Македонија
Пријавени 14 смртни случаи и 999 новозаразени од Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 7.245 тестирањa, а регистрирани се 999 нови случаи на Ковид-19 од кои во Скопје – 325, Тетово – 184, Гостивар – 132, Куманово – 79, Кичево – 50, Струмица – 42, Струга – 33, Охрид – 20, Битола, Кочани и Берово по 15, Прилеп – 14, Кавадарци и Ресен по 10, Штип и Радовиш по 8, Велес – 7, Делчево и Валандово по 6, Кратово и Македонски Брод по 5, Дебар – 4, Крива Паланка и Демир Хисар по 2 и по еден случај во Гевгелија и Свети Николе.
Во изминатото деноноќие пријавени се и 14 починати лица, од кои по петмина во Скопје (59, 74, 77, 79 и 84 години) и Тетово (61, 64, 75, 76 и 78 години), двајца од Гостивар (57 и 58) и по едно лице од Куманово (80) и Кичево (57). Еден од пријавените е починат во домашни услови, а другите се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 184 оздравени пациенти од Скопје – 72, Гостивар – 24, Тетово – 20, Куманово – 19, Кичево – 13, Битола – 7, Струмица – 6, Дебар – 5, Кочани и Кавадарци по 4, Прилеп и Валандово по 3, Радовиш – 2 и по еден во Велелс и Свети Николе.
Направените 7.245 тестови се преку: ИЈЗ-373, ЦЈЗ Скопје-59, ЦЈЗ Битола-109, ЦЈЗ Прилеп-45, ЦЈЗ Тетово–127, ЦЈЗ Куманово–107, Судска медицина-2, УК Пулмологија со алергологија – 7, ГОБ 8-ми Септември-1, Институт за микробиологија–17, Жан Митрев (Филип Втори)-180, Авицена-394, Биотек-487, Систина-109, лабораторија Лаор-574, Синлаб-76, Ремедика-26, Плодност–92, Генеа -4, Никоб лаб-770, ВФВ Медикал-55, Ели Медика-87, Ројал Медика – 83, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.461.
Досега во земјата се направени вкупно 1.073.017 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 163.452, бројката на оздравени пациенти е 151.144, на починати е 5.574, а бројот на активни случаи изнесува 6.734.
Според епидемиолошките анализи во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

