Македонија
Професорите од УКИМ: Пријавата против ректорката Ангелова да биде приоритет за антикорупциската комисија
Професори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ бараат од антикорупциската комисија пријавата против ректорката, Билјана Ангелова, да биде приоритет.
Професорите во писмо до медиумите велат дека поминаа повеќе од дваесет дена од поднесувањето на пријавата за прекршување на законот од страна на ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Билјана Ангелова, до Државната комисија за спречување на корупцијата.
„Сето она што го наведовме во пријавата за нас укажува дека лицето Ангелова не само што со години го прекршува законот туку и личниот интерес и интересот на бизнисот го има поставено над интересот на Универзитетот. Дури и натаму перманентно се случува урнисување на УКИМ поради личните бизнис-интереси на Ангелова, за нас надеж дава јавно објавената информација дека Комисијата постапува по пријавата. Затоа и јавно апелираме до Државната комисија за спречување на корупцијата овој предмет да има приоритет бидејќи станува збор за работењето и за интегритетот на најстариот универзитет во земјата. Истовремено, апелираме до Комисијата да не подлегнува на обидите за притисок од лицето Ангелова за што сведочи и злоупотребата на името на УКИМ за негирање на фактите и јавно достапните информации и за своите одлуки да ја извести јавноста преку јавно соопштение или прес-конференција. Апелираме и до сите други надлежни институции да соработуваат со Државната комисија за спречување на корупцијата во врска со овој предмет и за сите наводи да постапат во рамките на своите надлежности за да се заштити Универзитет ‘Св. Кирил и Методиј’ во Скопје“, се вели во писмото.
Се додава дека Ангелова од позиција на проректор и сега ректор на Универзитетот вршела и врши настава и на приватни т.н. академии, па уште еднаш јавно прашуваат: „Дали за Ангелова бизнисот со приватни академии е поважен од државниот УКИМ, кој затоа тоне? Дали Ангелова свесно го урнисува УКИМ со фаворизирање на приватниот бизнис?“
Професорите велат и дека само два дена по нејзиниот избор за ректор на УКИМ, јавно, со реклама и видеообраќање, Ангелова повикува на упис на приватната „Прогресив академија“. Притоа и лажно тврди дека таа е единствената академија на која се стекнуваат знаења, кои се дел од првиот, вториот и од третиот циклус студии на Економскиот факултет во Скопје, но и дел од наставата на Економскиот институт.
Само десет дена пред од функцијата проректор за финансии да премине на функцијата ректор, велат професорите, таа е и водечкото лице за повикување за упис на приватната т.н. академија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos

