Македонија
Пријавувањето на конкурсите за ученички стипендии трае до 9 ноември
Во тек е аплицирањето за стекнување на правото на ученичка стипендија во учебната 2020/2021 година, кое трае заклучно со 9 ноември.
Конкурсите се објавени на интернет-страницата на МОН, а потребните документи (достапни на следниот линк) можат да се поднесат или хартиено преку архивата на МОН или, пак, електронски преку интернет-платформата www.konkursi.mon.gov.mk. Кандидатите кои ќе аплицираат електронски немаат обврска да ги достават документите хартиено и обратно – учениците кои поради каква било причина немаат можност или нема да одберат да аплицираат електронски, ги доставуваат документите само хартиено во МОН, а апликацијата ќе се смета за валидна и ќе биде предмет на разгледување од надлежните комисии.
Имајќи ја предвид актуелната епидемиолошка состојба во државата, во интерес на заштита на личното здравје, а со тоа и заштита на јавното здравје, Министерството за образование и наука упатува апел до потенцијалните кандидати за стипендии, доколку се во можност да го искористат електронскиот начин на поднесување на апликацијата, кој е безбеден, но и поедноставен во однос на доставата на документите во хартиена форма во просториите на МОН.
Министерството потсетува дека покрај вообичаените категории на стипендии кои беа достапи досега: стипендии за социјална поддршка на ученици, стипендии за талентирани ученици, за талентирани ученици спортисти, за деца без родители, за ученици со посебни потребни, за ученици запишани во ДСУ „Спортска академија”, стипендии за ученици Роми и за ученици од угостителско-туристичката струка, за оваа учебна година Министерството за образование и наука обезбеди и неколку дополнителни категории на стипендии за учениците од средното стручно образование.
Имено, можност за аплицирање за стипендија имаат и учениците од машинска, земјоделско-ветеринарна, текстилно-кожарска, електро-техничка и градежно-геодетска струка. Изборот на овие струки е направен врз основа на истражување за потреба од вештини на пазарот на трудот во Република Северна Македонија за 2020 година, спроведено во соработка со Агенцијата за вработување.
Дополнително, покрај конкурсите за доделување ученички стипендии, МОН информира и дека во тек е конкурс за поврат на средства за купен музички инструмент за учебната 2020/2021 година, со кој на 25 ученици, запишани во државните средни училишта во кои се реализираат планови и програми за музичка уметност, а кои ќе ги исполнат конкурсните услови, Министерството за образование и наука ќе им изврши поврат на дел од средствата за купен музички инструмент во висина од 75% од исплатените средства, но не повеќе од 100.000 денари по инструмент. Аплицирањето трае 60 дена од денот на објавата на конкурсот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.
Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер. Преку денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 18 степени.
Македонија
Дел од улицата Партение Зографски денес без струја
ЕВН Македонија извести дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од ул.Партение Зографски од раскрсницата со ул.Рилски Конгрес до Бул. Тодор Александров ( општина Центар )
Македонија
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Битола-Државна граница со Грција
Во 20:00 часот на крак А-3 Битола – Државна Граница со Р.Грција во близина на крстосница за с.Бистрица и с.Оптичари, случена е сообраќајна незгода, поради што сообраќајот на патниот правец Битола – Држ. граница е во прекин и истиот ќе се пренасочи низ.с.Бистрица и с.Породин соопшти АМСМ.

