Македонија
Приватните специјализанти на протест, бараат повисоки плати
Кофинансираните приватни специјализанти најавија протест за денеска пред Министерството за здравство за да побараат повисока плата и поради тоа што нивните специјализации не се вклопуваат во Законот за здравствена заштита. Во најавата за протестот велат дека нивната плата изнесува колку просечна плата во државата, која е пониска од минималната плата на лекар од општа медицина со 360 кредити образование.
„И покрај тоа што земаме пониска плата од нашите колеги кои немаат никаква обврска кон државата (ниту да работат во одредена институција, ниту да враќаат енормни суми на државата), плаќаме одреден дел од нашата партиципација за специјализација сами и годините што треба да ги одработиме за установата се исти како и државните специјализанти, финансиите што треба да ги вратиме се повисоки од тие на државните специјализанти, кои се во однос 1:2, а ние, кофинансираните, сè уште остануваме со однос 1:5 (5 пати повисоки од износот што е кофинансиран) доколку би се откажале од истата (беше направен обид за коригираање на одност 1:5 во 1:2 со отворање на ЗЗЗ по скратена постапка на 24.07.2019 за кофинансираните специјализанти, но неуспешно и не се спроведува) Тоа е огромна празнина во законот и крајно нефер обврзувачки договор“, велат организаторите.
Покрај ова, забележуваат што на дел од нив не им се исплатени патни трошоци и дежурства. Тие со протестот ќе побараат трансформација на работниот однос од определено во неопределено и решенија за проблемите во најкраток можен рок.
„Договорот за вработување во клиниката на неопределено време по завршување на специјализација има огромна правна празнина и можност за слободна интерпретација, така што по завршување на специјализација немаме загарантирано работно место“, велат специјализантите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

