Македонија
Пронајдено уште едно тело, дете е 45. жртва во изгорениот автобус во Бугарија
При дополнителен преглед на изгорениот македонски автобус што се запали на автопатот „Струма“ пронајдено е уште едно тело, пренесе Бугарската национална телевизија (БНТ).
Станува збор за дете, потврдил заменик-главниот обвинител и шеф на Националната истражна служба, Борислав Сарафов, за тамошните медиуми.
Така, бројот на жртвите во тешката сообраќајна несреќа се искачи на 45, како што првично беше објавено. Седуммина патници се спасени и во моментот се на лекување во софиската болница „Пирогов“.
Вчера, бугарските истражни органи соопштија дека во остатоците од автобусот се пронајдени 44 трупа од жртви. Тие добиле информација оти во автобусот патувале 52 патници, а во болница се лекуваат 7 лица, па така беше нејасно каде е уште едниот патник што бил регистриран дека е во автобусот.
Македонските власти веќе формираа работна група за транспорт на повредените од софиската болница и посмртните останки на загинатите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни, на планините врнежи од снег
Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Во источните делови ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен повремено силен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува засилен повремено силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток времето ќе биде стабилно, а во четврток ноќта и во петок ќе има нови пообилни врнежи.

