Македонија
Регистрирани 115 новозаразени и седуммина починати од Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-53, Куманово-4, Дебар-6, Штип-3, Прилеп-6, Тетово-8, Струга-13, Велес-1, Охрид-8, Гостивар-5, Пробиштип-1, Свети Николе-1, Кичево-4 и Ресен-2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 40 оздравени лица од: Скопје-26, Велес-2, Гостивар-3, Кичево-3 и Ресен-6.
Во изминато деноноќие починале 7 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Крушево.
На Клиниката за инфективни болести починале двајца пациенти на возраст од 50 и 70 години.
Во болницата „8 септември“ починале петмина пациенти на возраст од 56, 62, 64, 65 и 82 години.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 7.046, бројката на оздравени пациенти е 3.027, на починати е 341, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.678. Од вчерашните тестирања еден е контролен, а во согласност со новите податоци, статистиката за заразени по градови е следна:
• Скопје 3.394, активни 2.007
• Куманово 797, активни 244
• Дебар 109, активни 57
• Штип 374, активни 161
• Прилеп 282, активни 56
• Тетово 766, активни 392
• Струга 265, активни 167
• Велес 196, активни 43
• Битола 61, активни 22
• Охрид 204, активни 175
• Кавадарци 21, активни 15
• Гостивар 156, активни 93
• Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 17, активни 9
• Крива Паланка 16, активни 10
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 7, активни 3
• Кочани 74, активни 21
• Пробиштип 26, активни 17
• Демир Хисар 2, активни 1
• Македонски Брод 6, активни 4
• Пехчево 6, активни 3
• Берово 3, активни 0
• Валандово 6, активни 2
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 5, активни 2
• Свети Николе 42, активни 37
• Кичево 48, активни 39
• Ресен 122, активни 89
• Неготино 21, активни 6 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Досега во земјата се направени вкупно 67.165 тестирања, а денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 88 пациенти. На кислородна поддршка се 54 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 30 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и 4 деца позитивни и суспектни на вирусот.
Во болницата „8 Септември“ примени се 12 нови, а вкупно хоспитализирани се 123 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 92 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Во согласност со обновените податоци, бројот на активни случаи во скопските општини изгледа вака:
• Аеродром – 159
• Бутел – 173
• Гази Баба – 207
• Центар – 150
• Карпош – 167
• Сарај – 154
• Кисела Вода – 118
• Ѓорче Петров – 116
• Студеничани – 115
• Шуто Оризари – 93
• Арачиново – 51
• Илинден – 33
• Петровец – 16
• Чучер Сандево – 18
• Сопиште – 13
• Зелениково-7
• Странец – 2
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

