Македонија
Преписка меѓу ексминистерките за култура: Ганка Цветанова ја повика Елизабета Канческа да каже дали ќе гласа за уставните измени

Поранешната министерка за култура во владата на Љубчо Георгиевски, Ганка Самоилова-Цветанова, јавно ја прашува нејзината наследничка, Елизабета Канческа-Милеска, сега пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, дали ќе гласа за уставните измени во Собранието.
,,Ја повикувам поранешната министерка за култура и пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Елизабета Канческа-Милевска, јавно и недвосмислено да се произнесе дали ќе гласа за уставните измени! Барем толку ѝ должи на македонската култура која ја застапуваше во изминативе 11 години!”, напиша на Твитер Ганка Цветанова, поранешната министерка за култура, по собраниска дискусија на нејзината наследничка во владата на Никола Груевски.
Ја повикувам поранешната министерка за култура и пратеничка од редовите на @VMRO_DPMNE Елизабета Канческа Милевска јавно и недвосмислено да се произнесе дали ќе гласа за уставните измени! Барем толку и' должи на македонската култура која ја застапуваше во изминативе 11 години! pic.twitter.com/TskwKBnQUV
— Ganka Cvetanova (@gankacv) October 16, 2018
Ваквиот повик следи откако Канческа-Милевска вчера од собраниската говорница порача дека е потребен национален консензус за ова прашање.
,,Лидерите на политичките партии да седнат на заедничка маса, ни треба консензус и дијалог наместо присилно наметнување за одржлив договор. По затворање на расправата, ние нема да гласаме дали веднаш ќе се менува Уставот, туку ќе донесеме одлука дали може нешто да направиме за договорт или не”, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Елизабета Канческа-Милевска, на собраниската седница за уставните измени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода и Карпош

Без струја денеска ќе бидат делови од општините Кисела Вода и Карпош, информира Центарот за управување со кризи.
„Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 06.08.2025 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Таки Хрисик, ул. Тони Богдановски, ул. Борис Трајковски крак 7 и ул. Андреј Богдановски. (Општина Кисела Вода)
· од 09.00 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. Франце Прешерен. (Општина Карпош)“, информира ЦУК.
Македонија
Сончево време, попладне со локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во северните делови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 33 степени.
Следува период на стабилно и топло време со пораст на дневната температура.
Македонија
На Богородица и Табановце се чека по 10-тина минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, нa ГП Богородица и ГП Табановце времето на чекање е 10-ина минути, на останатите граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.