Македонија
Прва средба на претседателот на Собранието, Гаши со новиот амбасадор на ЕУ Михаилис Рокас
Претседателот на Собранието Африм Гаши му посака добредојде во земјава на новоименуваниот евроамбасадор, Михаилис Рокас, изразувајќи уверување за заеднички придонес во понатамошниот процес за полноправно членство на Република Северна Македонија во Европската Унија.
На денешната средба во Собранието, претседателот Гаши и амбасадорот Рокас изразија очекување институциите на ЕУ, по изборите за Европскиот парламент што се одржаа во јуни годинава, да ја задржат позитивната нота во однос на проширувањето со земјите од Западен Балкан.

Соговорниците се осврнаа и на потребата од продолжување со реформите и исполнување на домашните задачи, со цел исполнување на критериумите за членство, посебно во клучните области.
Претседателот Гаши истакна дека Собранието е силно посветено на спроведување на реформите, особено во делот на усогласувањето со европското законодавство и јакнењето на надзорната улога. Тој изрази подготвеност и за зајакнување и внесување нова динамика во соработката и комуникацијата меѓу Собранието на РСМ и Европскиот парламент, притоа нагласувајќи ја важноста на „Жан Моне“ процесот од кој досега произлегоа два битни документи за законодавната власт во земјава – Етичкиот кодекс и новиот Деловник.

На средбата беа разменети мислења и за потребата од јакнење на политичкиот дијалог во земјава, со оглед на заедничката цел за евроинтеграција, како стратешка определба на земјата.
Амбасадорот Рокас истакна дека неговата цел е да и помогне на земјава да направи видливи чекори во оваа фаза од процесот на интеграција во ЕУ.

Тој го истакна и значењето на Планот за раст за Западен Балкан, нагласувајќи дека тоа е можност за јакнење на капацитетите за членство во ЕУ на земјите од регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

