Македонија
Пратениците од опозицијата да не го блокираат законот за недела неработен ден, порача Министерството за труд и социјална политика
Министерството за труд и социјална политика апелира до пратениците од опозицијата да не ја кочат собраниската процедура за предлог-законот за изменување и дополнување на работните односи, со кој се дефинира дека недела е ден на неделен одмор.
Од Министерството потенцираат дека во текот на целиот ден на Комисијата за труд и социјална политика, поради процедурални забелешки, не ѝ беше овозможено де отвори расправа за предлог-законот, кој работниците го очекуваат и кој треба да почне да се применува од 1 октомври оваа година.
Овој предлог-закон овозможува над 92 проценти од вработените да одмораат во недела и со тоа да создадат рамнотежа меѓу приватниот и професионалниот живот. Дополнително, законското решение кое е на второ читање во матичната собраниска Комисија за труд и социјална политика, за малиот процент работници кои ќе работат во недела гарантира дополнителни најмалку 50 проценти повисока дневници и слободен ден.
Од овие причини, според Министерството, од исклучително значење е пратениците и од владејачкото мнозинство и од опозицијата, да бидат конструктивни и да дејствуваат во интерес на граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

