Контакт

Македонија

Претпладне сончево време, попладне дожд и грмежи

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната од 27 до 36 степени, информираат од УХМР.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Во наредните денови следува период кога во претпладневните часови ќе преовладува сончево време, а во попладневните на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Поинтензивни процеси се очекуваат за време на викендот.

Македонија

Мицкоски: Власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на нападот на Палевски

Објавено пред

Власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на ваквиот крвав инцидент, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по веста дека попладнево со метален предмет бил нападнат бизнзисменот Љупчо Палевски во Скопје.

Иако имаме различни мислења за одредени теми, иако и често знае да ме критикува, но искрено и човечки давам поддршка за…

Posted by Hristijan Mickoski on Четврток, 17 септември 2020

„Иако имаме различни мислења за одредени теми, иако и често знае да ме критикува, но искрено и човечки давам поддршка за Љупчо Палевски и најостро го осудувам дивеењето по улиците и физичкиот напад врз него“, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук.

„И да не се залажуваме, власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на ваквиот крвав инцидент. Наместо Европска Македонија, добиваме држава во која мафијата со неистомислениците се пресметува со тупаници и шипки.Ако владата не го расветли инцидентот во најбрз можен рок, тогаш народот треба да знае како да се самозаштити во иднина“, вели Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Димитров: Новата методологија овозможува подинамичен и посуштински преговарачки процес

Објавено пред

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денеска се сретна со овластениот министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Гент Цакај, кој престојува во официјална посета на земјава.

Во фокусот на разговорот беа претстојната финализација на Преговарачката рамка и можностите кои се пред двете држави во наредниот период. Соговорниците се осврнаа и на успешната прекугранична соработка во рамки на европските инструменти и влијанието кои таа ги има врз зближување на луѓето и бизнисите од граничните региони.

„Новата методологија за пристапување овозможува подинамичен и посуштински преговарачки процес. Нашата цел е тоа целосно да го искористиме”, посочи Димитров.

Соговорниците заеднички се согласија дека и во периодот кој следи двете земји ќе продолжат со негување на добрососедсите односи, соработка во рамки на регионалните иницијативи, како еден од клучните предуслови за трајна стабилност и економски просперитет на целиот регион.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба Мицкоски – Ламерт: Соработката со Фондацијата „Конрад Аденауер“ продолжува

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потретседателот Александар Николоски денеска остварија средба со Норберт Ламерт, новиот директор на Фондацијата „Конрад Аденауер“.

На средбата се разговараше за постојната и идна соработка на ВМРО-ДПМНЕ со Фондацијата, како и актуелната политичка состојба во државата, како и предизвиците со кои се соочува Македонија на европскиот пат. Соговорниците нагласија дека размената на искуства и знаења со Фондацијата е многу значајна за ВМРО-ДПМНЕ, но и за Македонија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ срдечно се заблагодари за досегашната соработка со Фондацијата, која е на одлично ниво, и истакна дека истата е од особено значење, особено во периодот кога се соочуваме со предизвици во однос на реформите кои Македонија мора да ги направи за новата Методологија за членство во Европската Унија.

„Во однос на актуелната политичка состојба во земјава, Мицкоски ги посочи недостигот на реформи во клучни сектори, економската криза и поразителните економски параметри со коишто се соочуваме, големата невработеност и поразителните политики на владата во справување со здравствената криза.

Тој потенцираше дека е загрозена нашата европска перспектива, поради безидејноста и немањето на стратегија за дејствување од страна на надлежните особено на меѓународен план, дека брзата лента за членство во Унијата и реформите не се приоритет на Владата. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека однесувањето на нашиот источен сосед не е пример за европска вредност, но и дека истото е потикнато од политиката на виткање на кичма на премиерот Зоран Заев“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Мицкоски: Власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на нападот на Палевски

Власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на ваквиот крвав инцидент, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по веста...

Топ34 минути

Бизнисменот Љупчо Палевски претепан со метален предмет во Скопје

Бизнисменот Љупчо Палевски попладнево бил нападнат во Скопје. „Денеска околу 17:15 часот пријавено е дека на ул.Златко Шнајдер од страна...

Топ3 часа

Откриен случај на детска проституција, макро била 20-годишна велешанка

СВР Велес поднесе кривична пријава против Н.Д.(20) од Велес поради детска проституција. Во периодот од 4.7. до 13.7.2020 девојката во...

Култура3 часа

„Браќа Манаки“ ќе се одржи само еден ден во Битола и нема да има повеќе од 80 гости

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ нема да се одржи во својата реална форма, но достојно ќе биде одбележан...

Економија5 часа

Светската банка: Закрепнувањето на глобалната економија ќе трае пет години

Глобалното економско закрепнување од кризата предизвикана од пандемијата може да трае до пет години, изјави денеска главната економистка на Светската...

Македонија5 часа

Седуммина починати и 186 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија седум лица починaа од коронавирус, а потврдени се 186 нови случаи од 1.674 теста,...

Македонија5 часа

ЗНМ повикува на транспарентна и непристрасна истрага за рекламирањето на партиите на последните избори

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на објавата на Основното jавно oбвинителство во која информираат дека е отворена истрага...

Македонија6 часа

(Видео) Костадинов: Односите со Бугарија ги градиме во духот на договорот за добрососедство

Македонскиот јазик e признат од целиот свет, односите со Бугарија ги градиме во духот на договорот за добрососедство, изјави портпаролот...

Македонија6 часа

Владата: Потребата на родителите да не одат на работа е беспредметна

Обезбедена е целосна грижа и доволно места за децата во градинките, единствен логичен чекор е родителите да се вратат на...

Македонија7 часа

Целиот тим на ракометниот клуб Голден арт КЛ7 во изолација поради коронавирус

Ракометниот клуб Голден арт КЛ7 ги информира целокупната спортска јавноста и надлежните институции дека по натпреварот од второто коло на...

Македонија8 часа

(Видео) Ќе се гради пругата кон Бугарија

Новиот министер за транспорт и врски, Благој Бочварски, најави изградба на пруга на Коридорот 8, односно пругата до Бугарија. Тој...

Македонија9 часа

Засилени контроли во Скопје – за еден ден казнети 379 возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија...

Регион9 часа

Нова одлука во Србија – сите што се враќаат во земјата мора да се пријават во здравствениот систем

Од утре, од 18 часот, во Србија стапува во сила нова одлука – сите државјани на Србија што ќе се...

Свет9 часа

Се затвора џамијата „Ал-Акса“ во Ерусалим поради коронавирусот

Третото најсвето исламско место во светот, ерусалимската џамија „Ал-Акса“ во Израел, од петок ќе биде затворена поради зголемување на бројот...

Свет10 часа

Трамп го нарече докторот збунет, а тој му одговори: Маската ме штити повеќе од вакцина

Дури и ако вакцината против коронавирусот е одобрена во наредните недели, тешко дека ќе биде широко достапна за јавноста до...

Свет11 час

Богатите земји откупиле повеќе од половина од потенцијалната вакцина против коронавирус

Богатите нации, вклучувајќи ги САД, Велика Британија и Јапонија, веќе откупија повеќе од половина од дозите на потенцијалната вакцина против...

Свет11 час

СЗО: Дури во 2022 година светот може да размислува за враќање на животот пред Ковид-19

Дури во 2022 година светот може да почне да размислува за враќање на животот пред Ковид-19, рече д-р Соумја Сваминатан,...

Свет23 часа

Брејвик побара условно ослободување

Масовниот убиец Андерс Брејвик побара условно пуштање на слобода, изјави денеска неговиот адвокат Оејстеин Сторвик, за норвешкиот дневник „ВГ“. Брејвик...

Свет24 часа

Границите на Унгарија остануваат затворени

Унгарските граници остануваат затворени, а маските за лице задолжителни во кината, театрите и социјалните институции, со цел спречување на ширењето...

Свет1 ден

(Видео) Полицаец во САД застрелан од автомобил – пред два дена беа застрелани и други двајца

Американски сојузен полицаец е застрелан пред судницата во Феникс, Аризона, во напад од автомобил, пренесуваат американските медиуми. Офицерот го преживеал...

Досие