Контакт

Македонија

Предлозите на МТСП денеска на владина седница

Објавено пред

Владата денеска ќе ја одржи 58. седница, на која ќе биде разгледана предлог-програмата за персонална асистенција на лица со попреченост за 2018 година, како и предлог-програма за изградба, опремување и одржување објекти за детска заштита за оваа година. Двете точки доаѓаат по предлог на Министерството за труд и социјална политика, кое денеска на разгледување ја достави и предлог-програмата за изградба, опремување и одржување објекти за социјална заштита и домови за стари лица за 2018 година.

Владата ќе ја разгледа и предлог-програмата за изменување на Годишната програма за финансирање на железничката инфраструктура за 2018 година. Од програмата за реализација на инфраструктурните проекти на денешната седница ќе биде разгледана информацијата за прогрес на активностите за реализација на проектот „Рехабилитација, надградба и реконструкција на поголемите железнички станици на Коридорот 10 и кракот 10д“, како и информацијата за прогресот на активности во реализацијата на акцискиот план за проектот „Модернизација и реконструкција на влезовите во Битола и изградба на експресен пат од Битола до граничниот премин Меџитлија“.

Пред министрите на денешната седница на одобрување ќе биде поднесен извештајот за извршени преговори со усогласен текст на спогодбата помеѓу Владите на Македонија и Црна Гора за соработка во областа на борбата против трговија со луѓе.

По предлог на Министерството за надворешни работи, ќе биде разгледан и предлогот за поведување постапка за водење преговори за потпишување спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Народна Република Кина за заемно укинување на визите за државјаните на двете земји и предлогот за поведување постапка за водење преговори за потпишување спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Кабинетот на министрите на Украина за услови за заемно патување на државјаните на овие две земји.

Владата денеска ќе ја разгледа и информацијата во врска со активностите за анализа на моментната состојба во областа на ИТ во сите институции од јавниот сектор во Македонија по предлог на Канцеларијата на претседателот на Владата на Македонија и на Националниот совет за ИКТ.

Македонија

Јанакиески: Немам намера да бегам, ја осудувам постапката на Груевски

Објавено пред

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески го осудува бегството на експремиерот Никола Груевски.

,,Најостро го осудувам ваквиот чин бидејќи ќе влијае негативно на судските предмети во целост, а посебно во оние предмети каде сме заедно обвинети”, вели Јанакиески за „Макфакс“.

Тој ги замоли медиумите да информираат објективно и посочи дека стои на располагање.

,,Повикувам да престане лицитирањето за идни притвори и притисок врз судот. Ниту сум планирал, ниту планирам да бегам и во моментов сум во Скопје, а утре во 9:30 ќе бидам на судското рочиште за предметот ‘Титаник’. Мојот фокус е кон докажувањето на вината пред надлежните институции”, вели Јанакиески.

Тој посочува дека присуствувал на сите рочишта без исклучок, а некогаш и секој работен ден и ги почитувал мерките определени од судот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Коалицијата „Сите за правично судење“ укажува на пропустите кои довеле до бегството на Груевски

Објавено пред

По трите случаи на бегство по изрекување на мерката притвор или затворски казни и повеќе од очигледно е дека е потребно да се направи проценка на функционалноста на органите на прогон и да се постапува со исклучителна внимателност кога станува збор за лица од овие сензитивни и високопрофилирани кривични предмети, укажува Коалицијата „Сите за правично судење“.

Во врска со реакциите во јавноста упатени кон ОС Скопје 1, а по однос на извршувањето на
правосилната пресуда по предметот познат како „Тенк“, со која поранешниот премиер Никола Груевски беше осуден на 2-годишна затворска казна, Коалицијата информира дека во овој предмет Груевски вложи барање за одлагање на извршувањето на затворската казна, која требаше да започне да ја издржува на 8.11.2018 година. Постапката по ова
барање/молба беше правосилно завршена 9.11.2018 година, со решение кое не успеа да биде
доставено до осуденото лице затоа што истото не можеше да се пронајде и лоцира.

,,Овде, го лоцираме правниот пропуст во Законот за извршување на санкциите, според кој осуденото лице се упатува на извршување на казната затвор во рок не пократок од 8 и не подолг од 13 дена. Но, истиот овој закон, пропишувајќи ја постапката за одлучување по барање за одлагање на казната, предвидува рок од 3 дена од приемот на упатниот акт за осуденото лице да поднесе молба за одлагање, на која судијата за извршување на санкциите исто така треба да одговори во рок од 3 дена. На ова првостепено решение, осуденото лице има право на жалба во рок од 3 дена од приемот на решението, на која жалба треба да одговори кривичниот совет на надлежниот суд, повторно во рок од 3 дена. Со тоа, траењето на постапката е најмалку 12 дена, со што речиси секогаш би бил пробиен првично определениот рок (од 8 до 13 дена) за упатување во затвор доколку молбата за одлагање е одбиена. Сепак, законот не ја предвидува оваа ситуација со конкретни одредби, но доколку се толкуваат одредбите во самиот контекст на законот, конкретно членот 87 од Законот за извршување на санкции, установата во која е упатено лицето на издржување на казната, како и судијата за извршување на санкциите би требало веднаш да констатираат дека е пробиен рокот и во координација со МВР и Основен суд Скопје 1 да направат обиди веднаш да го пронајдат лицето, да му го достават решението со кое е одбиена молбата заодлагање на издржување на казната затвор и истото веднаш да го спроведат”, се вели во соопштението.

Во поглед, пак, на реакциите во врска со (не)определувањето на мерката притвор, Коалицијата укажува дека на Груевски, кој е обвинет и во други предмети му беше одземена патната
исправа, а согласно одредбите од ЗКП, но и праксата на ЕСЧП доколку обезбедувањето може да
биде постигнато со поблаги мерки од притворот, судот секогаш ќе ги избере тие мерки.

,,Со оглед на фактот што на осуденото лице му беше одземена патната исправа, со самото тоа , на истото му е оневозможен и излез од државата. Меѓутоа, она што е проблематично во случајов е тоа што Министерството за внатрешни работи не знае каде се наоѓа ова лице, а дополнително како проблематика се истакнува и функционалноста на пограничните служби во идентификување на лица на кои им се одземени патните исправи, не навлегувајќи при тоа во можноста за користење други исправи.Бидејќи во случајот станува збор поранешен претседател на Владата, истиот согласно со членот 6 од Уредбата за личностите и објектите што се обезбедуваат, видовите на мерки и активности и степените на обезбедување на Владата на Република Македонија, се обезбедува со редовни мерки и активности за обезбедување. Согласно со членот 200 од Правилникот за начинот на вршење на полициските работи: „Полицискиот службеник кој врши редовно обезбедување не може да се оддалечи од личноста, односно објектот кој го обезбедува“, освен во исклучителни околности, но притоа личноста која ја обезбедува не смее да остане необезбедена. Ова упатува на фактот дека лицата задолжени за обезбедувањето на поранешниот премиер-Никола Груевски, согласно со овој правилник, не смееле да го остават ова лице необезбедено, односно да воопшто да немаат контакт со него од 8.11.2018 година, па сè до денес, што само дополнително го поттикнува прашањето за
доследното и професионално следење на протоколите, односно процедурите за работење во
службите на МВР.

Имајќи ги предвид константните критики за (пре)честата употреба на мерката притвор
со цел обезбедување присуство, дополнително и неизбежно се поставува прашањето дали
поблагите мерки за обезбедување присуство на лица се всушност спроведливи во пракса  да се превенираат ситуации на ,,исчезнување” на обвинети или осудени лица и дали можеби затоа судот, односно обвинителството често ,,посегнуваат” по мерката притвор? Меѓутоа, очигледно е ипрашање во поглед на тоа, во колкава мера институциите се спремни да соработуваат и да се координираат меѓусебе за да ги остваруваат целите на своето постоење и би спречиле ,,еродирање” на државните граници кога станува збор за ,,влијателни” осуденици, наведува Коалицијата ,,Сите за правично судење”.

Прикажи повеќе...

Македонија

Европската комисија не го коментира барањето азил на Груевски

Објавено пред

Европската комисија одбива да го коментира барањето азил на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија, но потсетуваат дека владеењето на правото е темелен европски принцип.

,,Владеењето на правото е темелен принцип на Европската Унија за земјите членки исто како и за земјите кандидати. Очекуваме сите страни да се однесуваат строго во согласност со релевантните правила”, велат од Европската комисија. Тие додаваат дека  ова е „судска процедура која не смее да се политизира“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

Јанакиески: Немам намера да бегам, ја осудувам постапката на Груевски

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески го осудува бегството на експремиерот Никола Груевски. ,,Најостро го осудувам ваквиот чин...

Македонија2 часа

СЈО ќе бара притвори за обвинети, по бегството на Груевски

Специјалното јавно обвинителство од надлежниот суд ќе бара притвор како мерка за обезбедување  присуство за лица кои се обвинети во...

Македонија2 часа

Распишана меѓународна потерница за Груевски

Судот донел одлука за распишување меѓународна потерница за поранешниот премиер Никола Груевски, по информацијата дека тој се наоѓа во Унгарија....

Македонија3 часа

МВР потврди – Груевски е во Унгарија, побарал азил

Поранешниот премиер Никола Груевски е во Унгарија, каде што побарал азил, потврди Министерството за внатрешни работи. ,,По направените соодветни проверки,...

Македонија5 часа

Унгарската влада не потврдува дали Груевски бара азил во Будимпешта

Унгарската влада ниту потврдува ниту демантира дека бившиот премиер Никола Груевски бара азил во Унгарија. Во краткиот одговорот на прашањата...

Истражувања7 часа

(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Доколку и официјално се потврдат информациите дека поранешниот премиер Никола Груевски навистина е во бегство надвор од државата, како што...

Македонија7 часа

Кривичниот суд: СЈО ниту еднаш не побара притвор за Груевски

На обвинетиот Никола Груевски му се одзмени и личниот и дипломатскиот пасош и тие сè уште се наоѓаат во судот,...

Крвав четврток8 часа

Вељаноски до Мукоски: Човекот ми кажа дека од камерите кај вратите речиси и ништо не се гледа

На 28.4.2017 во 14.24 часот, поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, му испратил порака на Крсто Мукоски со содржина: „Човекот...

Македонија8 часа

Арсовски: Немаме контакт и информации каде е Никола Груевски

ВМРО-ДПМНЕ не знае дали Никола Груевски е во Будимпешта. Портпаролот на партијата, Димче Арсовски, рече дека не знае каде се...

Македонија8 часа

Груевски на „Фејсбук“: Јас сум во Будимпешта, побарав политички азил

Според статус објавен на официјалната фејсбук-страница на поранешниот премиер Никола Груевски, тој избегал во Будимпешта, каде што побарал азил од...

Крвав четврток9 часа

Албанец го известувал Чавков дека се спрема изгласување претседател на Собранието

Во пораките пронајдени од вештачењето на мобилниот телефон на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, пронајдена е вибер-комуникација, во која...

Македонија11 час

(Видео) Спасовски: Одговорноста барајте ја кај судиите

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека не размислува за оставка од функцијата по синоќешниот неуспешен обид на полицијата...

Свет11 час

(Видео) Хамас лансира над 400 ракети кон Израел во најжестокиот борбен судир од 2014 година

Палестинските милитанти утрово кон Израел лансираа најмногу ракети од конфликтот во 2014 година предизвикувајќи израелски воздушни напади врз телевизијата на...

Македонија11 час

Мијалков: Не знам каде е Груевски

Поранешниот директор на УБК и прв братучед на Никола Груевски, Сашо Мијалков, пред почетокот на денешното рочиште за случајот „Титаник...

Европа12 часа

(Видео) 15-годишно девојче се бори за живот по сообраќајната несреќа на автобус во Лондон

Дваесет лица беа повредени, од кои едно лице доби тешки повреди во сообраќајната несреќа на еден автобус во лондонската област...

Свет12 часа

(Видео) Расте бројот на загинати во пожарот во Калифорнија

Пожарите што беснеат веќе неколку дена во Калифорнија беа прогласени за најсмртоносни во земајата и досега однесоа најмалку 42 човечки...

Македонија13 часа

СДСМ: Груевски го допре дното

Груевски го допре дното, но нема да побегне од одговорност, велат од СДСМ. Од партијата велат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,...

Економија14 часа

Од денеска пониски цени на горивата

Од ноќеска на полноќ цената на бензините се намали 4 и 4,5 денари, а на дизелот 3 денари, соопшти Регулаторната...

Македонија14 часа

Мицкоски се сомнева дека власта не знае каде е Груевски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сомнева дека власта не знае каде се крие неговиот претходник Никола Груевски кого полицијата...

Македонија22 часа

Јанушев: Груевски не се крие во седиштето на партијата

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција во врска со потерата за експремиерот Никола Груевски, рече дека ова што се случува...

Досие