Контакт

Македонија

Предпладне сончево, попладне со услови за дожд

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови повторно ќе има нестабилна облачност проследена со краткотраенпороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат од 7 до 14 степени, а максималните од 22 до 29 степени.

Во Скопје предпладне ќе биде сончево, а попладне со услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 12 до 28 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на топло време, во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Од средината на наредната недела се очекува поизразена нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи.

Македонија

Заев – Пфорнер: Силна поддршка од Германија за напредокот на Северна Македонија

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев се сретна со Штефан Холтхоф-Пфорнер, германскиот покраински министер за федерални, европски и меѓународни прашања на Северна Рајна Вествалија.

„На средбата е пренесена силна поддршка од премиерот на покраината, Армин Лашет, и од Сојузна Република Германија, за придонесот на премиерот Заев во напредокот на Република Северна Македонија. Изразена е силна поддршка и за евро-атлантските перспективи на нашата држава, во коишто се гледа потреба како за нашата земја и за регионот, така и за самата Европа. Во таа насока, изразено е охрабрување, граѓаните и институциите во земјава да ја задржат проевропската ориентација“, соопштија од Владата.

Премиерот Заев се заблагодарил за големото и искрено пријателство од Северна Рајна Вествалија и од цела Сојузна Република Германија, од Бундестагот, од германскиот народ и посебно од германската канцеларка Ангела Меркел за помошта и придонесот на Германија во сите демократски процеси во нашата држава и во развојот на економијата.

„Ќе продолжиме да даваме аргументи за нови германски инвестиции во нашата земја. Дадовме аргументи на почитување и примена на европските вредности, како што е успешниот дијалог и функционалната дипломатија, изразени преку договорите со Бугарија и со Грција. Продолживме со уште поголема посветеност и кон реформите. Демократијата, слободата, владеењето на правото се европски вредности што Република Северна Македонија докажа дека е подготвена да ги спроведе. Но тие се и потреба за граѓаните, значат стабилност и економија и затоа остануваме ориентирани кон евро-атлантските интеграции“, рекол Заев.

Прикажи повеќе...

Македонија

Шекеринска – Шидер: По успехот во НАТО, Северна Македонија очекува вреднување на сработеното и од ЕУ

Објавено пред

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска во Брисел се сретна со Андреас Шидер, копретседавач на Заедничкиот парламентарен комитет на Северна Македонија и ЕУ.

Како што соопштија од Министерството за одбрана, на средбата Шекеринска ги истакнала приоритетите на нашата земја во следниот период поврзани со односите со Унијата и ставот кон новата методологија за преговори и проширување што ја препорачуваат некои од земјите членки.

„Владата останува посветена на реформскиот процес кој ги опфаќа владеењето на правото, судскиот систем, унапредувањето на демократијата”, рекла Шекеринска.

Министерката додала дека по успехот со НАТО граѓаните на нашата земја ја продолжуваат поддршката за членство во ЕУ.

„Уверени сме дека отворањето на преговорите со Унијата ќе биде силно охрабрување за земјата и за регионот и ќе придонесе кон негово натамошно стабилизирање. Ќе прифатиме секакви фер услови кои ќе произлезат од договорите за идната методологија, но очекуваме нашите напори да бидат вреднувани”, истакнала министерката.

Шидер рекол дека напредокот на Северна Македонија е евидентен и дека земјата заслужува позитивен став и доследност од страна на Унијата.

Тој најавил дека Заедничкиот парламентарен комитет ќе ја интензивира својата работа и веќе идната седмица ќе се состане во Стразбур. Шидер ја истакнал поддршката од Заедничкиот парламентарен комитет и рекол дека односите ќе продолжат во истиот дух на разбирање и соработка.

Прикажи повеќе...

Македонија

Жителите на Ѓорче Петров повикуваат на протест против депонијата во Ново Село

Објавено пред

Жители на општината Ѓорче Петров повикаа на масовен протест за расчистување на најголемиот проблем со загадувањето во оваа скопска општина, депонијата во Ново Село. Една недела по првиот протест, граѓаните преку „Фејсбук“ повикуваат в недела во 12 часот на масовен собир против загадувањето.

„Ѓорче Петров е НАЈЗАГАДЕНАТА општина во Република Македонија! На 7 декември ПРОТЕСТИРАВМЕ и упативме јавен апел до надлежните институции да преземат мерки за расчистување на најголемиот проблем за загадувањето во Ѓорче Петров, депонијата во Ново Село, а една недела потоа нема НИКАКВА реакција.

Протестот е против неконтролираното депонирање отпад со камиони на оваа депонија додека рампите се кренати‼️ Оваа депонија се наоѓа до реката Лепенец, во близина на сливот со реката Вардар!

Со тоа оваа депонија нема влијание врз здравјето само на граѓаните од Ѓорче Петров, туку и на граѓаните на Карпош, Влае, Бардовци и Злокуќани“, велат организаторите.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија55 минути

Возилата кои помалку загадуваат ќе се увезуваат по помали давачки

Доколку возилото помалку загадува, ќе се плаќа понизок данок за увоз. Предлог-законот за данок на моторни возила е во собраниска...

Македонија2 часа

(Видео) Костадинов: Апелирам амандманите да се повлечат, со дебата да го смениме изборниот модел

СДСМ апелира амандманите што ги поднесе ДУИ да се повлечат. „Да влеземе во суштинска дебата и, конечно, да го промениме...

Македонија2 часа

Максим Ацевски едногласно избран за нов државен ревизор

Пратениците едногласно со 81 глас го изгласаа Максим Ацевски за нов државен ревизор. Пратениците изборот го поздравија со аплауз, а...

Македонија4 часа

Обвинителството проверува дали самоубиството на 13-годишното девојче од Гостивар е поврзано со секта

Основното јавно обвинителство Гостивар постапува за утврдување на причините за смртта на 13-годишно девојче од Гостивар, чие безживотно тело беше...

Македонија4 часа

Талевски: Само сакавме да ги намалиме цените на превозот за ученици

Повеќе од два часа обвинетиот ексградоначалник на општина Битола, Владимир Талески, одговараше на прашањата на својот адвокат Димитар Дангов за...

Македонија5 часа

СДСМ смета дека нема пречка за една изборна единица на изборите во април

Доцна синоќа раководството на СДСМ го усогласило ставот дека се подготвени за една изборна единица на претстојните предвремени парламентарни избори...

Македонија6 часа

В сабота ќе работат и градинките

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 14 декември ќе биде работен и за градинките на територијата на државата....

Свет7 часа

Трамп до универзитетите: Укинете го антисемитизмот ако сакате пари

Американскиот претседател, Доналд Трамп, потпиша извршна наредба за забрана на федералните фондови наменети за универзитетите и колеџите, кои дозволуваат антисемитизам....

Свет7 часа

(Видео) Се запали рускиот разорувач „Адмирал Кузњецов“, тројца повредени

Рускиот носач на авиони „Адмирал Кузњецов“ се запалил додека го поправале на докот во Мурманск, при што повредени се три...

Регион8 часа

Преговорите за влада на Косово без резултати , нема договор за коалиција

Во косовското собрание синоќа се одржа уште една средба на лидерот на Движењето Самоопределување Албин Курти и лидерот на Демократскиот...

Свет9 часа

Санчез доби мандат за формирање влада

Шпанскиот крал Фелипе Шестти му довери на досегашниот премиер Педро Санчез мандат да се обиде да формира влада. Социјалистичката партија...

Свет9 часа

САД ја предупреди Северна Кореја да е откаже од нуклеарната програма и да избегнува провокации

САД се подготвени да бидат флексибилни во преговорите чија цел е Северна Кореја да се натера да се откаже од...

Свет9 часа

Парламентарни избори во Велика Британија – главни ривали се Џонсон и Корбин

Граѓаните на Британија денеска гласаат на вонредни парламентарни избори на кои се решава не само кој ќе управува во земјата,...

Спорт19 часа

Легендарниот шампион Леон Спинкс се бори за живот

Легендарниот шампион во тешка категорија, Леон Спинкс, се бори за својот живот во болница, потврди неговата сопруга, која побара молитви...

Регион20 часа

Уапсени двајца Срби и еден Македонец за убиството во Братислава

Во Унгарија уапсени се двајца Срби поради смртта на Никола Косаниќ (22), кој во неделата беше до смрт претепан во...

Македонија22 часа

Девет членки на ЕУ предложија нова методологија за проширување

Девет земји членки на ЕУ излегоа со заеднички предлог за нова методологија за проширување на членството во ЕУ, за што...

Топ1 ден

Возило излета од патот кај Дебарца и удри во пешак и паркирано возило

Синоќа на магистралниот пат Кичево – Охрид, во атарот на селото Радомирово, општина Дебарца, патничко возило управувано од Љ.В.(46) од...

Македонија1 ден

Се укинува законот за зелените пазари

Со 50 гласа пратениците го подржаа предлогот на министерот за економија, Крешник Бектеши, кој побара по скратена постапка да престане...

Македонија1 ден

Манчевски: Префрлањето на администрацијата во приватниот сектор нема да биде политички отстрел

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, најави дека до крајот на годината ќе ги предложи пакет-мерките за префрлање...

Македонија1 ден

Обвинителството испитува кој ги објавува аудиоснимките поврзани со „Рекет“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција оформи предмет и веќе проверува кое е лицето што ги објавува...

Досие