Македонија
Регулаторната комисија за енергетика се жали на постојани притисоци од Христијан Mицкоски
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ) ја информира јавноста дека ќе ги извести сите соодветни меѓународни институции, меѓу кои и Енергетската заедница, за, како што велат од таму, континуираните притисоци со кои се соочува во последниот период од страна на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Со оглед на фактот дека ова поведение на г-динот Мицкоски се повторува преку фокусирани и манипулативни секојдневни изјави и етикетирање на работата на стручните високопрофесионални служби во РКЕ под водство на Марко Бислимоски, приморани сме поради заштита на интегритетот и угледот за оваа состојба да ги информираме меѓународните институции“, се наведува соопштението.
Од Регулаторната комисија воедно потсетуваат дека поради професионалноста и стручноста трета година по ред се рангирани за број еден регулатор во регионот од страна на Енергетска заедница.
Мицкоски вчера обвини дека се врши грабеж на граѓаните со одлуката што во вторникот ја донесе РКЕ за зголемување на цените на нафтата и на бензините.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека ако се споредат одлуките на РКЕ од 3 август и од 26 јули, ќе се заклучи дека акцизата за дизел-горивото е зголемена од 15,5 на 17,5 денари за литар, на што се додава и 18 проценти ДДВ.
Од РКЕ ваквите изјави ги оценија како манипулативни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Врнежи од слаб снег на неколку патни правци, патот кон село Герман е блокиран од паднато дрво
Од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар. Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино, извести АМСМ.
Патот кон село Герман е блокиран кај село Станча, од паднато дрво и не е прооден.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во Крива Паланка – г.п Деве Баир, г.п Делчево, Страцин, и на Пониква, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообракајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино.
„Особено ми е драго што иницијативата што ја започнавме пред завршувањето на мојот мандат како градоначалник на Кисела Вода, денес прерасна во реалност. Овој проект беше визија за враќање на културниот живот таму каде што му е местото, меѓу мојот народ. Од денес, таа визија живее“, вели градоначалникот.
„Киното ќе функционира во рамки на Домот на културата во Драчево, простор кој повторно ќе стане собиралиште на уметноста, емоцијата и заедничките доживувања.
Покрај Кисела Вода, сега и драчевчани ќе бидат дел од КИНОВЕРЗУМ и ќе имаат можност да уживаат во најновите филмски достигнувања и најголемите светски хитови, блиску до својот дом.
Филмското искуство повеќе нема да значи патување километри далеку, туку тука – дома. Културата повторно пулсира во Драчево“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата Христо Смирненски од бр. 19 до крајот на улицата кон булеварот Партизански Одреди, општина Центар;
· од 08:30 до 14:00 часот, Индустриските објекти на булеварот Босна и Херцеговина, (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ), општина Бутел;
· од 08:40 до 09:40 часот, корисниците од дел од улицата Козле, општина Карпош.

