Македонија
Распределбата на средствата на ТАВ за општините е обид за предизборен поткуп, обвинува опозицијата
Распределбата на средствата на ТАВ за општините не е ништо друго освен обид за предизборен поткуп, наведе опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
Станува збор за поделба на 49,7 милиони евра за општински проекти од програмата од средства од концесиите на турски ТАВ.
„На неполни 3 месеци пред одржување на локалните избори, СДСМ и Зоран Заев се расфрлаат со парите на граѓаните, за да стигнат во кампања барем да започнат еден од многуте проекти, кои неговите градоначалници не беа способни 4 години да ги реализираат. Ваквата „награда“ за градоначалниците на СДСМ и ДУИ е целосно корумпирање на изборниот процес од една страна, а очајнички и неумесен обид за затскривање на неспособноста на нивните градоначалници“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, и покрај повеќето пакети за помош на општините и јавните комунални претпријатија, минатата година долгот повторно пораснал за 6,5 милиони евра, а вкупниот долг на општините и општинските претпријатија изнесува фрапантни 114,7 милиони евра.
Покрај долговите, велат од ВМРО-ДПМНЕ, Македонија е рекордер и во загубите на вода, каде вкупно се соочуваме со загуби во висина од речиси 62 проценти. Додека неспособните локални власти на СДСМ немаат капацитет да се справат со загубите, во сред лето и температури над 40 степени без вода се оставени наите граѓани, каде изминатиов период дефекти и рестрикции за вода се соочуваа жителите на Дебар, Градско, Штип, Скопско Љубанци.
Поматаму, ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека секојдневно сме сведоци на стотиците партиски огласи за вработување, каде се преполнуваат веќе превработените општински администрации.
„Од парите кои ги доделува Владата од ТАВ Програмата, голем процент од средствата се доделуваат за проекти за чија реализација ќе бидат потребни повеќе години. Причината на нивното доделување на 3 месеци пред изборите е со единствена цел истите да се започнат во време на изборната кампања, а со тоа да се обидат да го замачкаат 4 годишното неработење на нивните градоначалници“, се додава во партиското соопштение.
Опозицијата верува дека власта ќе биде казнета на локалните избори и побара одговорност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

