Македонија
Променливо облачно со повремен локален дожд
Променливо облачно со повремен локален дожд, наместа краткотрајно пороен, проследен со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец, извести УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. UV=5
Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб краткотраен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Од петок следува период на стабилно и потопло време со слаб до умерен североисточен ветер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Заев и Спасовски преку Катица Јанева ја управувале работата во СЈО“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„СДС, Заев и Спасовски, преку Катица Јанева, контролирале кои предмети СЈО ќе ги обработува, кој обвинител ќе ги води и кои лица ќе бидат опфатени. Обвинители како Ленче Ристоска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Лиле Стефановска ги обработувале овие предмети, додека Јанева имала улога на координатор, бидејќи немала експертиза во материјата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СЈО работело под директна насока на Зоран Заев и СДС. Советник на министерот за внатрешни работи, Спасовски, за време на техничката влада пред околу 10 години, во канцелариите на СЈО му рекол на обвинителот Кадриу дека треба да се прошири опфатот на лица во одреден предмет. По нејзиното одбивање, тој заминал да се жали на друго место, а Кадриу подоцна била отстранета од работа.
Заев и Спасовски преку Катица Јанева ја управувале работата во СЈО. Спасовски преку неговиот советник давал насоки за избор на предмети и кој обвинител кој предмет ќе го работи, кои лица треба да се опфатат и кој да одговара.
Катица Јанева била само координатор додека предметите ги работеле и Ленче Ристоска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Лиле Стефановска.
Кривичните пријави биле доставувани на лист и незаконски пренесувани од ЈО во СЈО по политичка желба на СДС. Поранешната обвинителка Лејла Кадриу како што сведочи била отргната од СЈО бидејќи не сакала да учествува во криминалот на Јанева поради што и била избркана од работа.
Прислушуваните разговори „бомбите“ првично не можеле да бидат доказ, но со само една одлука на апелационен судија биле прифатени во судските постапки.
Постоеле координирани врски меѓу СЈО, обвинителството и судството за да се прифаќаат предмети по насока на СДС, Зоран Заев и Оливер Спасовски. Судии кои не соработувале биле изложени на притисоци и закани. Секој што не бил „тимски играч“ со Јанева и СЈО бил под притисок, а еден поранешен судија и претседател на суд бил осуден.
СЈО на Катица Јанева и Заев се најголемиот срам за правосудниот и обвинителски систем во државата кој дополнително ја поткопа недовербата во институциите. ЈО да го испита целиот случај и одговорноста кај инволвираните“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Одбија Законот за 600 евра плата да биде на дневен ред, сакаат авион за Мицкоски“, велат од СДСМ
„Пратениците од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, на вчерашната собраниска седница застанаа против работниците: одбија Законот за минимална плата од 600 евра да биде ставен на дневен ред“, велат од СДСМ.
„Иако СДСМ го поднесе предлогот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата на 31 јануари, со што согласно Деливникот целосно беше исполнет условот точките поднесени до крајот на минатиот месец да бидат ставени на вчерашаната седницата.
Додека работниците протестираа пред македонското Собрание, внатре во собраниската сала беа понижени од пратениците на тендер коалиција ВМРО-ЗНАМ
Затоа, во знак на протест пратениците на СДСМ ја науштија седницата.
Барањата на претставниците на Сојузот на синдикати за зголемување на минималната плата на 600 евра или 36.960 денари се реални и издржани. Во буџетот има пари, само со пренамена на две категории се обезбедуваат 200 милиони евра, доволно да им се излезе во пресрет на работниците.
Но, владата на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не сака да ја покачи минималната плата, го избра сопствениот луксуз наместо потребите на работниците.
Додека работниците едвај врзуваат крај со крај, додека минималната плата не ги покрива ниту основните трошоци за живот, Владата мисли на купување авион за Мицкоски, за нови туристички патувања, како она во Давос“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина:
· од 06:00 – 10:00 часот, корисниците од ул. Пајак и ул. Наум Наумовски Борче. (Општина Центар)
· од 08:00 – 12:00 часот, дел од корисниците од ул.Пејо Јаворов (општина Кисела Вода)
· од 09:00-11:00 часот корисниците од улиците со бр. 406 и бр, 408 во с. Марино. (Општина Илинден)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улица со бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улиците Индира Ганди, Брсјачка Буна, Овчеполска, Пелагонија, Демирхисарска, Сландол, Хаџи Јован Шишков,Злетовска, Тиквешка и ул.Нов Живот. (Општина Шуто Оризари)

