Македонија
Почина Љубисав Иванов – Ѕинго

Во 84. година од животот почина Љубисав Иванов – Ѕинго, политичар, претседател на Социјалистичката партија на Македонија и пратеник со долгогодишен стаж во Собранието. Завршил Рударско-геолошки факултет и беше генерален директор на Рударско-геолошкиот комбинат „Силекс“ – Кратово. Тој беше поранешен претседател на Фудбалскиот сојуз на Македонија (1993-1999), долгогодишен истакнат фудбалски работник, прв човек на ФК „Силекс“ и почесен претседател на Фудбалската федерација на Македонија.
„Македонскиот фудбал денес го загуби еден од своите најдобри и најважни фудбалски работници во својата историја. Ми беше чест што го познавав и соработувавме со Љубисав Иванов – Ѕинго, а навистина е безпредметно воопшто да набројуваме со што сè го задолжи нашиот фудбал и Фудбалската федерација на Македонија.
Наша должност е да продолжиме по патот кој тој го трасираше. Да се грижиме за федерацијата и луѓето, да се грижиме за македонскиот фудбал. Во име на Фудбалската федерација на Македонија и целото фудбалско семејство, изразувам најдлабоко сочувство до семејството на Љубисав Иванов – Ѕинго. Нашите мисли се со вас“, пишува во телеграмата со сочуство на претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Муамед Сејдини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево и малку посвежо, од сабота следува период на многу топло време

Сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Од сабота следува период на сончево и многу топло време со пораст на дневните температури. Особено топло ќе биде во првата половина од следната седмица.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.