Македонија
Премиерот Ковачевски официјално пречекан од чешкиот премиер Фијала во Прага

Со официјален пречек на шефовите на држави од страна на премиерот на Чешка, Петр Фијала, почнува првиот состанок на Европската политичка заедница во Прага.
Премиерот Фијала го пречека премиерот Ковачевски, кој ја предводи владината делегација, во чиј состав се и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, како и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
Програмата на настанот содржи пленарни дебати и дискусии на тркалезни маси поврзани со актуелни прашања за енергетската и економска криза, снабдувањето со енергија и енергенти, како и дискусии врзани со климатските предизвици, но и мирот и безбедноста во контекст на руската воена агресија врз Украина.
Премиерот Ковачевски ќе учествува на пленарна сесија заедно со министрите Османи и Николовски, а потоа со лидерите на европските земји на тркалезната маса посветена за енергетика и економија. Дополнително, предвидени се и неколку билатерални средби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Времето денеска сончево и студено, попладне облачноста ќе се зголемува

Денеска е сабота, 9 декември 2023 година, 343-иот ден во годината.
Сонцето изгреа во 6:49, а ќе зајде во 16:03 часот. Денот ќе трае 554 минути.
Според информациите на УХМР, наутро ќе биде студено по котлините со ниска облачност, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб променлив ветер. Попладне од запад облачноста ќе се зголемува.
Во Скопје наутро студено со ниска облачност, а потоа сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко, велат од УХМР.
Македонија
Ќе ја извршувам функцијата со должна почит и одговорност, рече Џафери кој ќе седне на премиерската фотелја 100 дена пред избори

Претседателот на Собранието од редовите на ДУИ, Талат Џафери, се огласи во јавноста откако партијата му ја даде довербата да биде технички премиер во период од 100 дена пред изборите, односно од 28 јануари до 8 мај.
„Ми претставува особена чест за доделената доверба од партиските органи и секако можам да кажам дека и оваа функција со должна почит и одговорност ќе биде спроведена од моја страна, како одговор на поддршката од партиските органи и граѓаните“, рече Џафери.
Именувањето на технички премиер кој во предизборниот период ќе дојде од редовите на ДУИ , беше дел од коалицискиот договор меѓу екслидерот на СДСМ, Зоран Заев и на Интегративците, Али Ахмети, а по изборите во 2020 година. На тие избори ДУИ водеше предизборна кампања повикувајќи ги граѓаните да го изберат првиот премиер Албанец.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: По дезертерот Ковачевски, доаѓа дезертерот од АРМ и деспот од Форино Талат Џафери, срам за Македонија

СДСМ забега со штетите кои ги предизвикува за Македонија. Ковачевски дезертирал од Армијата, правејќи се болен, само за да не ја отслужи својата обврска, исто како и неговиот наследник на местото технички премиер Талат Џафери, кој 2001-та од Армијата преминува во УЧК, реагира ВМРО-ДПМНЕ по одлуката на ДУИ, Џафери да биде премиер 100 дена пред избори.
„Деспотот од Форино ќе остане запаметен по неговите кршења на законот и процедурите и незаконскиот начин на кој беше поставен на тоа место. Тој одбиваше иницијативи за референдум ставајќи се во улога на врховен и уставен судија, потоа редеше европски знаменциња на сите штетни закони со кои оваа власт на ДУИ и СДС го крадеа народот и државата.
Исто така Талат Џафери ќе остане запаметен и по неуставното и незаконското донесување на законот за јазиците и редица други системски закони.
Сега јасно е зошто Ковачевски не се откажуваше од техничка влада. Дезертерот Ковачевски ќе биде заменет со нов дезертер Џафери“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.