Контакт

Македонија

Променливо облачно време со сончеви периоди

Објавено пред

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите да бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, околу пладне и попладне нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за поинтензивни процеси. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 27 степени.

До недела, велат од УХМР, продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, претпладне со сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. Температурата во следните денови нема значително да се менува.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Попладнево силен ветер и услови за невреме

Објавено пред

Во пладневните часови како што инофмираат од УХМР на повеќе места низ државата дува засилен ветер а во 12 часот најсилен е ветерот во Битола кој повремено достигнува брзина до 40 километри на час.

Засилен ветер исто така дува во Штип, Ѓуриште и Тополчани.

Попладне ќе продолжи да дува умерен до силен ветер претежно од југозападен правец, повремено и со брзина од над 70 километри на час.

Од крајот на денешниот ден, преку ноќта и утре претежно претпладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и на местата со поројни врнежи засилен ветер од променлив правец. На места процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, со пообилен пороен дожд за кратко време, силни електрични празнења и појава на град. Утре и во сабота температурите ќе опаднат за 4 до 5 степени.

Засилен претежно северен ветер ќе има и во текот на утрешниот ден, особено вдолж Повардарието.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Прикажи повеќе...

Македонија

Град Скопје ќе им додели по 10.000 денари на 194 пожарникари што учествуваат во гаснењето на пожарите

Објавено пред

Градот Скопје ќе им додели парични награди од 10.000 денари на 194 пожарникари коишто се дел од 3 екипи што со 3 возила на Противпожарната бригада на Градот, придружувани со 3 цистерни вода, учествуваат во гаснењето на пожарите што ја зафатија РС Македонија.

Паричните награди, како што посочуваат од градот им се доделуваат заради нивниот вонреден ангажман во гаснењето на пожарите и вон територијата на Град Скопје, односно нивната пожртвуваност да им помогнат на жителите и на сите други учесници во гаснењето на огнената стихија што ги зафати Старо Нагоричане, Кочани и Пехчево.

„За да овозможи што подобри и побезбедни услови за работа на пожарникарите Градот Скопје континуирано вложува во човечкиот, но и во преостанатиот инфраструктурен потенцијал како нова, модерна и побезбедна опрема и возила за Противпожарната бригада. Во изминатите 4 години Градот Скопје ги зголеми платите на пожарникарите, а се зголемува и капацитетот на бригадата, односно се вработени вкупно 41 пожарникар, а во тек е конкурсот за вработување на уште 20 нови пожарникари; со што се доближуваме и до исполнување на европските стандарди согласно кои пропорцијата треба да биде еден пожарникар на 1.500 жители“, соопштија од Град Скопје.

Дообјаснуваат дека се вложува многу во опремувањето на противпожарната бригада, односно набавено е ново специјализирано возило – 45 метарска противпожарна скала со која брзо и ефикасно ќе може да се спасат сите граѓани кои живеат и повисоко од 5-ти кат на скопските висококатници. Ова повеќенаменско возило има и дополнителна опрема како пумпа за вода со капацитет од 45.000 литри во минута, а самата скала може да се користи и како кран за подигање товар од 4 тона. Според Град Скопје, набавени се и нови изолациони дишни апарати, униформи и чевли кои ги задоволуваат сите стандарди за безбедност, а обновена е и противпожарната опрема со нови црева и арматури. 35 години старата аналогна телефонска централа е заменета со современа нова дигитална централа, а набавена е и опрема за справување со шумски пожари со што се подига нивото на заштита на природата на комплексите Водно, Сарај и Матка, информираат од таму.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Стоилковски: Ангелов купува телефони и мебел, а нема пари за соодветна ПП заштита

Објавено пред

Според дел од документите кои што ги поседуваме, со потпис на Стојанче Ангелов само годинава се потрошени 200.000 евра со измени на планот за јавни набавки на ЦУК за мебел, телефони и луксузи, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Столковски.

„Стојанче Ангелов додал над 1.000.000 денари за мобилен телефон, со измена на годишниот план за јавни набавки на ЦУК. Според овој пак документ од 7-ми април годинава Стојанче Ангелов потпишал 2.700.000 денари за канцелариски мебел и компјутери. Над еден милион за купување на канцелариски мебел и еден милион и 700.000 за информатичка опрема. Сервисирањето на канадерите, единствените средства за навремено справување со огнена стихија во шума, во планина, каква што ја зафати Македонија чинело 400.000 евра. Ама тоа било скапо. За телефоните и фотелјите на Стојанче не е скапо, за канадерите е скапо“, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, Зоран Заев го награди Стојанче Ангелов заради тоа што цела Македонија како што рече е доведена во опасност.

„Стојанче е награден затоа што Македонија е изложена на потсмев во светот, заради несервисирани канадери, ПП возила од пред цел век, заради почеток на акција цели три дена по информациите дека има шумски пожар! Ангелов купува телефони и мебел, а се нема пари за соодветна ПП заштита. Но Стојанче смета дека не е одговорен и не било негова надлежност, а Зоран Заев го унапредува! По се изгледа, работата на Стојанче Ангелов е да зема плата од буџетот за да се фотографира, да го фали Заев, и да се луксузира во канцеларии со нов мебел и опрема додека Македонија се пеплосува“, нагласи Стоилковски.

Додаде дека Зоран Заев за директор на ЦУК избра како што вели нестабилен, несериозен и човек без елементарни познавања за функцијата на која што е поставен.

„Едноставно, Стојанче Ангелов нема чувство за одговорност! И со изборот на Заев на Стојанче Ангелов граѓаните во Македонија се доведени во опасност. И се што се случувало до сега и што ќе се случува понатаму, не е одговорност само на Стојанче Ангелов, туку и директно на Зоран Заев“, нагласи Стоилковски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

Ангелов најави акциски план за справување со пожарите

Откако Владата денеска прогласи кризна состојба во траење од 30 дена поради пожарите кои ја зафатија Македонија, директорот за Центарот...

Македонија3 часа

Владата прогласи кризна состојба во траење од 30 дена поради зголемената појава на пожари

Владата на денешната 95. седница, која се одржа изутринава, донесе одлука за постоење кризна состојба на територијата на Република Северна...

Топ3 часа

72-годишен битолчанец извршил полов напад врз десетгодишно девојче

Маж од Битола на возраст од 72 години е осомничен дека сторил полов напад врз дете што не наполнило 14...

Топ3 часа

Татко си ја малтретирал својата ќерка, ја удирал со тупаници и ѝ се заканувал на сопругата дека ќе ја убие

38-годишен жител од Брвеница, татко и сопруг е осомничен за малтретирање на својата ќерка и за семејно насилство над неговите...

Македонија3 часа

Активни пожари во Битолскиот, Струмичкиот, Кумановскиот и во Штипскиот Регион

Активни пожари има во Битолскиот, Струмичкиот, Кумановскиот и во Штипскиот Регион, соопштија од Центарот за управување со кризи. Според објавата...

Европа4 часа

Пожарите во Грција не стивнуваат, населението се евакуира, огнената стихија уништи куќи

ЕУ испрати помош за Грција и другите земји од Југоисточна Европа, кои се борат со големи пожари. Помошта дојде еден...

Македонија4 часа

Ангелов: Пет хеликоптери го гаснат пожарот кај Пехчево, ако дозволат условите, ќе емитувам во живо

Пет хеликоптери, три српски и два македонски, полетаа од скопскиот аеродром кон Пехчевскиот Регион, соопшти утрово директорот на Центарот за...

Македонија5 часа

Владата ќе го разгледува предлогот за воведување кризна состојба во државата поради пожарите

Владата, денеска, во 8.30 часот треба да одржи седница за предлогот на Управувачкиот комитет за воведување кризна состојба во траење...

Македонија17 часа

Стојанче Ангелов од вршител на должност стана директор на ЦУК

Владата на денешната 94 седница донесе одлуки во однос на повеќе кадровски решенија. Така, Стојанче Ангелов кој досега беше вршител...

Македонија19 часа

Награди од по 10.000 денари за пожарникарите кои го гаснеа пожарот кај Кочани

Владата на седница одлучи да ги награди сите пожарникари вклучени во гаснењето на пожарот кој го зафати Кочани и околината....

Македонија19 часа

Албански државјанин приведен за подметнување на пожар, има осомничен и за оној во Старо Нагоричане

Попладнево од страна на полициски службеници од полициското одделение Галате уапсен е 32-годишен албански државјанин со иницијали Л.А, кој илегално...

Македонија21 час

Владата ја разреши директорката на инспекторатот за животна средина

Владата ја разреши директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска, по барање на нејзината матична партија ДОМ. Од...

Македонија23 часа

Регистрирани 164 нови случаи на Ковид-19, пријавени се три починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на...

Топ1 ден

Камион излетал од патот во близина на ГП Блаце, возачот починал од срцев удар

Товарно возило со косовски регистарски ознаки вчеравечер излетало од патот во близина на Граничниот премин Блаце соопштија од МВР. Возачот...

Регион1 ден

Почина Мирослав Лазански

Почина српскиот новинар, воен аналитичар, политичар и дипломат Мирослав Лазански на 71-годишна возраст. Лазански починал во својот дом во Белград...

Европа1 ден

(Видео) Две загинати лица и десетици повредени во судир на два воза во Чешка

Две лица загинаа, седум се во критична состојба а 31 лице се повредени во судир на два патнички воза во...

Македонија1 ден

Македонија е во портокалова фаза – да се почитуваат мерките за заштита од топлотниот бран, порачуваат надлежните

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавците, негувателите и воспитувачите во градинките, вработените во центрите за социјална работа...

Македонија1 ден

Две дози вакцина во државата примиле 401.336 граѓани

Прва доза вакцина вчера примиле 3.909 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.939 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 920.442...

Регион1 ден

(Видео) Грчките пожарникари цела ноќ се бореа со пожарите, гори и предградие на Атина

Вкупно 81 пожар избувнаа во Грција во последните 24 часа, а пожарникарите сѐ уште се борат со 40 од нив, кои...

Свет1 ден

Њујорк воведе ковид-пасоши – во ресторан и театар може само вакцинирани

Во Њујорк нема да може да се влезе во ресторан, спортска сала и во театар без потврда за вакцинација, изјави...

Досие