Македонија
Рауфи: Вештачењето на оружјето во случајот „Монструм“ е монтирано од МВР

Денеска бевме сведоци дека случајот „Монструм“ не е монтиран од страна на МВР само со заштитениот сведок и автомобилот, туку и со извршеното вештачење за земјата и оружјето кое било користено кај Смилковско Езеро, рече адвокатот на обвинетите, Насер Рауфи.
Тој истакна дека сомнително е тоа што доставените примероци за вештачење, односно чаурите не се знае кој ги однел на вештачење во МВР, со што се јавува сомнеж дека за една од чаурите пронајдена во Белимбегово, за кои вештаците тврдат дека одговара на оние од Смилковско Езеро, е подметната помеѓу останатите.
„На сликата со број 13, каде има три чаури на едно место, не е возможно две да не одговараат со оние од Смилковско Езеро, а една да одговора. Тука се јавува сомнеж дека таа една чаура е извадена од депото на МВР и вметната со останатите“, рече Рауфи.
На денешното рочиште за „Монструм“ вештаци од МВР ги изнесоа наодите од вештачењето од земјата кај Смилковско и оружјето што наводно било користено при петкратното убиство.
Наредното рочиште е закажано за 26 октомври каде случајот ќе продолжи со доказна постапка со наодите од останатите вештаци.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мртва девојка пронајдена во скопско Волково

Утрово во скопско Волково е пронајдено безживотно тело на девојка чиј идентитет засега е непознат. Според неофицијални информации, на телото немало траги од насилство.
Од МВР засега не можат да дадат потврда ниту информации, велат дека случајот се проверува.
Вчера, пронајдено беше безживотното тело на скопјанецот Горан Атанасовски, кој семејството го пријави за исчезнат во средата. Телото на Атанасовски било во бездна, а на патото било оставено возило марка „поло“.
Македонија
Градежен шут, бетонски огради, палење трска – ДОМ бара инспекциска контрола во Калишта

ДОМ бара локалниот и државниот инспекторат за градежништво и за животна средина веднаш да излезат на терен во потегот помеѓу Струга и Калишта.
„Надлежните институции се должни да одговорат на бројните реакции од граѓани за поставување бетонски огради, палење трска и друга вегетација и депонирање градежен шут во овој предел“, велат од ДОМ.
Од партијата потсетуваат на потребата од спроведување на заклучоците од Надзорната собраниска расправа за управување со Охридскиот Регион, со цел зачувување на природното и културното наследство заштитено од УНЕСКО.
Македонија
Новини во системот „Мој термин“, се воведуваат два нови упати, „итен 24“ и „упат без термин“

Министерството за здравство и Управата за електронско здравство воведуваат новини во националниот систем Мојтермин со цел, како што велат од Министерството, подобрување на здравствената евиденција и поедноставување на работата на здравствените работници, но пред сè заради оптимизација на процесот на упатување на пациентите и побрзо добивање на услугата која им е потребна на пациентите.
Најзначајната новина што се воведува се два нови упати, од кои првиот тип е „итен 24“, кој ќе се издава доколку лекарот кој врши преглед утврди дека пациентот заради неговата состојба животозагрозувачка итна состојба е неопходно да биде прегледан од специјалист, односно супспецијалист или да му биде извршена одредена дијагностичка процедура во рок од 24 часа.
Вториот тип на упат се нарекува „упат без термин“ и се користи во случај кога пациентот има потреба од преглед, поврзан со остварување одредено право и прегледот треба да се изврши во следните седум дена. Овој тип упат ќе се користи доколку во установата каде што се упатува пациентот не постои слободен термин во следните седум дена за т.н. регуларен преглед.
Имено, упатот без термин нема да се користи за прв преглед, туку за остварување права и обврски на осигурениците од задолжително здравствено осигурување, и тоа за: препорака за боледување, препорака за користење хронична терапија, препорака и издавање ортопедски помагала, остварување право на БПО, остварување други права за кои е потребно мислење од специјалист/супспецијалист/ конзилиум на лекари, преглед/аплицирање терапија, која поради здравствената состојба треба да се изврши во рок од 24/48/72 часа.
Во делот на болничко работење се воведува нова мерка, со која отпусното писмо задолжително ќе се издава на денот на испишување на пациентот од болница, а најдоцна во рок од 24 часа. Доколку за пациентот се чека хистопатолошки наод се издава отпусно писмо со работна дијагноза, а по добивање на резултатите и отпусно писмо со конечна дијагноза.
Исто така, интерклиничкиот упат и интерболничкиот упат се спојуваат во еден тип – упат за трансфер на хоспитализиран пациент.
Управата за електронско здравство, заедно со ФЗОМ во изминатиов период работеше на подготовка на правната регулатива во овој сегмент, во соработка и консултација со јавните здравствените установи и Лекарската комора на Македонија.
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал
- Македонија2 месеци
(Видео) Кога општеството потфрла, кучето Бен му помага на момчето со церебрална парализа