Македонија
„Приоритет на СДС и ДУИ биле сомнителни тендери, цената на автопатот Кичево – Охрид ја зголемиле за 200 милиони евра без образложение“, вели ВМРО-ДПМНЕ
„За да одиме напред, мора да имаме информации за минатото, поточно што ни остави владата на СДС. Руинирани институции кои тонат поради корупција и криминал е состојбата која ја остави владата на СДС и ДУИ“, вели ВМРО-ДПМНЕ.
„Дека единствен приоритет на претходната влада на СДС и ДУИ и бил сомнителни тендери, се гледа и од тендерот за автопатот Кичево-Охрид.
Фактите говорат дека на ДУИ и СДС приоритет им било местење на тендери, а не капитални инвестиции и изградба на инфраструктура.
Ова го потврдува Извештајот на Државниот завод за ревизија. Автопатот Кичево-Охрид, иако проектиран колку ќе чини, наеднаш станал поскап за 200 милиони евра и тоа без никакви детали.
Или кога станува збор местење тендери, ова е случај во најголем број од нив.
Одлика на тендерите на Владата на СДС и ДУИ е одложена изведба и зголемени трошоци, со што се оптеретувал државниот буџет“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Снегот се натрупува, движењето по улиците низ Чаир и Бутел отежнато
Движењето на возилата по булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел е отежнато, а снегот се натрупува. Нема трага ниту од сол на патот, ниту од служби, велат жителите.
Македонија
Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Сопиште и Илинден денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани два прекини и тоа:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на дел од село Добри Дол. (општина Сопиште)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците во село Кадино кон црквата Св.Илија, улица 6. (општина Илинден)

