Македонија
Протоколот за НАТО денеска и утре ќе го ратификуваат Романија и Литванија
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, од вчера престојува на работна посета во Романија, каде што за денеска е закажан чинот на ратификација на протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО во Сенатот на Романија.
Утре, Џафери ќе престојува во Литванија, каде што исто се очекува ратификување на протоколот за НАТО.
Претседателот на Собранието ќе има кратко обраќање пред пратениците во Сенатот на Романија и пред пратениците во Сејмот на Литванија. Од Сејмот ќе биде овозможен директен пренос на Собранискиот канал. Во рамките на овие работни посети Џафери ќе има и билатерални средби со домаќините и со други државни претставници од Романија и Литванија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот кон Ќафасан поради сообраќајка
Поради сообраќајна незгода сообраќајот према ГП Ќафасан е во прекин во двата правци, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Сончево време со температура до 6 степени
Времето ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до силен северен ветер и наместа ќе има услови за провејување на снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -4, а максималната ќе достигне од -3 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, претежно сончево и студено со умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Во четврток и во петок ќе се задржи студено време со минимални температури кои насекаде ќе бидат негативни, а локално ќе се спуштат и под минус 10 степени.
Од петок и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи, претежно од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурите ќе биде во пораст.
Македонија
Сообраќајна несреќа на патот Кочани – Штип, сообраќајот во прекин
Од 20:30 часот сообраќајот на магистралниот пат А-3 Кочани – Штип (с.Долни Подлог – с.Тркање) е во прекин, поради сообраќајна незгода.
Сообраќајот се пренасочува преку с.Тркање кон екпресен пат Кочани – Штип, соопшти АМСМ.

