Македонија
Претпладне облачно и магливо време, а попладне сончево
Времето претпладне ќе биде облачно, по котлините магливо, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните јужни делови ќе има услови за слаб дожд. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.
Во Скопје претпладне облачно и магливо, попладне променливо облачно. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 17 степени.
Утре времето ќе биде посончево, а в петок и в сабота повторно ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд во северните и североисточните делови од земјата.
Од петок ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено по должината на Повардарието, па дневните температури ќе се намалат за неколку степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Партискиот директор во АНБ, Бојан Христовски нема соодветни сертификати за безбедност и за англиски јазик, вели СДСМ
„Партиски назначениот директор на АНБ, Бојан Христовски во интервју за емисијата КОД потврди дека нема соодветен безбедносен сертификат. Христовски нема сетрификат „Државна тајна“ и поднел барање за ваков сертификат дури откако по партиска диркетива беше назначен за директор на АНБ“, вели СДСМ.
„АНБ како безбедносна служба располага со многу класифицирани информации од највисок степен до кои актуелниит директор нема право да има увид се додека не го добие сертификатот.
Ова ги потврдува сите сомнежи дали Христовски воопшто ги исполнува законските услови да биде на волку висока позиција.
Останува отворено прашањето дали Христовски има виситински документ за познавање на Англиски јазик затоа што приложил Уверение од училиште во Пловдив – Бугарија, а во Пловдив воопшто нема TОEFL центар за тестирање.
Понатаму, отворено е и прашањето дали Христовски воопшто има 5 години стаж на раководни позиции сигласно законските услови?
Во неговата објавена биографија недостасуваат прецизни датуми за неговото раководно искуство во УБК во периодот од 2012 до 2017 година.
ВМРО-ДПМНЕ брутално ги партизира институциите а со назначувањето на директор на АНБ води кон целосно уништување на безбедносните структури.
СДСМ бара повлекување на Христовски и назначување нов директор на АНБ со почитување на сите прописи и законски норми“, соопшти СДСМ.
Македонија
Министерот Лимани на дводневна посета во Женева на Регионален состанок – Пекинг +30
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани од денеска е во дводневна посета на Женева, заради учество на Регионалниот состанок за следење на напредокот на Пекингшката декларација и Платформа за акција за родова еднаквост (Пекинг +30).
Министерот Лимани во своето обраќање ќе зборува за досегашното спроведување на Пекингшката декларација за родова еднаквост и заложбите на земјата за наредниот пет годишен период.
На Регионалниот состанок во Женева, учествуваат земјите потписнички на Декларацијата од Европа и дел од Азија, а претходи на главниот настан кој ќе се одржи 2025 година, во Генералното собрание во Њујорк, кога се одбележуваат 30 години од усвојувањето на Пекингшката декларација и платформа за акција.
Во делегацијата која ја предводи министерот Лимани се Посебниот советник на министерот и шеф на Кабинет, Флутра Калиси и претставници од Министерството за социјална политика, демографија и млади од секторот Еднакви можности, Министерството за надворешни работи, на Националниот совет за родова рамноправност (СОЖМ) и на канцеларијата на UN Women во Северна Македонија.
Македонија
Заврши партизирањето кое го спроведуваше СДС, ја враќаме довербата и професионалноста во безбедносните служби, вели ВМРО-ДПМНЕ
„СДС се видени и прочитани дека единствено што знаат на власт е да лажат, манипулираат, да ги злоупотребуваат и партизираат институциите. А, во тоа македонските граѓани повторно се уверија и во изминатото нивно седумгодишно владеење. Не за џабе кај народот се познати како симбол на лаги, манипулации и партизирање на државата и институциите на системот“, вели ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС покажаа и докажаа дека се симбол на злоупотреба на државните ресурси за приватни и партиски цели, а институциите на системот ги претвори во партиски штабови.
Од нивната лакомост да злоупотребуваат и партизираат не ги поштедија ни едни од најклучните институции, кои се столбовите за државната безбедност, меѓу кои и Агенцијата за национална безбедност (АНБ).
Поранешниот директор на АНБ назначен, Виктор Димовски беше долгогодишен партиски функционер и тоа на највисоките тела на СДС, меѓу кои на нивниот Извршен одбор.
Тоа го потврдуваат и фактите кои ги потврдуваме со фотографии на кои убаво, јасно и прецизно се гледа Димовски меѓу останатите членови на ИО на СДС. Од фотографиите во прилог можеме да видиме дека освен во ИО, Димовски беше член и на нивниот Дипломатскиот совет. Партиските ангажмани на Виктор Димовски не завршуваат тука, тој учествуваше и во креирањето на политиките на СДС кој учествувал на јавни настани и на партиски дебати.
СДС ја партизираше и Агенцијата за разознавање со назначувањето за директор Еролд Муслиу, кој злоупотребувајќи ја позицијата, агенцијата ја претвори во нивен партиски штаб. Потсетуваме и за партизацијата на УБК кога СДС за директор го постави Миле Зечевиќ, кој своевремено беше висок партиски функционер, кој потоа стана и генерален секретар.
Затоа пак, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е одлучна да ја врати довербата на граѓаните во институции и затоа приоритет е стручноста, професионалноста и компететнтноста на кадрите. Така се постапува и при изборот на раководните кадри во во безбедносните служби, кои ќе го вратат професионализмот и интегритетот во служби и истите ќе работат независно за заштита на државните интереси“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.