Македонија
Регистрирани 350 нови случаи и 20 починати од коронавирус

Во последните 24 часа се направени 2.291 тестирања, а регистрирани се 350 нови случаи на Ковид-19 во:
Скопје – 180, Кавадарци – 24, Велес – 19, Куманово – 14, Тетово – 14, Гевгелија – 12, Охрид – 8, Гостивар, Струмица и Делчево – по 7, Прилеп, Струга, Кочани, Неготино и Радовиш – по 6, Штип и Демир Капија – по 5, Свети Николе и Крива Паланка – по 3, Битола, Берово и Демир Хисар – по 2, Кичево, Дебар, Ресен, Пробиштип, Виница и Кратово – по 1
Регистрирани се 266 оздравени пациенти од: Скопје – 152, Кавадарци – 17, Куманово – 12, Велес – 11, Ресен – 8, Неготино и Штип – по 7, Прилеп – 6, Струмица и Кичево – по 5, Тетово и Кочани – по 4, Гевгелија, Битола, Берово и Кратово – по 3, Гостивар, Демир Капија, Дебар, Пробиштип, Виница и Богданци – по 2, Делчево, Крива Паланка, Македонски Брод и Пехчево – по 1.
Пријавени се вкупно 20 починати лица од кои 14 од „Жан Митрев клиника“ за пациенти кои починале во периодот од 04.01-30.01.2021. Шест лица се починати во текот на вчерашниот ден.
Починати се 12 пациенти од Скопје (59,61,62,62,66,66,68,71,74,75,80,83г), два од Струга (69,76г) и по еден од Виница (63г), Струмица (67г), Кавадарци (35г), Крушево (69г), Пробиштип (73г) и Радовиш (56г).
Сите пациенти се починати во болнички услови.
Направените 2291 теста се преку: ИЈЗ – 485, ЦЈЗ Скопје – 67, Авицена – 210, Биотек – 220, Жан Митрев (Филип Втори) – 115, Систина – 187, лабораторија Лаор – 101, МАНУ – 127, Судска медицина – 3, ЦЈЗ Битола- 24, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 5, ГАК – 0, Синлаб – 66, Ремедика – 17, лабораторија болница Козле-24, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 632, УК Пулмологија со алергологија–4, ГОБ 8-ми Септември-4, лаборатории од странство-0.
Досега во земјата се направени вкупно 461.850 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 93.510, бројката на оздравени пациенти е 82.786, на починати е 2.893, а бројот на активни случаи изнесува 7.831. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 40817, активни 3972
• Куманово 5.233, активни 343
• Тетово 5.147, активни 311
• Прилеп 4.581, активни 142
• Гостивар 3.636, активни 196
• Штип 3.513, активни 104
• Битола 3.237, активни 141
• Велес 3.148, активни 282
• Охрид 2.848, активни 397
• Кавадарци 2.671, активни 363
• Струмица 2.547, активни 245
• Струга 2.238, активни 180
• Кочани 1.734, активни 66
• Кичево 1.724, активни 119
• Свети Николе 1.084, активни 36
• Гевгелија 1011, активни 109
• Неготино 976, активни 85
• Дебар 768, активни 90
• Ресен 744, активни 90
• Крива Паланка 731, активни 37
• Радовиш 718, активни 51
• Делчево 642, активни 200
• Берово 597, активни 36
• Пробиштип 508, активни 26
• Виница 493, активни 27
• Валандово 325, активни 9
• Македонски Брод 246, активни 11
• Демир Хисар 247, активни 7
• Кратово 233, активни 24
• Богданци 225, активни 18
• Крушево 212, активни 29
• Демир Капија 219, активни 49
• Македонска Каменица 190, активни 29
• Пехчево 183, активни 9
• Дојран 84, активни 6
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сопругата на Пендаровски се вакцинира против коронавирус

Сопругата на претседателот,Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска, се вакцинира против коронавирусот.
Таа објави фотографија на „Фејсбук“.
„Детска и превентивна стоматологија – вакцинирани!“, напиша Ѓоргиевска.
Македонија
Марш за женските права – „Држава што не постапува е држава што силува“

Активистки и активисти, денеска, по повод Меѓународниот ден на жената, се собраа пред Министерството за внатрешни работи (МВР) и го почнаа петтиот марш за женските права, организиран од Платформата за родова еднаквост и активистките за женски права.
Скандирајќи „Држава што не постапува е држава што силува“, активистките изразија поддршка на сите жртви на родово базирано насилство и потсетија дека нема да застанат сè додека институциите не се вклучат активно во разрешување на случаите и санкционирање на виновниците одговорни за родово базирано насилство.
„Виновни се за соучество во злосторство сите што имаат моќ, одговорност и ресурси да обезбедат достоинство, правда, безбедност и заштита на личната сигурност и животот на жените и девојките, а не го прават тоа; сите што се овластени да ги откриваат, спречат, гонат и затворат насилниците, а не го прават тоа; сите што се должни и платени да обезбедат услуги и поддршка на жртвите да ја преземат контролата врз сопствените животи, а не го прават тоа; сите што помогнале во опстојување на криминалот и предизвикале штета, свесно или несвесно, со сторување или несторување, а не смееле да го прават тоа“, изјави Марија Савовска од „Акција здруженска“ и Платформата за родова еднаквост, во говорот што го означи почетокот на маршот.
Таа нагласи дека е неопходно да се обезбедат поврзани институции, јасни правила и професионалци на кои ќе им поверуваме дека ќе му стават крај на насилството врз жените и родово базираното насилство, како и навремени, квалитетни услуги и поддршка за жените и девојките жртви на насилство.
Од Платформата за родова еднаквост побараа неодложно постапување од МВР и Јавното обвинителство по сите конкретни барања, кои и овој пат ги повторија: Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба“, кој претставува кривично дело во кое огромен број жени се жртви на родово засновано насилство, кривичен прогон на администраторите на групите, како и сите членови што праќале и сѐ уште праќаат фотографии и објавуваат лични податоци на девојки и жени, сексуалното вознемирување преку интернет, особено да се регулира и во Кривичниот законик, и професионално постапување, помош и поддршка на жртвите на родово засновано насилство од страна на сите надлежни институции.
„Тука сме, ве следиме и нема да ве оставиме раат“, заврши Савовска.
По обраќањето на активистките, присутните продолжија по рутата до Паркот на жената борец, каде што со завршни обраќања и краток перформанс за подигање на свеста за родово базираното насилство беше означен крајот на годинешниот марш за женски права.
Маршот е кулминација на неколкунеделните реакции на Платформата за родова еднаквост во насока на бавната реакција на институциите во поглед на случаите на родово базирано насилство за што им дадоа рок на институциите да реагираат до 8 март.
Платформата за родова еднаквост е независна и неформална мрежа на македонски граѓански организации за женски права составена од 24 организации и мрежи што здружено дејствуваат во насока на унапредување на родовата еднаквост во Македонија.
Македонија
Османи во Рим на средба со секретарот за односи со државите на Ватикан

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во Рим се сретна со секретарот за односи со државите на Светата столица, монсињор Пол Ричард Галагер.
Од МНР соопштија дека централно место во разговорите била перспективата на меѓусебните релации и поактивната улога на нашата земја во промовирањето на меѓурелигискиот дијалог и почитувањето на верските слободи. Соговорниците се согласиле дека историското апостолско патување на папата Франциско во Република Северна Македонија во мај 2019 година донело нова димензија во речиси тридецениските односи исполнети со пријателство и заемна почит.
„Сите дипломатски напори и висок приоритет на нашата надворешна политика се насочени кон унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка во функција на обезбедување европска перспектива како за Северна Македонија така и за целиот регион. Темелите на нашето уредување, како мултиетничко и мултиконфесионално општество, претставуваат вредносен модел кој е дел од системот на вредност на западната цивилизација“, рекол Османи, при што биле поздравени нашите напори и била споделена надеж дека интеграцијата на Северна Македонија ќе се развие на начин што ќе биде од полза за целиот Западен Балкан.
Биле разгледани и можностите за интензивирање на секторската соработка меѓу двете земји, пред сè, во сферата на културата, заштитата на културно-историското наследство, образованието и здравството.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија4 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“