Македонија
Почнува програмата за прекугранична соработка со Србија
Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, и амбасадорката на Србија во Република Македонија, Душанка Дивјак-Томиќ, денеска, на состанок со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, разговараа за последните подготовки за отворање канцеларија во Куманово за имплементација на ИПА-програмта за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Србија.
Програмата за прекугранична соработка со Србија е нова, која ќе биде финансирана со средства од ИПА-инструментот на Европската Унија и кофинансирана со средства од буџетот на државата.
„Во завршна фаза е процесот на воспоставување на заедничките технички тела, а се подготвува и првиот повик за проекти на кој ќе може да аплицираат општини, граѓански организации и други непрофитни субјекти од двете земји. Заради успешно спроведување на програмата, во тек се обуки за подготовка на проектна апликација за потенцијалните апликанти, а исти такви обуки ќе бидат организирани и за заинтересираните субјекти во Србија“, велат од Министерството за локална самоуправа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за камиони на неколку патни правци поради врнежи од снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, извести АМСМ
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

