Македонија
Педесет компании заинтересирани за изградба на скопската пречистителна станица вредна 136 милиони евра
Досега 50 компании испратиле апликации на повикот за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води за град Скопје, информира „Водовод и канализација“.
Истовремено, продолжен е рокот за поднесување на апликации до 1 спетмеври.
„Со цел да им се излезе во пресрет на потенцијалните апликанти и заинтересеирани страни, рокот за поднесување на апликациите се продолжува, па наместо на 17 август, истекува на 1 септември во 12 часот по локално време“, информираат од „Водовод и канализација“.
Проектот е во вредност од 136.000.000 евра.
„Заинтересираните страни, кои ќе испратат електронска апликација до 1.9.2020, најдоцна до 14.9.2020 во 12 часот (по локално време), ќе треба да ја достават апликацијата и во печатена форма. Со цел зголемена транспарентност, апликантите ќе може да го следат отворањето на апликациите преку преку видеоконференциска врска“, додаваат „Водовод и канализација“ преку соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Братот на убиениот пејач на Пластичарска: Амар ќе биде погребан денеска
Пејачот Амар Исмани е убиениот 29-годишник во пукањето кое синоќа се случи на Пластичарска, потврдија преку социјалните мрежи од неговото семејство.
Македонија
Извршен увид по пукањето на Пластичарска улица во Скопје
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со увидни екипи од МВР, во текот на ноќта вршеа увид на булеварот „Никола Карев“ каде со пукање од огнено оружје беше лишено од живот едно лице, а уште две се повредени.
Јавниот обвинител издаде наредби за вештачење на трагите прибирани од лице место, а се преземаат и други дејствија.
Министерството за внатрешни работи постапува за откривање на сторителите.
Скопје
100 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
„На територија на град Скопје изречени се вкупно 100 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 23 санкции, седум санкции за користење мобилен телефон при возење, пет мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, осум санкции за некористење на сигурносен појас, 22 мерки за прекшоци што ги чинат возачи на мотоцикли…“, соопшти МВР
Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.