Македонија
ОЈО ќе го истражува ревизорскиот извештај на МЕПСО за 2016 година
Ревизорскиот извештај на МЕПСО за 2016 година ќе биде испратен до Основното јавно обвинителство, соопшти денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски. Одлуката за извештајот била донесена на вчерашната владина седница со цел да се направи дополнителна проверка на два индикативни наода и започнување евентуални постапки. Тој образложи дека првата се однесува за купување имот.
„Во 2011 година МЕПСО добила понуда да откупи имот од 2.178 квадратни метри, по цена од 3,7 милиони евра, што ја одбива. Две години подоцна, друго правно лице, му го продава на МЕПСО истиот имот, по цена од 4,8 милиони евра“, изјави Бошњаковски.
Говорејќи за втората информација, Бошњаковски посочи дека таа се однесува на времето на двоење на „Електростопанството на Македонија“ кога дел од мрежата во сопственост на МЕПСО не бил впишан во катастарот како дел од имотот на компанијата. Портаролот образложи дека ЕВН ги имало издадено овие објекти под закуп и зело хипотекарен кредит. Во ревизорскиот извештај, рече тој, наведено е дека оваа ситуација мора да се расчисти, односно дека имотот е во државна сопственост.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

