Македонија
Расте бројот на пожари низ Македонија: во моментов активно беснеат 12, познато е каде гори
Центарот за управување со кризи во последното деноноќие регистрира вкупно 35 пожари. Од нив 12 се се’ уште активни, а останатите 23 се изгасени.
Вкупно активни: 12
– Општина Чашка; с.Габровник, с.Мокрени, (мешана шума и ниска вегетација);
– Општина Чашка; с.Јаболчишта и с.Дреново врв Лисец ( високостеблеста вегетација);
– Општина Росоман; с.Сирково и с. Мрзен Ораовец (нискостеблеста шума и ниска вегетација);
– Општина Кавадарци; с.Фалиш (ниска вегетација, драч, жбун и сува трава);
– Општина Штип; помеѓу селата Драгоево и Селце, с.Пухче и с. Пиперово (ниска вегетација и грмушки);
– Општина Долнени;с. Небрегово ( нискостеблеста шума);
– Општина Велес; кај Пашин мост(нискстеблеста вегетација);
– Општина Градско;с.Подлес и с.Чичево ( мешана шума);
– Општина Македонски Брод; село Тaжево кон Брезница (борова шума);
– Општина Неготино; пожарот кај армискиот полигон Криволак во правец штипско рамниште од неготинка страна е ставен под контрола;
– Општина Ново Село; с.Бадилен (мешана шума);
– Општина Делчево;градска депонија Делчево(депонија).
Изгасени пожари: 23
– Општина Студеничани 2 пожари, место викано Бегово Поле (Ниска вегетација и Шума); с.Алдинца (Ниска вегетација и мешена шума);
– Општина Неготино; с.Калањево (Ниска вегетација и мешена шума);
– Општина Свети Николе; кај с.Црнилиште према с,Кнежје (Ниска вегетација);
– Општина Крива Паланка; с.Добровница м.в.Милошинци (Ниска вегетација);
– Општина Куманово; место викано Стари лојза (Ниска вегетација);
– Општина Струмица; с.Водоча (Ниска вегетација и мешана шума);
– Општина Долнени; с.Слепче и с.Гостиражни (ниска вегетација и дабова шума);
– Општина Радовиш 2 пожари; с.Штурово (Ниска вегетација и мешена шума);с.Конче(ниска вегетација)
– Општина Македонски Брод 2 пожари; с.Слатино кај Грешница (нискостеблеста шума, ниска вегетација); : с.Девич (дабова шума);
– Општина Свети Николе; с.Црнилиште према. с,Кнежје(сува трева);
– Општина Битола 2 пожари; м.в Смолево(ниска вегетација и шума); ; ул.Караорман 111(ниска вегетација);
– Општина Зелениково;с.Вражале(нискостеблеста шума,даб);
– Општина Крушево 2 пожари; м.в.Стопанство(ниска вегетација) и с. Норово(нискостеблеста дабова шума);
– Општина Охрид ул.„Живко Чинго(депонија);
– Општина Штип;кај фабриката за мебел „Мебел инжинеринг(ниска вегетација);
– Општина Мак.Каменица; с.Моштица(ниска вегетација);
– Општина Гевгелија; кај Серменин (мешена шума);
– Општина Арачиново;с.Арачиново(ниска вегетација);
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos

