Контакт

Македонија

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Повторно насилничко и шверцерско однесување на СДСМ во парламентот

Објавено пред

„СДСМ продолжува со непочитување и омаловажување на Собранието на Република Македонија и игнорирање на опозицијата во целост. Ова што СДСМ го направи денес претставува самоволие и тотално непочитување на демократските процедури во Собранието на Република Македонија. Очигледно, за СДСМ не важат ниту правила и процедури, ниту закони и деловник“, соопшти пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Според нив, на денешната Комисија за прашања на изборите и именувањата каде на дневен ред беше точката за утврдување на предлог-листата за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, ‘пратениците од мнозинството на чело со СДСМ спротивно на парламентарната демократија, без никаква консултација со ВМРО-ДПМНЕ, не дозволија да се отвори суштинска и поединечна дискусија за предлог членовите на оваа Комисија’.

„Како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ јасно и гласно укажавме и реагиравме дека при овој избор не се испочитувани неколку важни сегменти. Имено, според списокот на кандидати за членови на оваа Комисија, не е испочитуван член 16 ставот 5 од Законот за спречување и заштита од дискриминација каде стои ‘Членовите на Комисијата треба да го одразуваат составот на општеството во целина и при изборот на членовите на Комисијата се применуваат принципите за соодветна застапеност на сите општествени групи, начелото на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците и родово балансирано учество’. Исто така, можеме да констатираме дека станува збор за партиски кандидати, одбрани и селектирани  во штабот на СДСМ, кои немаат речиси никакво работно искуство во областа. Меѓу кандидатите има лица кои биле на високи позиции во СДСМ, поранешни пратеници од редовите на СДСМ, но има и судир на интереси и класичен непотизам.Ова јасно покажува каква намера и цел има СДСМ со оваа Комисија.

Наместо ослободување од политичкото влијание врз членовите на оваа Комисија и зголемување на довербата на граѓаните во работата и функционирањето на истата, СДСМ на секој можен начин се обидува да ја политизира и да ја стави шепата и врз оваа многу важна алка од секојдневното живеење на граѓаните во Република Македонија. Оваа Комисија треба да влева сигурност и доверба на граѓаните во институциите, а не сомнеж во нејзиното постоење и функционирање“, се вели во соопштението.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ апелирала до владејачкото мнозинство да има отворена и демократска дебата, каде што и ВМРО-ДПМНЕ ќе има шанса да предложи кандидати експерти во таа област со цел да се изберат соодветните и адекватните кандидати, но и тоа било добиено од страна на СДСМ.

„Очигледно, СДСМ се решени овој избор да помине без опозиција, без консултација и дебата, без можност граѓаните и ние да видиме кој и дали кандидатите ги исполнуваат основните услови пропишани со огласот за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Оттука, како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ваквото самобендисано и игнорантско однесување на СДСМ нема никогаш да го прифатиме и поддржиме. Ваквиот начин на избор е далеку од демократски и далеку од начин којшто би ги дал посакуваните резултати на една Комисија која има важно и суштинско значење. Очигледно, СДСМ фрли црна дамка и ја понижи работата и постоењето на Комисијата уште од самото нејзино формирање.Токму затоа, како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ поради сите аномалии кои се случија денес во Собранието при утврдувањето на листата, ние не го поддржавме ваквиот недемократски избор членовите на Комисијата и ја напуштивме работата на Комисијата.  Ние нема да дозволиме да бидеме соучесници во ваквото срамно однесување на колегите пратеници од СДСМ и ќе се бориме со сите демократски алатки ова самоволие во Собранието конечно, еднаш засекогаш да престане“, се додава во соопштението.

Македонија

Променливо облачно време во Македонија – утре дожд и снег, нов бран врнежи од вторник

Објавено пред

Времето утре променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег, а на некои повисоки места и на планини од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, променливо облачно со слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 5 степени,  јавува УХМР.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време. Во понеделник и во вторник преку денот времето ќе биде стабилно и суво. Во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат нови врнежи претежно од снег.

Прикажи повеќе...

Македонија

Демант на Министерството за социјална политика, демографија и млади во врска со ЈУМЦСР Тетово

Објавено пред

Министерството за социјална политика, демографија и млади најостро ги демантира наводите изнесени во јавноста за наводно непостапување по случајот во ЈУМЦСР Тетово.

dobivaj vesti na viber

„Ваквите обвинувања се целосно неосновани, неточни и спротивни на фактите.

Инспекторите од Инспекциската служба при Министерството за социјална политика, демографија и млади редовно вршат инспекциски надзори од сите видови (редовни, вонредни и контролни) во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово, како субјект на инспекциски надзор.

Во рамки на овие надзори, меѓу другото, континуирано се врши инспекциски надзор над постапките за остварување на правата од парични давања, и тоа: правото на гарантирана минимална помош, правото на социјална сигурност за старите лица и правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице.

Во спроведените инспекциски надзори (редовни, вонредни и контролни) континуирано се изрекуваат соодветни инспекциски мерки со цел отстранување на констатираните неправилности. По исцрпување на инспекциските мерки, согласно законските одредби, се преземаат мерки за утврдување одговорност и поведување соодветни постапки против сторителите на утврдените повреди, вклучително и поднесување соодветни пријави до надлежните органи. Притоа, поголем дел од кривичните постапки што се водат пред Јавното обвинителство се иницирани од инспекторите од Инспекциската служба при Министерството, самостојно или во соработка со Јавното обвинителство.

Во однос на постапките за остварување на наведените права од социјална заштита, инспекторите за социјална заштита од Секторот за инспекциски надзор во областа на социјалната заштита и заштитата на децата, во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово, во текот на 2024 година спроведоа два (2) вонредни инспекциски надзори по поднесени иницијативи од граѓани и шест (6) контролни надзори за следење на спроведувањето на инспекциските мерки изречени со решенија од 2023 година, при што беа утврдени неправилности во 76 предмети. Во 2024 година беа донесени и решенија со кои се изречени инспекциски мерки за уште седум (7) предмети.

Во текот на 2025 година е спроведен еден (1) редовен инспекциски надзор со утврдени неправилности во шест (6) предмети, еден (1) вонреден надзор со утврдени неправилности во пет (5) предмети, како и шест (6) контролни надзори со кои е вршен надзор над спроведувањето на инспекциските мерки изречени со решенија донесени во 2024 и 2025 година.

Во рамки на сите спроведени инспекциски надзори утврдени се неправилности во вкупно 94 предмети. Согласно спроведените контролни надзори, констатираните неправилности се отстранети во 88 предмети, по што инспекциската постапка е запрена. Исклучок претставува еден надзор спроведен во 2025 година, во кој се утврдени неправилности во шест (6) предмети, за кои контролниот надзор ќе се спроведе по истекот на рокот утврден за спроведување на инспекциските мерки.

Важно е да се напомене дека во случаи кога инспекторите ќе констатираат неоснована исплата на средства, ги известуваат/задолжуваат надлежните институции, да постапат согласно законските прописи, како и да се преземат мерки за утврдување индивидуална одговорност и поведување соодветни дисциплински, прекршочни или кривични постапки против одговорните лица, во согласност со важечката законска регулатива“, се вели во демантот.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Филипче и Заев сакале да му ја земат болницата на Жан Митрев, Обвинителството да истражи, порача Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на денешната прес-конференција обвини дека поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешниот премиер Зоран Заев, од позиција на власт, вршеле притисок врз доктор Жан Митрев со цел да му ја одземат сопствената болница.

dobivaj vesti na viber

Стојаноски се повика на интервју на Митрев во кое докторот раскажа дека Филипче и Заев му се заканувале, а институциите ја блокирале неговата лична сметка, како и сметката на болницата. Дополнително, како што наведе, била изречена и забрана за продажба на болницата, која, според сведоштвото, била укината веднаш штом политичарите изразиле интерес за откуп.

„По само една недела, ЈО му ја отстранило забраната. Како е ова можно?“ – праша Стојаноски.

Тој исто така, повикувајќи се на интервјуто, рече дека Филипче и Заев сакале да ја купат болницата по цена далеку пониска од реалната, нарекувајќи го ова уште еден пример за злоупотреба на моќта во време на здравствена криза.

„Додека луѓе умираа секојдневно од КОВИД, тие се занимавале со сценарија за одземање болници“, изјави Стојаноски.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ го повика Јавното обвинителство да го истражи случајот и неселективно да постапи.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

Брисел со поддршка за Данска и Гренланд; Фон Дер Лајен порача: Царините на Трамп се закана за трансатлантските односи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предупреди на опасноста од воведување царини, кои, според неа, би ги поткопале...

Свет7 часа

Трамп воведува царини за 8 европски земји: „Ќе плаќаат додека не го преземам Гренланд“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави бран зголемување на царините за европските сојузници додека на САД не им биде дозволено...

Македонија9 часа

(Видео) Филипче и Заев сакале да му ја земат болницата на Жан Митрев, Обвинителството да истражи, порача Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на денешната прес-конференција обвини дека поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешниот премиер Зоран...

Македонија11 часа

Филипче го повика Жан Митрев да оди кај обвинител и да поднесе кривична, најави и тужби: „Ова не е политика, сега ќе ги тужам“

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција обвини дека ВМРО-ДПМНЕ спроведува, како што рече, јавен линч против него преку лаги,...

Македонија11 часа

Вандализиран паркот „Бановина“ во Аеродром – искршена урбаната опрема, оштетена фонтаната, а провалено е и во чуварската куќа

Општина Аеродром најостро го осуди вандалскиот чин што се случил синоќа во паркот Бановина, каде што била сериозно оштетена јавната...

Топ13 часа

Обвинение за помагачите во бегството на 18-годишникот што со автомобил усмрти жена на Народен фронт

Обвинителството поднесе обвинение против маж и жена кои како соизвршители се товарат за помагање, во случајот со 18-годишникот од Скопје...

Македонија15 часа

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

Предлог-законот за заштита од пушењето, подготвен од Министерството за здравство, предвидува забрана за пушење во затворени јавни и работни простории,...

Свет17 часа

„Не го чепкајте Гренланд“: Масовни протести во Данска и Нуук против плановите на Трамп

Големи протести против најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на Гренланд се очекуваат денеска во повеќе градови во...

Свет17 часа

Украинска делегација заминува во САД за појаснување на условите за можен мировен договор со Русија

Украинските преговарачи патуваат во Соединетите Американски Држави за да ги разјаснат условите за евентуален мировен договор со Русија, изјави претседателот...

Спорт1 ден

Македонија со пораз од Данска го започна Европското првенство

Ракометната репрезентација на Македонија, со пораз го започна настапот на 17-то Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка. Во првото...

Свет1 ден

Италијански министер ги исмева европските сили во Гренланд: „15 Французи, 15 Германци – звучи како почеток на виц“

Италија одби да се придружи на европската мисија во Гренланд, а министерот за одбрана на земјата, Гвидо Кросето, отворено ја...

Свет1 ден

Трамп им се закани на сите земји кои нема да го поддржат за Гренланд

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе воведе царини на земјите кои не го поддржуваат неговиот план САД...

Македонија1 ден

МВР ќе ги тестира поставените камери: од 20 до 31 јануари на местата каде ќе се вршат активностите, нема да биде дозволен сообраќај

Министерството за внатрешни работи известува дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота) ќе се...

Македонија1 ден

Ја удирал по главата и телото, ја давел за вратот и скршил ребро: скопјанец осомничен за физички напад и загрозување на сигурноста на жена

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 51-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично...

Македонија2 дена

Mицкоски очекува добри вести во наредните денови од САД

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува наскоро добри вести за македонските граѓани од САД. Тој појасни дека суспендирањето на визите...

Македонија2 дена

Преку фирми и даночни измами биле извлечени 4,8 милиони евра од државата – Обвинителството гони 20 лица, вмешани службеници од УЈП

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражителите од Истражниот центар при обвинителството, со асистенција на МВР, вчера до...

Свет2 дена

Планoт за брз влез на Украина во ЕУ предизвика загриженост во Брисел

Брисел разгледува можност за напуштање на досегашниот модел на проширување на Европската Унија и воведување т.н. двослоен модел на членство,...

Топ2 дена

Почината жена пронајдена во стан во Струга

Вчера во 17:50 часот во ОВР Струга е пријавено дека во стан во Струга е пронајдена почината А.М.(57) од кичевското...

Европа2 дена

(Фото) Макрон се појави пред војниците со црвено и отечено око

Емануел Макрон се појави со црвено око за време на неговото годишно обраќање пред француските војници. Тој се пошегува, користејќи...

Свет2 дена

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман испратија предупредување до Трамп

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман го повикаа американскиот претседател Доналд Трамп да не започнува воздушни напади врз Иран, стравувајќи...