Контакт

Македонија

Реконструкција на улицата Васил Ѓоргов во Капиштец

Објавено пред

Екипите на Град Скопје од денеска ја реконструираат улицата Васил Ѓоргов во Капиштец, на потегот од крстосницата со улицата Франклин Рузвелт до булеварот Мајка Тереза (улицата Водњанска).

На овој потег ќе се изврши целосна реконструкција на коловозот во должина од 1.000 метри, обнова на оштетените делови од тротоарите, замена на оштетените рабници, како и корекција на крстосницата со улицата Франклин Рузвелт.

Улицата Васил Ѓоргов е 13-та реконструкција што ја почнува Град Скопје во оваа градежна сезона, а некои од сообраќајниците што веќе се реконструираат влегуваат во финалната фаза.

„Сакам да им се заблагодарам на граѓаните на Скопје за разбирањето зашто ова што го прави Град Скопје на крајот на летото и на почетокот на есента е од вистински интерес токму на граѓаните. Метежот ќе заврши, а потоа, за неполн месец, на сите локации каде што работиме, ќе добиеме целосно обновена или нова инфраструктура. Скопје нема алтернатива, освен да ја подобри инфраструктурата зашто безбедноста во сообраќајот, а особено безбедноста на пешаците и на велосипедистите, е примарна за секој од нас“, рече денеска градоначалникот Петре Шилегов.

За реконструкција на улицата Васил Ѓоргов ќе се вложат околу 20 милиони денари со вклучен ДДВ, а градежните работи треба да завршат во рок од 45 дена.

Македонија

Петровска се пожали на нерегуларности, но очекува голем број на советници во Скопје

Објавено пред

Независната кандидатка за градоначалничка, Ана Петровска, изрази незадоволство од спроведувањето на локалните избори. Таа потенцираше дека тоа го констатирале набљудувачите.

Сепак, нагласи дека процесот за трансформација на Скопје во зелен хуман град е започнат. Таа вели дека премногу е рано за да се зборува за резултати: „Она што пристигнува до нас, од нашите набљудувачи имаме убава застапеност во смисла на процент на освоени гласови, што ќе значи голем број советници во Град Скопје. Но да почекаме до официјалните резултати“.

„Сакам да го изразам своето незадоволство од начинот како се организирани и спроведени локалните избори. Од наши набљудувачи од терен добиваме информации за бројни нерегуларности, импровизации и несоодветно толкување на Изборниот законик“, рече Петровска.

Драгана Велковска, носителка на советничката листа од „Зелен хуман град“ за Град Скопје вели дека тие се револтирани од како што рече, непрофесионалноста во спроведувањето на изборите. Таа смета дека нерегуларностите кои ги посочи можат да влијаат врз легитимноста на конечните резултати, па најавија и приговори, но и кривични пријави.

„Зелен хуман град имаше свои овластени претставници во три скопски општини – Аеродром, Центар и Карпош. Во соработка со другите независни листи имавме информации од други општини од терен. Најпрвин на избирачкото место 2600 во Карпош на наш претставник му беше забрането да присуствува во избирачкото место иако имаше официјално извстување од нас, па бевме принудени да носиме нов документ со печат и потпис за да биде присутен барем при броење на гласовите. Тој претставник има пријавено дека при броење на гласовите имало и оптор кај избирачкиот одбор и на овластените претставници не им беше овозможено веднаш да ги гледаат избирачките ливчиња како што е уредено со Изборниот законик. Забележавме пропусти на местото 2727, каде имаше неколкукратно прекинување на изборниот процес поради проблеми со апаратите за отпечаток. Тоа значеше дека граѓани беа враќани односно си заминуваа поради тоа што чекаа. Најупорните се враќаа по трипати, но ова беше класична опструкција и оневозможување на правото на гласачите. Околу 50 отсто од уредите за отпечаток не работеа, па се користеа останатите опции. Тие опции одземаа повеќе од 10 минути по гласач и тоа значи дека луѓето беа принудени да си заминат бидејќи многу чекаа или имаше непријатни ситуации. Забележавме и семејни гласања, гласања со придружба, помош при гласање од член на избирачки одбор што е спротивно на законикот. На избирачкото место 2722 се случило и од член на избирачкиот одбор да даде по грешка две исти ливчиња за градоначалник на Град Скопје, при што гласач гласал и двете ги ставил во кутија“, рече Драгана Велковска, носителка на листата од „Зелен хуман град“.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ очекува победа во Крушево, Ресен и Струмица

Објавено пред

СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ брифираат дека на локалните избори предност пред ВМРО-ДПМНЕ имаат во Валандово, Дојран, Крива Паланка и во Лозово.

Од скопските општини, како што брифираат од партијата, водство имаат во општина Бутел.

Коалицијата очекува во првиот круг од изборите победа да извојува во Крушево, Ресен и во Струмица.

Во Струга пак, водство има кандидатот на ДУИ, но најверојатно вториот круг во оваа општина ќе биде одлучувачки.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ објави за водство во пет скопски општини и победи на неколку места

Објавено пред

Аналитичкиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ најави победа во поголемите скопски општини и неколку големи градови.

Оттаму брифираат дека според првичните информации, предност веќе имаат кандидатите во Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба, Ѓорче Петров и во Бутел.

Според брифингот на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалници веќе во првиот круг имаат во Јагуновце, Могила, Градско, Сопиште, Петровец. Ова се првични и неофицијални инфорамции.

Државната изборна комисија засега нема објавено резултати и број на преброени гласови.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

СДСМ очекува победа во Крушево, Ресен и Струмица

СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ брифираат дека на локалните избори предност пред ВМРО-ДПМНЕ имаат во Валандово, Дојран, Крива...

Македонија34 минути

ВМРО-ДПМНЕ објави за водство во пет скопски општини и победи на неколку места

Аналитичкиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ најави победа во поголемите скопски општини и неколку големи градови. Оттаму брифираат дека според првичните информации,...

Македонија58 минути

Мицкоски: Победа и голема одговорност

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по завршување на изборниот ден, посочи дека победиле а со тоа доаѓа и одговорноста. Тој...

Македонија1 час

Николовски: СДСМ и коалицијата ќе забележат уште една сигурна победа

Љупчо Николовски, генерален секретар и шеф на централниот изборен штаб на СДСМ изјави дека во нивниот аналитички компјутерски центар веќе...

Македонија1 час

Спасовски: Изборниот ден помина со незначителен број на неправилности

Изборниот ден помина со незначителен број на неправилности, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој оцени дека првиот изборен...

Македонија2 часа

ЗНМ го осуди односот на Даштевски кон новинарите

Здружението на новинарите регира на односот на претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, кон новинарите во текот на попладневната...

Македонија3 часа

Членови на избирачки одбори самите си одлучиле да не ги користат биометриските уреди

Државната изборна комисија добила информации дека на повеќе избирачки места членовите на избирачките одбори на своја рака престанале да ги...

Македонија4 часа

До 17 часот гласале 41,38 отсто од избирачите

До 17 часот вкупно гласале 41,38 отсто од гласачите во земјава или 547.048 граѓани, покажуваат податоците од Државната изборна комисија....

Македонија4 часа

Прекини во гласањето во неколку изборни места

Во СВР Скопје било пријавено дека на гласачко место бр.2683/1 – основно училиште „Блаже Коневски“ е прекинато гласањето во 13,56...

Македонија6 часа

329 новозаболени од Ковид-19, починале 18 луѓе

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.045 тестирања,...

Македонија7 часа

Даштевски со допис дозволи да гласаат повеќемина, за да се намали метежот

За да се намали метежот кој се создава во ходниците на избирачките места, претседателот на Државната изборна комисија со допис...

Свет7 часа

Почна трката по молнупиравир – осум земји веќе потпишале договор за купување на лекот

Азиските земји побрзаа да го нарачаат најновиот потенцијален лек против Ковид-19, кој е во форма на таблети, иако се уште...

Македонија8 часа

(Видео) Ангеловски: Изборниот процес се одвива мирно

До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое,...

Македонија9 часа

Проблеми со уредите за отпечаток на повеќе избирачки места, ДИК апелира гласачите да притиснат повеќе

На дел од избирачките места утрово гласањето било прекинато поради проблеми со уредите за биометриска идентификација на гласачите. Портпаролката на...

Македонија9 часа

Член на политичка партија пријавил дека осудени криминалци добиле оружје за попречување на изборите

Член на политичка партија пријавил во американската амбасада дека 83 осудени криминалци добиле оружје за попречување на изборите, соопшти Јавното...

Свет11 час

Повеќе од 1.000 починати од коронавирус во Русија за 24 часа

Русија регистрираше повеќе од 1.000 смртни случаи од коронавирус за 24 часа, првпат од почетокот на пандемијата. Дневниот број на...

Свет12 часа

(Видео) Руските актерка и режисер кои снимаа филм во вселената се вратија на Земјата

Руските актерка и режисер кои поминаа 12 дена на Меѓународната вселенска станица (ИСС) за да го снимат првиот филм во...

Македонија13 часа

Локални избори во Македонија, првпат се гласа со апарати за отпечаток од прст

Во Македонија се одржуваат седми локални избори од независноста на државата, а за првпат се користат апарати за отпечаток од...

Македонија1 ден

Од коронавирус почина 22-годишен пациент од Битола

Дваесет и двегодишен пациент од Битола е еден од починатите од коронавирус во изминатите 24 часа. Од Министерството за здравство...

Македонија1 ден

3.000 денари за глас на изборите – фатен поткупувач во Делчево

На разговор во полицијата е повикан 35-годишник од Делчево со иницијали Н.С. кој се сомничи дека дал 3.000 денари во...

Досие