Македонија
Регистрирани 328 нови случаи на ковид, починаа 4 лица

Во последните 24 часа направени се 2.535 тестови, а регистрирани се 328 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 179, Прилеп – 21, Битола и Кавадарци – по 17, Куманово и Велес – по 10, Охрид и Кичево – по 9, Ресен – 7, Штип – 6, Гостивар, Струга и Радовиш – по 5, Гевгелија и Валандово – по 4, Тетово и Кочани – по 3, Струмица, Неготино и Свети Николе – по 2, Крива Паланка, Дебар, Берово, Виница ,Пробиштип ,Богданци, Кратово и Демир Капија – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (328), регистрирани се 65 реинфекциии.
Регистрирани сe 237 оздравени пациенти од: Скопје – 131, Битола – 14, Прилеп – 13, Кавадарци – 12, Куманово и Велес – по 10, Тетово – 8, Охрид и Кичево – по 5, Ресен, Гевгелија, Кочани, Неготино и Дебар – по 3, Штип, Гостивар, Крива Паланка, Виница и Богданци – по 2, Радовиш, Валандово, Струмица и Кратово – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистриран е едно починато лице: од Кичево (58г), починато во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој термин, дополнително се пријавени 3 починати лица од: Штип (1), Гостивар (1) и Струмица (1). Починатите се пријавени во период од 9.3. до 12.3.2022 година. Пријавените лица се на возраст од 48г до 77г. Од пријавените лица, две се починати во болнички услови и едно лице во домашни услови.
Од вкупно регистрираните починати лица (4), кај 3 лица се регистрирани коморбидитети.
Направени се 2.535 тестови преку: ИЈЗ-330, ЦЈЗ Скопје-99, ЦЈЗ Битола-83, ЦЈЗ Прилеп-49, ЦЈЗ Тетово-0, ЦЈЗ Куманово-49, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–197, Жан Митрев (Филип Втори)-54, Авицена-80, Биотек-82, Систина-38, лабораторија Лаор-85, Синлаб-14, Ремедика-18, Плодност-17, Генеа-8, Никоб Лаб-152, ВФВ Медикал-44, Ели Медика Плус-9, Ројал Медика–16, Спектра-ММ-9, Рапид Лаб–18, Жан Митрев Струмица–5, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.070.
Досега во земјата се направени вкупно 1.928.498 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 302.224, бројот на оздравени пациенти е 291.144, на починати е 9.159, а бројот на активни случаи изнесува 1.921.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 141278, Активни 1034
Куманово 16418, Активни 71
Битола 14491, Активни 128
Прилеп 13820, Активни 136
Тетово 13381, Активни 38
Кавадарци 10303, Активни 71
Велес 9607, Активни 69
Гостивар 9500, Активни 32
Охрид 8609, Активни 72
Струмица 7953, Активни 28
Штип 7945, Активни 20
Кичево 5502, Активни 35
Кочани 5007, Активни 21
Струга 4671, Активни 17
Гевгелија 4311, Активни 22
Неготино 3633, Активни 9
Ресен 2649, Активни 25
Свети Николе 2609, Активни 3
Радовиш 2498, Активни 13
Крива Паланка 2396, Активни 10
Делчево 1902, Активни 2
Дебар 1660, Активни 10
Берово 1635, Активни 4
Валандово 1468, Активни 8
Виница 1366, Активни 13
Пробиштип 1259, Активни 2
Богданци 1009, Активни 4
Кратово 952, Активни 11
Крушево 913, Активни 4
Демир Хисар 821, Активни 5
Македонски Брод 732, Активни 0
Демир Капија 583, Активни 2
Македонска Каменица 521, Активни 2
Пехчево 482, Активни 0
Дојран 340, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) со загриженост ја следи јавната комуникација на Министерството за здравство, во која се упатуваат апели до медиумите кои се ограничувачки по својата содржина и претставуваат обид за воспоставување на лоша институционална пракса во односите со медиумите.
„Како ЗНМ, го осудуваме обидот на Министерството да наметнува практични правила за тоа како медиумите треба да известуваат, особено кога тоа се однесува на чувствителни настани од јавен интерес. Таквите инструкции, иако формално претставени како апели, во суштина се форма на институционален притисок и можна цензура, што е спротивно на основните демократски принципи и правото на слобода на изразување“, велат од ЗНМ.
Потсетуваат дека членот 16 од Уставот гарантира слобода на јавното информирање и забрана на цензурата, а прашањата поврзани со новинарската етика и професионализмот припаѓаат исклучиво на саморегулаторната сфера. За тие прашања постојат Советот за етика во медиумите и Судот на честа при ЗНМ, кои се единствено надлежни да оценуваат евентуални повреди на етичките норми.
„Ги повикуваме новинарите и медиумските работници да продолжат да известуваат со професионализам, етика и чувствителност, особено кога се работи за трагични настани и ранливи групи. Но истовремено, укажуваме дека секој обид за институционално ограничување на пристапот до информации и начинот на известување е неприфатлив и штетен по јавниот интерес“, велат од Здружнието.
ЗНМ останува отворено за дијалог со институциите со цел унапредување на транспарентноста и заемната соработка, но цврсто стои во одбрана на уредувачката независност, медиумската слобода и правото на јавноста да биде информирана – како темелни вредности на секое демократско општество.
Македонија
Евакуација во Психијатриската болница Бардовци, пожарот го зафати дворот

Попладнево избувна пожар во населбата Геге кој се прошири кон населбата Бардовци и зафати дел од површината на дворот на Психијатриската болница Бардовци, обраснат со висока сува трева и дрвја.
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираа дека пожарот претставувал опасност да се прошири во целиот комплекс на болницата. Пациентите и персоналот веднаш биле евакуирани, безбедно изнесени надвор од кругот на болницата.
ЦУК под водство на директорот Мухамед Али, побарал дополнителни сили од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) и координирал со Хеликоптерската единица на Министерството за внатрешни работи (МВР). Првично се разгледувала можноста за пренасочување на воздушната поддршка, која дејствувала во општина Чучер Сандево – Блаце, за да помогне во гаснењето на пожарот во Бардовци.
Во моментот, пожарот е ставен под контрола и нема потреба од дополнителна воздушна поддршка. Хеликоптерот на МВР останува ангажиран кај Блаце, општина Чучер Сандево.
На лице место, заедно со директорот на ЦУК, Мухамед Али, беше и директорот на болницата, Иса Абдулаи, кои ја координираа целата акција.
Македонија
Хеликоптер го гасне пожарот кај Блаце

Хеликоптер на Министерството за внатрешни работи е веќе вклучен во акцијата за гаснење на пожарот кој избувна над магистралниот пат Скопје – Граничен премин Блаце.
Пожарот избил на потегот пред тунелот, од десната страна на коловозот. Зафатил тежок и непристапен терен, па по дојава на бројот за итни случаи 112, Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш побарал воздухопловна поддршка. Хеликоптерската единица бргу се активирала, а акцијата на терен се координира заедно со припадници на противпожарните служби и други надлежни институции.