Македонија
Приведен полицаец од Струмица кој превезувал мигранти и им зел 100 евра за транспортот
Поднесена е кривична пријава против полицискиот службеник М.Д. (29) од Струмица за злоупотреба на службена положба и овластување.
На 21 ноември пријавениот превезувал лица-мигранти од Сирија со патничко моторно возило и им изнудил парични средства за транспортот, при што од едно од нив зел две банкноти од по педесет евра, велејќи им дека истите нема да ги превезува и дека ќе ги симне од возилото додека не му дадат пари.
Како што јави МВР, при транспортот на мигрантите, пријавениот бил запрен од полициски службеници од СВР Струмица, при што мигрантите и пријавениот биле зафатени во претходно договорена акција за сузбивање на криумчарење на мигранти. Мигрантите биле пренесени во прифатниот транзитен центар „Винојуг“ Гевгелија каде истите пријавиле дека пријавениот им изнудил парични средства во висина од 100 евра.
На предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција-Скопје на пријавениот му е одредена мерка притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

