Македонија
Пратеничката група на ДУИ го поздравува четвртиот економски пакет за помош на граѓаните
Парламентарната група на Демократската унија за интеграција го поздравува четвртиот пакет-мерки во вредност од 470 милиони евра со цел поддршка на малите и средните бизниси и заштита на работните места на граѓаните одобрен од Владата.
„По изборите, наша главна цел како ДУИ беше да ги почитуваме потребите на граѓаните и земјата и да формираме функционална влада што е можно побргу. Поради кризата предизвикана од коронавирусот, на нашите граѓани и нашата економија им треба искусна и посветена влада не само за управување со здравствените аспекти предизвикани од Ковид-19, туку и со економските последици што ја погодија нашата земја исто како и секоја друга економија во регионот и во светот.
Со цел да се обезбеди и за економијата, но и за граѓаните брзо и ефикасно управување со кризата, ние како избрани претставници во парламентот имаме доверба во коалицијата меѓу ДУИ и СДСМ. Ние сме задоволни што оваа Влада ја сфати итноста на задачата и состави четврта многу ефикасна група на мерки со вкупна вредност од 470 милиони евра за поддршка на особено малите и средните бизниси и за заштита на работните места на граѓаните. Заштитата на работните места на граѓаните е најважната задача во овој предизвик и затоа ние како ДУИ силно го поддржуваме планот за поддршка на компаниите со субвенции за намалените приходи на нивните вработени, како и поддршката на туристичките водичи, обезбедувајќи им минимален приход за следните три месеци“, се вели во соопштението.
Според ДУИ, државните гаранции потрошени на банкарски заеми и дополнителните одложувања во отплатата на кредитите до крајот на годината им овозможуваат на илјадници сопственици на мали бизниси да земат здив, а со тоа и малите и средните бизниси многу полесно да ја надминат кризата. Во комбинација со 100 милиони евра нови заеми што може да се обезбедат преку Европската инвестициска банка, тоа дури може да овозможи и идни инвестиции.
„Со овој четврти пакет Владата претстави многу ефикасен план и докажа дека е посветена и способна да ја води нашата земја за време на кризата и да обезбеди економска безбедност и социо-економски напредок, дури и во најтешката економска криза, со која се бори целиот свет. Овие мерки се балансирани и приспособени за да им помогнат на оние што имаат најголема потреба – малите и средните бизниси, како и обичните граѓани“, додаваат од ДУИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Чаир и Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1550 место викано Гериз во индустриска зона Визбегово, општина Бутел;
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Стојна Стевкова, како и дел од корисниците од ул. 393 во населба Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Блаже Биринчето, општина Карпош.
Македонија
Сончево со умерена локална облачност: температурата до 14 степени
Сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Скопје, во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и тивко со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во петок ќе се задржи стабилно и потопло време со услови за појава на утринска магла по котлините. Во деновите од викендот ќе има зголемена облачност и повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневната температура повторно ќе биде во опаѓање.
Македонија
Грипот ја однесе првата жртва: почина 75-годишна жена
Вирусот на грипот ја однесе првата жртва оваа зима. Седумдесет и петгодишна жена починала пред три дена на Клиниката за инфективни болести. Пациентката имала повеќе коморбидитети и не била вакцинирана против грип.
Во моментов на Клиниката се хоспитализирани 25 пациенти со компликации од грип, oд кои повеќето се возрасни лица со хронични заболувања и невакцинирани од грип.
Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска, пред неколку дена кажа дека пикот се очекува да биде во втората половина од овој месец и првата половина од февруари.
„Со враќањето на децата во училиште очекуваме дека и бројот на лица коишто ќе бидат заболени од грип или заболувања слични на грип може да биде зголемен“, рече Андоновска.
Институтот за јавно здравје препорачува оние коишто не се заболени да избегнуваат колку што е можно некакви собири или да престојуваат во простории или трговски центри каде што има голем број на луѓе, да избегнуваат контакт со веќе заболени лица или оние што ќе пројават некакви симптоми на кивање и кашлање. Често да се мијат раце со обичен сапун и вода, да се проветруваат просториите, да се почитуваат здрави животни навики – редовна хидратација со течности односно вода, лесна храна, витамини, минерали.

