Македонија
Лидерите на ДОМ, Демократскиот сојуз и ЛДП со резерва за францускиот предлог на средбата со Пендаровски
Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, и со претседателот на Либерално-демократската партија, Горан Милевски, партии што се дел од владината коалиција.
Како што информираат од кабинетот на Пендаровски, на средбата се разговарало за актуелните политички случувања во земјата и за модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија.
„Лидерите на трите партии ги образложија партиските согледувања за францускиот предлог и ја истакнаа својата загриженост во однос на тоа“, се наведува во кусото соопштение на кабинетот на Пендаровски по средбата.
Претходно, пратеничката од ДОМ, Маја Морачанин, за РСЕ изјави дека синоќа дел од коалициските партнери имале средба со премиерот Ковачевски и со вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ. На средбата, вели Морачанин, се согласиле ревидираниот француски предлог да се разгледува на пленарна седница, на која ќе се гласа и за заклучоци.
Морачанин, лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов и претседателот на ЛСП, Милевски, претходно се изјаснија против францускиот предлог коментирајќи дека билатералните прашања не треба бидат дел од преговарачката рамка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

