Македонија
Регистрирани 115 новозаразени, починаа 3 лица
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.825 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 32, Куманово – 7, Дебар – 8, Штип – 14, Прилеп – 2, Тетово – 10, Велес – 2, Охрид – 3, Гостивар – 11, Гевгелија – 3, Крива Паланка – 3, Кочани – 1, Пробиштип – 1, Берово – 8, Делчево – 3, Свети Николе – 4 и Кичево – 3.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 225 оздравени пациенти од: Скопје – 146, Куманово – 15, Штип – 5, Прилеп – 2, Тетово – 10, Струга – 1, Битола – 10, Охрид – 1, Кавадарци – 3, Гостивар – 10, Струмица – 6, Радовиш – 1, Пробиштип – 3, Демир Хисар – 3, Валандово – 1, Виница – 1, Кичево – 5 и Неготино – 2.
Починати се три лица, двајца пациенти од Скопје на 62 и 68 години и еден пациент од Струга на 68 години, сите во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.308, бројката на оздравени пациенти е 9.977, на починати е 557, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.774.
Денеска се регистрира еден контролен тест од вчера, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 5588, активни 833
• Куманово 1331, активни 294
• Дебар 236, активни 76
• Штип 1092, активни 252
• Прилеп 384, активни 51
• Тетово 1171, активни 160
• Струга 530, активни 136
• Велес 251, активни 29
• Битола 187, активни 52
• Охрид 321, активни 64
• Кавадарци 164, активни 95
• Гостивар 700, активни 298
• Гевгелија 34, активни 16 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 8 на Богданци)
• Струмица 55, активни 20
• Крива Паланка 35, активни 10
• Радовиш 38, активни 9
• Крушево 16, активни 1
• Кочани 130, активни 29
• Пробиштип 73, активни 18
• Демир Хисар 60, активни 30
• Македонски Брод 65, активни 36
• Пехчево 8, активни 2
• Берово 26, активни 17
• Валандово 7, активни 0
• Виница 61, активни 41
• Делчево 23, активни 18 (6 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 16, активни 2
• Свети Николе 269, активни 60
• Кичево 254, активни 113
• Ресен 146, активни 1
• Неготино 37, активни 11 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1825 теста се преку: ИЈЗ-415, ЦЈЗ Скопје – 24, Авицена-216, Биотек – 399, МАНУ – 76, Жан Митрев (Филип Втори) – 320, Систина со PCR-метода -261, Судска медицина – 15, ЦЈЗ Битола – 71, Инфективна клиника – 10, ГАК – 18, лаборатории од странство – 0. Досега во земјата се направени вкупно 134.318 тестирања на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 5 деца позитивни и 1 дете суспектно на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 69 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 19, а во болницата во Штип се хоспитализирани 35 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 123 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 114
• Гази Баба – 103
• Аеродром – 99
• Карпош – 86
• Центар – 83
• Кисела Вода – 81
• Ѓорче Петров – 64
• Бутел – 61
• Шуто Оризари – 42
• Студеничани – 18
• Сарај – 21
• Арачиново – 15
• Илинден – 12
• Сопиште – 9
• Чучер Сандево – 6
• Петровец – 8
• Зелениково – 4
• Странец – 4
• Нераспределен – 3
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре претежно облачно со врнежи од дожд, на повисоките планини снег
Времето утре ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд пообилни во источните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд.
Пообилни врнежи се очекуваат денес, во текот на ноќта и утре (над 25 l/m² за 24 часа). Во четврток на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а во некои од повисоките места ќе бидат од дожд и снег. Од четврток ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Потребен е Национален регистар на дијаспората за да го знаеме точниот број на иселеници
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на јавната расправа за Национална стратегија за соработка со дијаспората, организирана од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, презентирајќи оценка, забелешки и предлози.
За неа, стратегијата е пресвртница во националната политика и сериозен обид за зајакнување на односите со дијаспората. Таа укажа дека за успех на стратешките определби е потребна централизирана интерсекторска координација, како и соодветна финансиска поддршка, како гаранција за одржливост на предвидените мерки и активности.
Претседателката ја посочи успешната стратегија на Црна Гора во соработката со дијаспората, гарантирана со Законот за дијаспора. Во уставната гаранција на грижата за положбата и за правата на нашите иселеници, таа препознава голема предност.
Според неа, нам ни е потребен Национален регистар на дијаспората за да го знаеме точниот број на нашите иселеници, нивниот профил, времетраењето на престојот итн.
Меѓу останатото, таа укажа и на потребата од преиспитување на решенијата од Изборниот законик и овозможување на иселениците да го уживаат нивното уставно загарантирано избирачко право.
Претседателката цврсто верува дека нашата дијаспора може да биде исклучително важен ресурс за македонскиот економски, образовен, научен и културен развој.
Македонија
ДСЗИ нареди вонредно чистење и здравствени прегледи на вработените во училиштето „Димо Хаџи Димов“
Државниот санитарен и здравствен инспекторат освен затворање на кујната во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во Влае како потенцијален извор на зараза, нареди и вонредно чистење и вонредни здравствени прегледи на вработените во училиштето.
Директорот на ДСЗИ, доктор Кирил Лазов, рече дека по добиеното известување од Центарот за јавно здравје за пројавени стомачни тегоби кај ученици од ова училиште, на терен се врши вонреден и координиран инспекциски надзор заедно со АХВ, ИЈЗ и со ЦЈЗ Скопје.
„Согласно своите надлежности, ДСЗИ изврши затворање на кујната како потенцијален извор на зараза и даде решение за забрана, во кое се наложуваат и мерки кои треба да ги преземе операторот, односно вонредно чистење, вонредна дезинфекција, дезинсекција и дератизација од овластена институција и спроведување вонредни здравствено-хигиенски мерки за вработените“, изјави Лазов.
Во врска со неофицијални информации дека можеби водата е причината за стомачните тегоби кај децата, Лазов вели дека за водата не е надлежен ДСЗИ.
Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, рече дека се земени брисеви од раце, нос и грло на вработените во училишната кујна, од работните површини, како и мостри од храна и вода.
Андоновска кажа дека екипата се уште е на терен и дека се работи за анализи кои треба да потраат.
„Она што можам да го кажам е дека е веднаш постапено по сите протоколи. Земени се мостри од буквално сè што ни е во интерес, а тоа се брисеви од луѓето кои работат во кујната, од раце, грло и нос. Земени се брисеви и од работни површини, мостри од храната што ја консумирале децата. На наше инсистирање земавме и од водата. Се работи за анализи кои треба да потраат, не можеме толку брзо да дадеме веднаш одговор за што станува збор, но можам да кажам дека ако треба, ќе се работи цела вечер за да утврдиме за што станува збор“, рече таа.
Андоновска кажа дека имало девет пријави за стомачни тегоби кај деца.

