Македонија
„Прочитани се синдикалците на батерии како Иван Пешевски, кои зборуваат за минималец, а тие уживаат во високи плати и привилегии“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Игрите на таканаречените синдикалци, со енормно високи примања, се прочитани и на нив никој не им верува. Иван Пешевски и Слободан Трендафилов, кои во јавноста се претставуваат како душегризници за работничките права, всушност ги интересира само нивните високи плати, придобивки и привилегии“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Додека глумат загрижени за работниците и додека ја споменуваат минималната плата, на грбот на истите тие работници дебело профитираат.
И оваа лицемерна грижа за работниците и високите примања на Пешевски и Трендафиловски, почнаа да се обелоденуваат свиркачи од СДС на кои им е преку глава од нивното лажење и манипулирање.
Оттука се поставува прашањето, дали Иван Пешевски глуми гласен синдикалец затоа што зема плата висока 80.000 денари?
Информациите кои што ги доставија свиркачите од ССМ покажуваат дека платата на наводно загрижениот синдикалец Пешевски е три пати повисока од минималната.
Додека глуми загрижен синдикалец и ги манипулира работниците со минималната плата, Иван Пешевски за четири месеци заработува колку што работниците можат да заработат за една година.
Тука не застанува лицемерието и дебелото профитирање на Пешевски. Тој, минатата 2024 година и првите два месеци од годинава, остварил дополнителни приходи и по други основи со договори на дело и заедно со платата инкасирал 1.3 милиони денари.
Ако ова сума на инкасирани финансиски средства се преведе во минимални плати, Иван Пешевски кој ги лаже и манипулира работниците за минималец, лани земал пари колку еден работник од неговиот синдикат не може да земе ниту за четири години макотрпна работа.
Од сево ова произлегува дека Пешевски и Трендафиловски не водат таканаречена борба за работнички права, туку борбата единствено им е за свои високи лични примања и привилегии, а синдикалната активност им е единствени инструмент за нивно лично профитирање.
И во ова се прочитани и никој не им верува, а работниците знаат дека тие се синдикалци на батерии и дека работат само за свои интереси“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Уште еден вознемирувачки напад врз бугарски државјанин во Северна Македонија!“, напиша Ковачев

„Сериозно сум загрижен од она што се случи денес со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска – бугарска државјанка. Ги повикувам Министерството за надворешни работи и бугарската амбасада во Скопјe веднаш да ѝ обезбедат правна, конзуларна и морална заштита“, напиша бугарскиот европратеник Андреј Ковачев на социјалните мрежи.
„Ова е уште еден случај на насилство, малтретирање и јавно линчување врз бугарски државјани кои држат високи јавни функции и стекнале бугарско државјанство врз основа на докажано бугарско потекло – само затоа што се осмелиле да се изјаснат како Бугари.
За жал, притисокот е толку силен што нашите сонародници се принудени да го кријат или негираат својот бугарски идентитет. Сличен случај неодамна беше со министерката за енергетика Сања Божиновска, со неколку пратеници од владејачката ДПМНЕ, како и со луѓе од најблискиот семеен круг на сегашниот, минатиот и претходните премиери на земјата.
Бугарската држава има должност кон своите над 216.000 бугарски државјани во Република Северна Македонија, кои станале такви по своја слободна волја, го докажале своето бугарско потекло со документи и со свој потпис изјавиле дека сега се чувствуваат како етнички Бугари. Бугарија е должна да ги заштити нивните права, безбедност и човеково достоинство“, додаде Ковачев.
Македонија
„Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски се огласи на социјалните мрежи, по нападот врз градоначалничката Данела Арсовска.
„Она што ѝ се случи денес на Данела Арсовска не е „инцидент“. Тоа е директен напад врз институцијата, врз една жена, врз јавниот поредок.
Со клоци, со пцуење, со закани за силување и убиство на нејзиното семејство.
И што? Ќе викаме „демократија“?! Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски.
Македонија
(Видео) Арсовска објави снимка од нападот: Јас го напаѓам него или тој мене?

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска објави снимка од денешниот напад врз неа, на социјалните мрежи.
Во објавата на социјалните мрежи, Арсовска прашува дали таа напаѓа или е нападната и се брани.