Македонија
Пошарен свет за децата: Учебната година исполнета со радост и подароци

За да имаат среќно и исполнето детство, децата треба да ја развиваат својата креативност на забавен и инспиративен начин. За таа цел, потребно е да се спроведуваат активности кои ја одразуваат посветеноста за подобрување на детскиот живот и здравје, нудејќи можности за игра и развој. Ваквите иницијативи го поттикнуваат позитивниот раст на најмладите и создаваат простор во кој детето се чувствува посебно, ги препознава своите таленти и се охрабрува да ги изрази.
Во духот на овие заложби, децата низ земјава оваа учебна година беа изненадени со шарени сетови за боење – подароци од фармацевтската компанија „Салвео“, кои внесеа радост и боја во нивното секојдневие. Овие подароци предизвикаа бројни насмевки кај учениците, а креативните активности им овозможија на најмалите да ја изразат својата имагинација и да уживаат во шарените и радосни моменти. Оваа иницијатива е насочена кон поддршка на нивниот развој и придонесува за пошарен свет, во кој секое дете се чувствува посебно и вредно.
Преку ваквите активности, компанијата производител на безбедниот суплемент Esprico® ја поттикнува важноста на среќното и исполнето детство. Покрај тоа, родителите имаа можност да се запознаат со придобивките од употребата на овој безбеден детски суплемент, кој може да одигра клучна улога во подобрување на концентрацијата и поддршка на секојдневните активности на децата. Суплементот е развиен со цел да понуди дополнителна поддршка за децата во периоди на учење и развој, кога е најпотребно.
Понекогаш, одредени предизвици во концентрацијата и однесувањето може да бидат сигнал дека на детето му се потребни одредени суплементи, кои ќе му помогнат за подобрување на неговото внимание. Уникатната формула на Esprico® благодарение на неговата содржина, драстично ја подобрува концентрацијата кај децата и ја намалува нивната хиперактивност, што придонесува за поголем успех во нивниот социјален живот, им помага во учењето и го подобрува нивното емоционално здравје.
Станува збор за уникатна формула составена од Омега 3 масните киселини, како и клучните минерали како цинк и магнезиум – кои се научно докажани состојки и кои значително го подобруваат вниманието и концентрацијата кај децата, при тоа овозможувајки полесно фокусирање со кое исполнувањето на секојдневните задачи станува многу полесно.
Трите компоненти што се дел од уникатната формула на Esprico®, во комбинација создаваат баланс во мозокот и нервниот систем, помагајќи му на детето да се фокусира и да ги намали симптомите на хиперактивност.
Esprico® е специјално формулиран за третман кај деца со недостиг на внимание, концентрација, хиперактивност и импулсивност кој благодарение на своите состојки, им овозможува на децата полесно фокусирање и учење.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) со загриженост ја следи јавната комуникација на Министерството за здравство, во која се упатуваат апели до медиумите кои се ограничувачки по својата содржина и претставуваат обид за воспоставување на лоша институционална пракса во односите со медиумите.
„Како ЗНМ, го осудуваме обидот на Министерството да наметнува практични правила за тоа како медиумите треба да известуваат, особено кога тоа се однесува на чувствителни настани од јавен интерес. Таквите инструкции, иако формално претставени како апели, во суштина се форма на институционален притисок и можна цензура, што е спротивно на основните демократски принципи и правото на слобода на изразување“, велат од ЗНМ.
Потсетуваат дека членот 16 од Уставот гарантира слобода на јавното информирање и забрана на цензурата, а прашањата поврзани со новинарската етика и професионализмот припаѓаат исклучиво на саморегулаторната сфера. За тие прашања постојат Советот за етика во медиумите и Судот на честа при ЗНМ, кои се единствено надлежни да оценуваат евентуални повреди на етичките норми.
„Ги повикуваме новинарите и медиумските работници да продолжат да известуваат со професионализам, етика и чувствителност, особено кога се работи за трагични настани и ранливи групи. Но истовремено, укажуваме дека секој обид за институционално ограничување на пристапот до информации и начинот на известување е неприфатлив и штетен по јавниот интерес“, велат од Здружнието.
ЗНМ останува отворено за дијалог со институциите со цел унапредување на транспарентноста и заемната соработка, но цврсто стои во одбрана на уредувачката независност, медиумската слобода и правото на јавноста да биде информирана – како темелни вредности на секое демократско општество.
Македонија
Евакуација во Психијатриската болница Бардовци, пожарот го зафати дворот

Попладнево избувна пожар во населбата Геге кој се прошири кон населбата Бардовци и зафати дел од површината на дворот на Психијатриската болница Бардовци, обраснат со висока сува трева и дрвја.
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираа дека пожарот претставувал опасност да се прошири во целиот комплекс на болницата. Пациентите и персоналот веднаш биле евакуирани, безбедно изнесени надвор од кругот на болницата.
ЦУК под водство на директорот Мухамед Али, побарал дополнителни сили од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) и координирал со Хеликоптерската единица на Министерството за внатрешни работи (МВР). Првично се разгледувала можноста за пренасочување на воздушната поддршка, која дејствувала во општина Чучер Сандево – Блаце, за да помогне во гаснењето на пожарот во Бардовци.
Во моментот, пожарот е ставен под контрола и нема потреба од дополнителна воздушна поддршка. Хеликоптерот на МВР останува ангажиран кај Блаце, општина Чучер Сандево.
На лице место, заедно со директорот на ЦУК, Мухамед Али, беше и директорот на болницата, Иса Абдулаи, кои ја координираа целата акција.
Македонија
Хеликоптер го гасне пожарот кај Блаце

Хеликоптер на Министерството за внатрешни работи е веќе вклучен во акцијата за гаснење на пожарот кој избувна над магистралниот пат Скопје – Граничен премин Блаце.
Пожарот избил на потегот пред тунелот, од десната страна на коловозот. Зафатил тежок и непристапен терен, па по дојава на бројот за итни случаи 112, Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш побарал воздухопловна поддршка. Хеликоптерската единица бргу се активирала, а акцијата на терен се координира заедно со припадници на противпожарните служби и други надлежни институции.