Македонија
Регистрирани 526 нови случаи на коронавирус, починаа 28 лица
Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.632 тестирања, а регистрирани се 526 нови случаи на Ковид-19:
Скопје – 245, Куманово – 43, Велес – 22, Прилеп и Охрид – по 19, Штип – 18, Кавадарци – 17, Струмица – 16, Крива Паланка – 15, Битола – 12, Тетово – 11, Гостивар и Кочани – по 10, Кичево и Гевгелија – по 9, Свети Николе – 8, Виница и Валандово – по 6, Струга и Ресен – по 5, Кратово – 4, Радовиш, Берово и Пробиштип – по 3, Делчево и Демир Хисар – по 2, Неготино, Дебар, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1.
Регистрирани сe 830 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 250, Струга – 186, Охрид – 103, Струмица – 91, Куманово – 28, Тетово – 22, Кичево – 18, Кавадарци – 17, Велес, Штип и Битола – по 12, Кочани – 10, Прилеп и Гостивар – по 9, Гевгелија, Свети Николе, Валандово и Берово – по 6, Кратово и Дебар – по 5, Ресен, Радовиш, Пробиштип, Делчево, Неготино, Македонска Каменица и Пехчево – по 2, Крива Паланка, Виница и Богданци – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа починале 14 лица: 9 од Скопје (83, 83, 77, 76, 74, 63, 57, 51 и 42), 2 од Куманово (63 и 60) и по едно починато лице од Велес (75), Кратово (42) и Кичево (42).
Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се уште 14 лица со датум на смрт во период од 2.9.2021 до 17.9.2021 година. Овие починати лица се: 4 од Скопје, 2 од Струмица и по едно починато лице од Берово, Кочани, Гостивар, Радовиш, Куманово, Тетово, Охрид и од Гевгелија. Починатите се на возраст од 37 до 92 години, од кои 7 лица починале во болнички услови, а другите 7 се починати во домашни услови.
Направени се 3.632 теста преку: ИЈЗ – 262, ЦЈЗ Скопје – 97, ЦЈЗ Битола – 59, ЦЈЗ Прилеп – 43, ЦЈЗ Тетово – 74, ЦЈЗ Куманово – 64, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 1, лабораторија во болницата во Козле – 19, УК Пулмологија со алергологија – 14, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија – 179, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 94, „Авицена“ – 191, „Биотек“ – 253, „Систина“ – 58, лабораторија „Лаор“ – 128, „Синлаб“ – 22, „Ремедика“ – 23, „Плодност“ – 51, „Генеа“ – 5, „Никоб лаб“ – 388, „ВФВ медикал“ – 42, „Ели медика“ – 64, „Ројал медика“ – 10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.491.
Досега во земјата се направени вкупно 1.265.512 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 188.635 бројката на оздравени пациенти е 169.946, на починати е 6.539, а бројот на активни случаи изнесува 12.150.
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 81.913, Активни 5.696
Куманово 11.158, Активни 931
Тетово 10.778, Активни 959
Прилеп 8.963, Активни 295
Гостивар 7.942, Активни 507
Битола 6.989, Активни 257
Велес 6.098, Активни 305
Охрид 5.863, Активни 474
Кавадарци 5.794, Активни 212
Струмица 5.643, Активни 323
Штип 5.611, Активни 242
Кичево 3.903, Активни 412
Струга 3.768, Активни 359
Кочани 3.168, Активни 132
Гевгелија 2.376, Активни 80
Неготино 2.301, Активни 43
Свети Николе 1.846, Активни 111
Ресен 1.523, Активни 108
Радовиш 1.492, Активни 112
Дебар 1.445, Активни 123
Крива Паланка 1.379, Активни 74
Берово 1.203, Активни 33
Делчево 1.113, Активни 67
Виница 1.017, Активни 52
Пробиштип 903, Активни 44
Валандово 800, Активни 34
Богданци 544, Активни 16
Кратово 541, Активни 51
Крушево 518, Активни 15
Македонски Брод 463, Активни 32
Демир Хисар 430, Активни 20
Демир Капија 407, Активни 5
Пехчево 310, Активни 6
Македонска Каменица 294, Активни 19
Дојран 139, Активен 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

