои обезбедуваат и доволна влажност на воздухот во домот, што е посебно важно во зимските месеци кога ги грееме просториите во кои престојуваме и кога воздухот во нив е сув. Денешните уреди се многу тивки и без проблеми можат да се користат и ноќно време во спалните соби, а во принцип не се големи потрошувачи на енергија.
Доколку имате влага и мувла во собата, набавете ОДВЛАЖНУВАЧ
Доколку вашата соба е постојано со влага, мувла, набавете одвлажнувач на воздухот за да го намалите нивото на влажност и со тоа да спречите ширењето на мувлата. Високото ниво на влажност е совршена средина за мувла.
Дознајте повеќе за уредите за квалитет на воздух и погледнете ги одличните понуди во сите Нептун продажни салони ширум Македонија и на овој ЛИНК.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Костадинов го замрзнува членството во СДСМ, најави ново политичко делување

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, соопшти дека го замрзнува членството во СДСМ, незадоволен од сегашното раководство и од насоката во која се движи партијата. Како што наведе во објава на социјалните мрежи, одлуката е донесена „од чесност и срце“, со уверување дека СДСМ треба да се врати „таму каде што и е местото“.
Костадинов порача дека во моменталната политичка состојба не гледа реална понуда и визија за градот, додавајќи дека не сака да се кандидира „по инерција“ или без конкуренција. Тој нагласи дека во изминатите 11 години не изгубил ниту едни избори и дека секоја негова победа била победа за Струмица.
Во своето обраќање, Костадинов ги потенцираше реализираните проекти во Струмица, како електричниот јавен превоз, велосипедските патеки, нови паркови.
Иако го замрзнува членството, тој изјави дека останува социјалдемократ по вредности, но и дека „не може да молчи“ кога гледа немање став и храброст кај раководството на СДСМ.
Најави и создавање ново интерпартиско делување кое ќе биде презентирано по локалните избори, а за кое вели дека ќе има „целосно прецизна стратегија“ со цел обединување авторитети.
Костадинов најави дека конечната одлука за неговото идно делување ќе ја соопшти по завршување на локалните избори.
СДСМ денес соопшти дека за нов градоначалник на Струмица ќе го кандидира претседателот на општинската организација, Марјан Даскаловски.
Македонија
СДСМ објави 11 нови кандидати за градоначалници

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која се однесува на давање согласност за кандидатури на градоначалници за претстојните локални избори.
Одлуката се однесува на кандидати за градоначалници за 1о општини, додека пред две недели беа објавени 19 кандидидати за градоначалници.
Во општина Пехчево кандидат за градоначалник ќе биде Златко Николовски, член на Централниот одбор. Во општина Босилово, Мариче Кармазичева. Понатаму за Куманово организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Костовски. Во Карбинци Љупка Соколовска, во Василево, Ванчо Новоселски. Во Сопиште претседателот на општинската организација, Звонко Васев. Кандидат за градоначалник во Јегуновце ќе биде Дарко Блажевски, градоначалник во претходниот мандатот од 2017 до 2021 година. Во Охрид кандидат за градоначалник ќе биде претседателот на општинската организација,Асен Шајн. Во Демир Хисар, Златко Кузмановски, претседателот на општинската организација. Во Струмица, кандидат за градоначалник ќе биде претседателот на општинската организација, Марјан Даскаловски и во Дебарца исто така претседателот на општинската организација, Љупчо Паункоски.
Филипче изјави дека процесот на селекција, исто како и претходниот, ги следел истите критериуми, анализа на резултатите од анкетите, разговори со членови на општинските организации.
Македонија
Македонија на листата на држави со највкусна храна во светот

Популарниот гастрономски водич Taste Atlas објави листа од 100 држави со најдобра храна во светот, а Македонија е во првите 50.
Државата се наоѓа на 47 место на листата со просечна оценка од 4,16.
Целта на водичот е да препорача кои држави и градови треба да ги посетат љубителите на храна од врвен квалитет.
View this post on Instagram
На самиот врв се Грција, Италија, Мексико, Шпанија, Португалија и Турција.
Од земјите од регионот на 15 место е Србија, 17 е Хрватска, а на 33 место е Бугарија.