Македонија
Предлог-законот за попис денеска на собраниска седница

Предлог-законот за попис е ставен на дневниот ред, во рамки на продолжението на 29. собраниска седница.
Додека владата останува на ставот дека пописот ќе се спроведе напролет и ќе биде согласно стандардите на Евростат, опозициската ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од барањето да се набават 10.000 терминали за земање отпечатоци од прсти при спроведување на пописот.
„Само со набавка на терминали со отчитување за отпечатоци од прсти ќе се попише резидентното население и ќе се направи дистинкција на резидентите од државјаните, односно луѓето кои поседуваат македонско државјанство но не живеат во државата. Апаратите за отпечатоци и така треба да се набават неколку месеци подоцна за локалните избори“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од СДСМ, пак, во неколку наврати истакнаа дека пописот не е и не смее да биде политичка операција, туку статистичка. Токму во Извештајот на ЕК пописот се споменува како потребна обврска на нашата држава која треба да биде реализирана, наведоа социјалдемократите.
Планирано е постапката да заврши за шест месеци и да чини 8,5 милиони евра за набавка на потребната опрема.
Пописот би требало да се спроведе во првите три недели од април.
Последниот попис беше во 2002 година, а најавениот попис во 2011 година, не беше реализиран.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Општина Вевчани го осуди палењето на знамето на Бугарија

Општина Вевчани најостро го осудува чинот на палење на знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани, соопшти градоначалникот Сашо Јанкоски.
Според него, овој чин не соодејствува со ставот на општината и најголемиот процент на нејзиното население.
„Напротив, Вевчани е меѓу првите општини во Македонија збратимено со гратчето Мелник, општина Сандански, како членови на Асоцијацијата на карневалските градови кои негуваат слични традиции. Општина Вевчани и Вевчанци и во минатото веднаш ги осудувало палењата и на знамиња и на други држави и упорно стоиме на ваквиот став и во иднина и сметаме дека ваквиот чин на изразување револт е недопустлив макар и за најирационалниот, најстар и најавтентично сочуван пагански карневал во светот како што е опишуван Вевчанскиот карневал низ годините од речиси сите светските медиуми“, вели Јанковски.
Се надеваме дека, додава тој, овој несреќен чин и ирационален чин нема да фрли дамка на меѓусоседските односи.
Македонија
Спасовски – Галовеј: Северна Македонија стекнa имиџ на сериозна земја во борбата против миграцијата

Успешната соработка во однос на борбата против илегалната миграција на регионално и на меѓународно ниво беше во фокусот на средбата помеѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј, која се одржа денеска во просториите на МВР.
Притоа било истакнато дека Северна Македонија, кога станува збор за борбата против илегалната миграција, преставува одличен пример како се стекнува имиџ на сериозна земја.
На средбата, меѓу другото, се разговарало и за важноста од забрзување на процесите за исполнување на НАТО-стандардите во институциите во земјава, информираат од МВР.
Двете страни во текот на разговорите ги потврдиле своите заложби за уште поинтензивна соработка во иднина на сите полиња за одржување на безбедноста.
Македонија
Предлогот за прогласување на дел од Водно за заштитен предел достапен за коментари

Министерството за животна средина и просторно планирање изработи нацрт – одлука за прогласување на дел од планината Водно за заштитено подрачје во категорија V – заштитен предел.
„Со оваа одлука дел од планината Водно заради своите геолошки, геоморфолошки и биолошки вредности, како и посебното значење за жителите на Град Скопје, се прогласува за заштитено подрачје во категорија V – заштитен предел, а Градот Скопје е определен да управува со заштитеното подрачје“, соопштија од Министерството.
Предлогот е достапен за увид и коментирање на веб-страницата на МЖСПП www.moepp.gov.mk и на Единствениот национален електронски регистар на прописи на РСМ (ЕНЕР) www.ener.gov.mk , а јавна расправа по предлог актот ќе се одржи на почетокот на февруари.
Мислења, забелешки и сугестии може да се достават на [email protected] .
- Книги4 недели
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира