Македонија
Регистрирани 674 нови случаи на коронавирус, починаа 27 лица
Во последните 24 часа се направени 4.618 тестирањe, а регистрирани се 674 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 253, Тетово – 105, Гостивар – 44, Куманово – 36, Струмица – 32, Кичево – 26, Прилеп – 24, Дебар – 19, Битола – 18, Штип – 16, Свети Николе – 14, Струга – 13, Велес ,Кавадарци и Охрид – по 12, Ресен – 7, Кочани, Гевгелија и Кратово – по 5, Виница – 4, Неготино – 3, Берово и Пехчево – по 2, Крива Паланка,Радовиш, Валандово, Богданци и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани сe 403 оздравени пациенти од:Скопје – 108, Гостивар -103, Куманово -31, Кичево и Дебар – по 20, Струмица и Кавадарци – по 15, Прилеп и Штип – по 12, Битола – 9, Тетово – 8, Свети Николе – 7, Кочани ,Берово и Валандово – по 6, Велес ,Гевгелија и Кратово – по 5, Ресен и Пехчево – по 3, Македонски Брод – 2, Делчево и Пробиштип – по 1.
Пријавени се 27 починати лица: 7 починати лица од Тетово ( 49г, 69г, 71г, 74г, 74г, 81г и 89г), 6 починати лица од Гостивар ( 37г, 65г, 71г,72г,74г и 76г), 5 починати лица од Скопје ( 49г, 60г, 68г, 78г и 87г),по 2 починати лица од Дебар(49г и 61г) , Свети Николе (58г и 73г) и Струга(36г и 77г), и по едно починато лице од Куманово (63г), Струмица (56г) и Велес (69г) .
Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Направени се 4.618 тестови преку: ИЈЗ-208, ЦЈЗ Скопје-29, ЦЈЗ Битола-85, ЦЈЗ Прилеп-84, ЦЈЗ Тетово–176, ЦЈЗ Куманово –52, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–150, Жан Митрев (Филип Втори)-180, Авицена-293, Биотек-133, Систина-118, лабораторија Лаор-416, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–104, Генеа -8, Никоб лаб-555, ВФВ Медикал-79, Ели Медика-64, Ројал Медика –52, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.894.
Досега во земјата се направени вкупно 1.149.699 тестирање на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 175.330, бројката на оздравени пациенти е 155.101, на починати е 5.869, а бројот на активни случаи изнесува 14.360.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 75486, Активни 5348
Куманово 10147, Активни 898
Прилеп 8626, Активни 244
Тетово 10202, Активни 2130
Битола 6685, Активни 263
Велес 5743, Активни 218
Гостивар 7548, Активни 1330
Кавадарци 5431, Активни 194
Охрид 5490, Активни 420
Штип 5228, Активни 191
Струмица 5117, Активни 714
Струга 3542, Активни 517
Кочани 2976, Активни 124
Кичево 3544, Активни 642
Гевгелија 2288, Активни 81
Неготино 2231, Активни 42
Свети Николе 1668, Активни 111
Ресен 1387, Активни 122
Крива Паланка 1265, Активни 30
Радовиш 1317, Активни 112
Берово 1118, Активни 32
Делчево 1034, Активни 49
Дебар 1312, Активни 229
Виница 951, Активни 41
Пробиштип 833, Активни 42
Валандово 738, Активни 37
Богданци 522, Активни 28
Крушево 513, Активни 23
Демир Хисар 411, Активни 11
Демир Капија 401, Активни 3
Кратово 451, Активни 57
Македонски Брод 432, Активни 56
Пехчево 293, Активни 5
Македонска Каменица 265, Активни 15
Дојран 135, Активни 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре променливо облачно време со температура до 17 степени
Утре претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, информира УХМР.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
(Видео) Филипче по обраќањето на Руте: Членството во НАТО е трајна придобивка од политиките на СДСМ
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по обраќањето на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Собранието изјави дека членството во Алијансата е резултат на „стратешките, визионерските и државничките политики“ на Социјалдемократскиот сојуз во изминатите повеќе децении.
„Тој пат не беше лесен, меѓутоа сега конечно можеме да се чувствуваме безбедни, со загарантирани граници, благодарение на тоа што сме дел од најголемиот безбедносен сојуз во светот“, рече Филипче.
Тој оцени дека во услови на војни и нови жаришта во светот, особено поради, како што посочи, агресијата на Русија врз Украина, членството во НАТО претставува трајна придобивка за државата.
Осврнувајќи се на говорот на Руте, Филипче рече дека генералниот секретар имал одличен говор и упатил јасни пораки до Владата, посочувајќи дека Русија е агресор во Украина и дека прави сојуз со Кина и Северна Кореја.
Притоа, Филипче упати критики кон актуелната Влада, наведувајќи дека има вицепремиер кој, како што рече, отворено негува врски со Русија, споменувајќи го вицепремиерот Стоиљковиќ. Тој додаде дека вториот човек во Владата се среќава со ‘Ноќните волци’, кои се во директна комуникација со рускиот претседател Владимир Путин.
Филипче посочи и на заемот од една милијарда евра од Унгарија, наведувајќи дека, според извештаи на европските институции, станува збор за кинеско финансирање.
Македонија
Руте ја поздрави посветеноста на Македонија во зголемувањето на процентот за безбедност и напорите за помош на Украина
Во рамките на официјалната посета на Република Северна Македонија, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, оствари средба со претседателот на Собранието, Африм Гаши, на која присуствуваа: координаторите и заменик-координаторите Никола Мицевски, Јованка Тренчевска, Беким Ќоку, Рина Ајдари и Бобан Карапејовски; шефот на собраниската делегација во ПС НАТО, Драган Ковачки и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, соопшти прес-службата на законодавниот дом.
Гаши, посакувајќи му добредојде, го запозна гостинот со актуелната состојба во земјава, во светло на актуелните геополитички тензии на Блискиот Исток и војната во Украина. Ја предочи посветената политика на Македонија како кредибилен сојузник кој како и досега ефективно ќе придонесува за обезбедување на регионалниот и глобалниот мир и безбедност. Во време на зголемена глобална неизвесност, претседателот Гаши ја нагласи важноста на блиските односи, одржливиот политички дијалог и заедничката посветеност на меѓународното право и колективната безбедност. Притоа, тој предочи дека членството на земјава во ЕУ не е само како институционално прашање на зачленување. Истакна дека во светло на тековните нестабилности, прашањето на европската интеграција на регионот на Западен Балкан сè повеќе станува и прашање поврзано со европската безбедност.

Генералниот секретар Руте се заблагодари на топлото гостопримство и ја поздрави посветеноста на земјава во зголемувањето на процентот за национална и колективна безбедност, со што се манифестира нејзината способност да ги прифати обврските од членството во НАТО. Ги поздрави напорите што Република Северна Македонија ги вложи во обезбедување соодветна помош за Украина, со што заедно со останатите сојузници покажа висок степен на солидарност. Во тој контекст соговорниците споделија заеднички оценки за одржување на конзистентни позиции и целосно усогласување со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ (ЗНБП), заедничките одбранбени иницијативи на Европската Унија и силна поддршка на Украина.
Руте ја поздрави посветеноста на нашата земја како земја членка на НАТО во фрагилен регион каде не се сите држави членки на НАТО или имаат различен степен на партнерство со Алијансата, во промовирање на атмосфера и политика на регионална стабилност и висок степен на учество во мировните мисии на НАТО. Ја нагласи важноста на вокалноста на парламентите и парламентарците како незаменлив демократски инструмент за поддршка на државните приоритети, особено во сферата на јакнењето на одбранбените капацитети на армијата и јакнење на безбедноста, согласно проектираните визии на Алијансата.
На посебна седница, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте имаше и свое обраќање пред пратениците на Собранието.

